Обуки за прва помош треба црвениот крст да држи... Таму распрашајте се, иако сега во ваква пандемија се ангажирани насекаде да помогнат.
Може и нема кој да врши контроли еве ја искрено многу се разочарав од сестрите од ремедика. Ми кажаа да го легнувам на страна да не се угушело и во транспортер ми ставаа тетра позади и дури ми викаше една да не го ставам во транспкртер чуден ми бил бебето не лежело после се испостави на ортопед дека се ова врска нема. И тоа ме наведе се да препроверувам и никому да не верувам од прва. Ќе речеш сестри цел живот работат со бебиња ама ете застарени совети
Овие корпи не се за кола тие се за новороденче да можеш да го возиш во количка.Многу е практично оти бебето во него е легнато и е доста заштитено со оваа покривка одозгоре па немора во дебел скефандер да се вози.Се препорачува додека бебето не може да седе , да се вози во вакво.Обучно се продаваат со количка за бебиња
Да ама со изофикс е и ја продаваат за да се става во кола и бебето да се вози во кола во лежечка позиција. Види подолу има и објаснување. Не дека не е за на количка да се вози, туку плус е и за во кола.
Не ја ни загледав цената. А бренд е што имаат квалитетни колички. Но ете ќе си речеш супер, ептен практично. Барем да пишуваат дека не е безбедно така, како е правилно да се вози, па да знаат луѓето. Но така па нема да им се продаваат.
Мислев дека е од овие за количка.Па зошто има седишта за кола? Јас вакво прв пат гледам за кола.Имам видено транспортер да се навалува за лежечка положба.Плус транспортерите се безбезни за новороденче.
Напротив, пишуваат дека задоволуваат највисоки стандарди за безбедност, и овие и тие од Чико што се прицврстуваат со каиши. А стандардите за безбедност во сообраќај се само за седиште, свртено обратно за новороденче. Овде не е во таа позиција, па не знам како може да задоволуваат. И јас по таа логика одев кога сакав да користам од практични причини (да не го префрлам од транспортер во корпа додека е мн. мало). Не се ни посомневав во нешто штом е бренд и е дозволено да се продава. Си викам прицврстено, стабилно со каиши, мора да е ок. После се зачитав по стандардите, многу се јасни. Можеби ќе ги надополнат некогаш ако овие се тестирани ко безбедни, ама засега не можам да сум 100% сигурна.
Имаше еден профил на инста, кај што имаше совети за безбедност на бебе, ако се сетам како беше ќе го пишам. Имаше и клипчиња баш за прва помош за бебиња и деца. Јас сум била на обука за прва помош од работа, и за возрасни и за бебиња, но добро ги запамтив зборовите на предавачот кога рече: Ова мајката не може да го прави (во смисла во паниката нема да и текне како правилно да постапи кога бебе се дави, дека треба да го легне со стомакот на колено со главата надоле и меѓу лопатките да го удира нежно за да плукне)-ова се применува само ако бебето не дише и помпдрува. Не дај боже, на никој да не притреба. Со сестра ми во кола малата ќе се задавеше со бејк ролс, крвта ми смрзна и во тој момент не знаев како да реагирам не па со мое дете, иако сум посетила обука. Среќа брзо се закашла го плукна парчето. @Milkiway чудно така што те советувале во Ремедика, мене баш сестрите ми викаа само на грб да спие, дека не може да се задави со бљуцкање, а ако сум во можност да земам од оние анти рефлукс закосените перничиња (нели и у Ремедика креветчињата им се малку закосени) или да ставам кебе некое под душекот во креветчето колку да е поткренат...И со тоа тетрата во транспортерот и мене мо ставија, но мојот транспортер има анатомски додаток за новороденче како лежиште и со тетрата само го покрија тоа Кога сме кај оградици, немам тука у Мк видено некој да изработува како сунѓерести омотачи околу шипките од креветчето што се ставаат? Мислам со такви ем ќе циркулира воздух, ем бебе нема да се повреди во вртење во спиење.. Ако видете некој да изработува такви, пишете..
Од производителот е објаснувањето или од продавачот? Не може да биде за во кола. Јас имав стандардна количка со 3 додатоци, транспортер, корпа за лежење на помало бебе и седиште за поголемо бебе/дете. Не може корпата да биде за во кола, и што кола ќе биде тоа за да ја собере корпата?
Епа новитети. Читајте и резонирајте, според потребите и условите. Јас бебе во кола сум имала максимум 1 саат, транспортер ми беше доволен.
Ние се возиме и кратко и патуваме на подолго, го возам само во транспортер. После 2 часа го вадам да се протегне, да цица. Со паузи патуваме. Не се работи за потреби, туку не е безбедно да се вози легнато во корпа на страна, но тоа никаде не го пишува во објаснувањата на производот. Еве во трката кој ќе измисли нешто поинакво, не се мисли на безбедноста.
Во непосредна близина сум имала неколку примери на давење на дете, каде што никој соодветно не знаел да изреагира, вклучувајќи ме и мене. Децата биле спасени буквално од чиста среќа, водени од тоа "чекај ова би требало да му помогне". Муабетот ми е дека многу малку сме едуцирани и многу малку знаеме како соодветно да реагираме. Не реагирање на време може да предизвика сериозни оштетувања на мозокот, во најлош случај да заврши фатално. Работам со деца од најразлична возраст и искрено ова ми е еден од најголемите стравови. Би било корисно да споделиме искуство/начини/методи за соодветно реагирање.
Мора да се посети обука за прва помош. Тоа е единствениот начин да се научи што треба да се прави. Гледај и видеа како се изведува прва помош при различни случаи. Ако имаш некое конкретно прашање, прашај, а за целосна слика да се добие, мора обука.
Заследете ја на инста https://instagram.com/shantripp?igshid=kc6jsqtp3l31 има постојано совети што и како да се прави во случај на задушување Инаку во Америка буквално на се што се продава поврзано со спиење на бебе пишува дека треба бебето да спие на тврда подлога, повиено или облечено со вреќичка за спиење наместо ќебе и буквално ништо друго да нема на креветот! Затоа и сеуште тука практикуваат бебињата да се повиваат за време на спиење, не само заради помирен сон, туку и да се исклучи користењето на секакви видови ќебиња.Мајката не може воопшто да ја напушти болницата откако ќе се породи доколку не проверат дека во кола има соодветен транспортер за бебето кој најчесто може да се однесе во било која Пожарна станица за правилно да го намонтираат
Па уште и ко ќе видам килибарно ѓерданче ставено уште од 2/3 месеци. Као луѓе што правите? Па многу му помогна кога вадеше заби. А вие знаевте како ќе реагира бебето при вадење заби па му имате акнато околу врат ластик. Како спијат мирно навечер незнам тие родители. Син ми не носи таква глупост, па единствено за првите два заба крена температура. Сега му никнуваат ни а ни б, оп само забче гледам.