Мајки, што да правам како да постапам... За 4 дена бебчо е 5 месеци. Од кога е роден само на грб спие, од 3 месеци има усовршено вртење на стомак, арно ама веќе некое време сака да спие така. Значи сам се врти у спиење, сто пати го враќм, заспивам се будам тој пак на стомак. Ненаспана сум, му дежурам,сон не ме фаќа. Педијатар ми вика ако сам се врти значи може и да го оставам. Јас спијам а уствари не спијам... Што да правам? Да напоменам има обиди за вртење од стомак на грб ама уште не знае сам.
Пишував и јас за ова во темава и од мое искуство - ништо не можеш да направиш. Како ќе расте уште попокретен ќе биде и нема запирање. Мојата сега воопшто не спие на грб. Беше на страна цело време ама сега на стомак е претежно. Ја враќав, ја пустев, што све не правев ама џабе. Ама се опуштив веќе и си спијам зошто сфатив дека апсолутно може да се извади од секаква ситуација, врти глава, се врти секако и се мести како и одговара. Педијатар ми кажа исто, да си ја оставам ако она сама се мести. Ама и кога пробував да не ја оставам испадна нема друго решение. Дури и да не спиеме цела ноќ - врти, сврти сигурно нема да правиме.
Девојки, со што ги покривавте бебенцата уште од почеток? Кебенце/прекривка или да земам вреќичка уште од одма?
Јас со ќебенце до половина, рачињата слободни секако, ама секогаш го наоѓам откриен, па се навикнувам полека но сигурно дека и ова ќе спие откриено исто ко поголемиот ☺️
Вреќичка земете и нема да се открива има тенки во бебе хоме ако мислите дека им е топло. Без вреќичка се одбиваше од чаршавот и го наоѓав упикан во оградите или скроз извртен со ноџињата надвор низ ограда. Со вреќичка немам таков проблем не може многу да се движи низ кревет И накај 3ти месец денски го покрив со тенко ќебе се разбудил и си го префрлил низ глава среќа па денски беше го видов ноќе ми е страв дека ќе го префрли. Го фаќа и си го тегне
Не ми е толку за откривање, туку од безбедносен аспект да не се покрие врз глава. Евентуално заглавување на кебенцето во страните на креветчето..
Скроз се согласувам. Јас сум за од одма да е со вреќичка - најбезбедни се, широки се доле, ќе си има простор и да мрда со нозете и да и/му се свиткани и раширени за да си спие во положба која треба.. а вас мирна глава.
Да, тоа ми е мислата, да не се покрие, кебенца секако имаме за покривање во количка, низ дома денски ама мислам дека дефинитивно вреќичка ќе земам за навечер. Фала ти.
Пробав со заглавување еднаш, вреќичката се сушеше... Успеала да се изврти во дијагонала и да пикне глава под ќебе. Почна да цивка, ја мислев цице бара. Нозете ми се пресекоа кога видов.
Најголемиот страв ми е тоа да ти кажам, мислиш мали се нема шанси да направат такво нешто ама ете не се. 2 вреќички на список за кога се суши едната да не му ја мислам, фала на споделено искуство.
Јас мојата ја најдов со кебе врз главата и цивкаше тешко дишаше не можеше да си го тргне. Јас бев до вц на 2 мин и кога ја видов нозе ми се пресекоа. Преку ден беше тоа инаку ноќе во врекичка спие. Кебето или го пика во уста или врз глава
Гледам дека поопширно се зборува на темава за безбедност на бебето, па сакам да прашам, дали знаете кои средства за бришење на под се безбедни за бебе кое лази? Негде прочитав со вода само или со вода и оцет, ама некако не се чисти убаво...
Ne ne oatava vlaga odmase susi kako so dzoger da sum pominala. Podot mi e laminat do sega e ok nema problemi. Njaoreporaclivo e za plocki znam, sepak ne go koristam sekoj den ili nekolku pati vo denot.
Баш пред две вечери го гледав сајтот на топшоп во потрага по чистач на пареа. Дали зборувате за овој од сликата @Jana06, @kukla21 ?
постар модел имам, ама ваљда тоа е тоа. Јас сега чистам со слипи ковид марамиците. Вика Анти бактеријал, Анти вирал..