650 ја земав во Лион Кинг, Бисер. Имаше иста таква со пепа прасе, со мечиња, со некои животни.. А и во Атлантик ги гледав, горе доле тие пари беа плишаните. Инаку почнавме да ја користиме и за смирување од големите плачки преку ден, спас ми е за да отидам до ВЦ, да се средам пред излегување и слични ствари што захтеваат малку време.
Да,да секако за тоа се спас.Јас така кога ми плаче или кенка и пуштам на релаксаторот музиката со вибрации и одма тишина.
@mila89 тука имаш слика од нашиот gym. Имам гледано други во локо кроко, бебе хоум, крш, енци менци и по локални продавнички за играчки. Види и во Пики.
Ја имав, само во поголеми димензии. Безбедна е, цврста е за исправање. Моите на неа се научија да се исправаат и да се движат.
Имавме и ние супер беше ја користевме додека почне да лази после ја тргнавме за да има повеќе простор. Безбедна и цврста бебето си играше по цел ден
Ние ја имаме големата. Безбедно е, цврсти се. Постојано се движи по неа, супер место е да учи за негов простор, тука му ги ставаме сите играчки внатре и си знае дека таму е за игра. Ја земавме од Пики ние
Денес при доење два пати ми се засркнува бебе, од памет ме вади не може воздух да земе, ја вртам на страна, ја ставам на колено удирам нежно по грбот. Многу стрес ми прави ова ситуација дај кажете совет што да направам во такви ситуации. Се имав измолзено еднаш сабајле и пак кога ја ставив на града се засркна. Не знам дали не се мести убаво или и надоаѓа повеќе млеко одеднаш. Сега дури страв ме фаќа од следно доење
Јас на почетокот го имав тој проблем, имав многу млеко и се засркнуваше па обавезно се измолзував некоја минутка па ја доев. После смирено си цицаше. Пробај така.
Ќе се засркнува уште многу пати. И мојата така правеше, и денес знае некогаш така да направи, мојата од многу голем млаз, па се молзев исто пред секој подој. Сега држам со прст кога ќе надојде подојот.
И се молзам и пак се засркнува и од шишенцето се засркнува, и лакомо голта брза небаре ќе снема. Веќе се поднавикнав првите неколку пати без душа останував. Ко ќе осетам дека наидува ја тргнувам ама и пресно ни е уште па не можам секогаш да осетам.
Кога ќе слушнеш дека голта брзо без престан, тогаш поттргни ја, тогаш може да се заскрне. Уште ти е тазе, после нема вака да реагираш. Се е нормално да те плаши моментално. Ама за брзо се ќе ти биде полесно.
Се надевам само да навикнам побрзо на ситуацијата оти на игли седам дури ја дојам. Фала за советот, ќе ја тргам штом почне да голта брзо. Знам дека ќе има моменти кога ќе се засркнува ама барем да бидат поретки