На обука за прва помош објаснуваат ептен убаво како треба да се реагира и при давење на бебче и при давење на возрасен човек. Сметам дека треба да биде задолжителна обуката за прва помош за сите. Најбитно во моментот е да си свесен и брзо да реагираш.. Знам за пример на давење на бебче, каде што мајката била во шок но за среќа бабата многу брзо изреагирала.. Да не му се случи на никого..
За гушење За смирување од плачење Премногу сум далеку од чекорот да станам мајка, но темава ме инспирираше и истражив, да се едуцирам Се надевам и вас ќе ви помогнам
Ако ги слушав сите совети до сега ехее...да спие на страна потпрено со тетра (педијатар), шеќер и вода да давам за жолтица, да го облекувам повеќе (подобро да му било топло отколку ладно), да спие со мене на спална, да не сум се малтретирала да станувам, немало потреба да ја врзувам во транспортер...а па од оние бабини деветини што бивало, што не бивало...роман може да напишам. Десега неколку пати ми има зајдено од плачење, среќа на кратко и постојано се заскркнува кога цица (ова од памет ме вади). За вештачко дишење треба секоја мајка да знае, мада во паника тешко.
@BeLLaDona23 тоа за жолтицата е точно. И во болница при високи вредности на билирубинот им даваат инфуција со гликоза покрај фототерапијата.
@BeLLaDona23 @Mantub сахароза сигурно не, ама сум слушнала препораки за инфузија гликоза да му се дава орално во домашни услови на бебето при жолтици што траат долго.
И кај мене е таков транспортерот ортопедот ме искара а исто и Јана и Оли од тука бидејќи и нив им ставале тетра и на прегледи кога одевме секое бебе со тетра беше во транспортер. За настрана и Марина ми кажа да го ставам на визита дека главчето не му е сразмерно и ај сеа ја поима немв слушам доктор и го ставав на сррана да спие легнато со јорган упикано во него и ортопедот кога му кажав за глава се фати. Кога ми бљуцна викнав сестра и ми вика аа нема гајле на страна сврти го и така спиеше со мене во соба Зависи која ти се погодила и како учела некои тераат по старо други по ново. За оградиците ќе побарам на амазон
Јас ко што гледам со каиши е. Нешто пропуштам? Едит. Еве какви стандарди за безбедноњт се следени. Maxi Cosi-Jade е изработена и е во согласност со последните ECE R129 безбедносни стандарди. • R129 е последниот и највисоко активен Европски стандард за безбедност при патувањата со автомобил.
Еве ова е проблемот, вака се поставува: Нели на новороденче не му е цврст вратот за да се вози странично. Седење обратно од возењето е безбедно, ако кочиш главчето нема да му отиде нанапред. Вака странично ќе лежи и кога се кочи, не му е стабилно главчето. Можеби нема да летне бидејќи има каиши, но друга е опасноста.
Искрено не сфатив дека задолжително вака се мести. Ротира ко што сфатив. Веројатно има стандард за безбедност и тест и би требало да е безбедно.
Не знам, но ако се ротира, голем простор ќе зафаќа во колата, големи се корпите. Досега никој не ми спомнал дека може да се вози странично и дека е безбедно, ортопед само во транспортер рече дека смее да се вози во кола.
Идат напред работите. Баш ќе прашам за мислење за ова ортопед Секако 20+к се многу за овакво нешто што се користи макс 6 месеци. Подобро седиште поскапо да се купи него ова
Не ротира, фиксни се адаптерите. Поентата е да не биде свиткано во седиште, туку да е легнато во препорачана положба за долги патувања. На тоа целат, а од друга страна стандардите за сообраќај... Во описот вика следени тие стандарди, кога ги прочитав се јасни - само седиште свртено кон седиштето од колата. Убаво би било да се оди напред, но тогаш и стандардите ќе се апдејтираат. Засега не се, затоа бев ептен збунета, демек се следат, изнапишано се’ и сешто во описот, а стандардите Велат друго. Пазарот воопшто не е регулиран. И на таа со каиши за која пишував во другата тема пишува дека се следени стандарди. И ќе купиш зашто нели фирма, а ако се деси нешто? А и полиција да те застане, нормално дека ќе се водат по правила и ќе ти бараат поинаку да биде поставено. Од друга страна и транспортерите си имаат недостатоци За долго патување, ова би било одлично решение ако се докаже со тестови дека е безбедно. проблемот е што официјални докази и препораки нема, а се продава.
Конечно разбрав што е проблемот, странично поставување, божее Да бидеме реални, јас не знам човек што ќе преживее долго патување со бебе до 6 месеци, корпава е најмал проблем. Земете си нормален транспортер и решен проблем. Што се однесува до бизнисот, бизнисот мора постојано да измислува нешто ново, за да држи цена. Дали е етички да се занемарува безбедност и здрава логика- не е. Ама па јас не знам за етички бизнис. Тоа е
Сум читала да не се остава долго Иначе знам дека ги смирува осибено при грчеви и безбедни се вибрациите . Ја ќе си купев со вибрации релаксатор ама веќе добив на поклон без вибрации. А баш сакав да имам да му пуштам знам дека грбче им масора ноџиња се смируваат. Пробај како ќе реагира
И на мене кога бљуцкаше во државна ми ја местеа на страна да спие. И да, велеа да се потпре со нешто. Всушност, на грб кога лежи главата и онака е секогаш на страна, не е нагоре. Инаку, според уницеф, пола од новороденчињата ќе спијат во кревет со родителите. Е сега, безбедноста е друга работа. Побезбедно е мајката да легне свесно со бебето додека цица и да заспие, отколку да седне со него и да заспие така. Најголем број несреќи се случуваат баш така, од заспивање сосема случајно со бебето. Затоа има препораки како е безбедно спиењето со бебе. И не фрлајте пари на корпи и глупости, колку само брзо ги надраснуваат тие работи, сосема непотребни се, транспортер е сосема доволен и безбеден.
Јас уште сум многу во дилема за оградица, за почеток нема да ставам, но понатаму кога ќе го префрлам во поголемо креветче од лулка, или пак кога ќе стигне месец дена ако почне повеќе да мрда дали да ја ставам.. сега ми седи така дома не ми е уште наместена.. Вие практикувате?