Баш тој. Ако го купуваш ставај строго дестилирана вода. Јас не чистам секој ден, гледам да не биде стерилно нонстоп.
Не знам колку е паметно али ради мачето по дома чистам со разреден алкохол ламинат/плочки тоа ми се гледа како по океј варијанта одколку било кое друго средство.
Јас чистам со фрош универзално средство, едно капаче разредувам со вода. Чат пат со разреден алкохол, ама малата е во друга соба и одма луфтирам
Вчера разговарав со госпожа од топшоп ми вика ја би ти го препорачала новиот модел (секако поскап). Ми кажа дека делот за теписи и мебел кај стариов модел после некое време станувал нестабилен, се вадел лесно, испаѓал, така некако.. Имам само еден тепих и на лето секако го тргам ама до тогаш секако од време на време би сакала да го поминам и него. Исто и мебелот би го поминувала барем еднаш месечно ако не два пати. Пак чистачот би го користела претежно за плочки и паркет. Друга разлика, садот за вода на поновиот е поголем и мислам ми спомна и подолг кабел. Ако не ти е проблем да ми пренесеш твое искуство во поглед на 3те разлики, дали нешто ти смета од нив кај наното?
Многу имам мерак за вртелешка за креветче со плишани играчки ама се што гледав вчера а беше плишано, беше означено за 6+, 12+ и тн и од страв не земав. Бебево ми е скоро 3 месеци, веќе некое време се интересира за играчки. Дали да си седам мирна и да и земам понатаму? Збунка сум зошто плиш не би бил безбеден за помало бебе..
Кабелот е краток точно, јас во продужен го ставам. Садот за вода мене ми е доволен за да го исчистам цел стан (60м2), секако можеш да си дополниш вода. Крпата за теписи уште ја немам искористено зашто теписите се магнет за прашина, па оваа крпа не ги спасува (ги перам на 3-4 месеци во сервис). Ако е голема разликата во цена меѓу стариот и новиот, мое мислење земи си го стариот супер врши работа за паркет и плочки.
Со се некои додатоци е 2100 поскап, што за мене е значителна разлика (откако се породив уште поголема циција станав). Во право си за теписи, и ја мојот на перење го давам, тоа не го размислив. Фала ти на одговорот, и помогна на една типична вага да донесе избор
Нема зошто да се секираш, секако тие се вртат над креветче. Ние имаме 2, едната е со контрасни човечиња, едната е со плишани играчки, оваа втората повеќе ја сака.
Нема врска плишаното, тропки имам плишани, се пика во уста, ќе си ги переш почесто и тоа е...А тоа вртелешката над креветче со плишани играчки јас ич не ја искористив пошо се расонуваше ако ја видеше им гугаше на играчките и земав се што и одвлекуваше внимание од спиење истргав од креветчето и околу него Ја добив на подарок вртелешката, преубава е има и приспивни песнички, криво ми е ама тоа е.
И земавме во саботата playmat од оние со обрачите укрстени, не престана да им се радува на игарчките, плус се изморува од возбуда и во него си заспива сама за дневните дремки, затоа сакам и вртелешка. Не дека е гаранција дека ќе спие така ама пусти мајчин мерак
Леле блазеси ти така што ти заспива Оваа мојава нема шанса нешто да и прета да и шара пред нејзе а таа да заспие. No way!
Да не се разбереме погрешно, обрачите се само за playmat-от, не може да се стават на креветче. Инаку од Атлантик во Скопјанка го земавме и освен играчките што идеа со него, и закачивме и некои други тропалки што она многу ги сака. Подоцна ќе го сликнам и ќе ти кажам и цена. Сега тргнав по вртелешка на истото место да разгледам пак
Na ovaa treba da i go zemat bebeto...kako be vakvi raboti im teknuva https://ekran.mk/2021/03/31/фото-мајката-се-пофалила-со-маникирот/
И да и го земат и нејзе да ја утепаат страшно. Од друга страна колку мирно дете има што успеала вака да и ги среди ноктите
@azelea те подзаборавив.. Сеуште е хит, преку ден си ги спие во него сите дремки. 1950 е платено. И вртелешка земав, ја наместив ама уште немам пробано да ја користам за заспивање. Сега за сега само за будење ја пуштам, за да не стануваме рано сабајле со плачки