Jaс сега не, бебе е скоро месец. Имам оградици во комплет со постелнината ама сакам наместо тскви, да ставам како сунѓери омотачи околу шипките на креветчето Ама во Мк немам видено ни да се продаваат, ни некој да изработува такви...
Ми излезе пред некој ден на фб мидлам ама ич не ми текнува која фирма беше такви како што бараш оградици... Ако најдам ќе постирам.
И јас имам оградица, можда ќе ставам кога ќе потпорасне, кога ќе научи да се врти сама од грб на меше. Дотогаш ми е многу несигурно, недај Боже да ја забие главата во тоа сунѓерот и да не ја видам. Башка поубаво ја гледам и од врата да зирнам во соба, со оградиците ич не би ми било згодно
јас ги извадив ама не беа низ цел кревет страната што гледаше накај собата односно мојот кревет си е празна и си го гледав. Ама ме фати страв вака па поише ми е дека ќе се удри и сега чаре
Не верувам дека би се удриле многу силно, башка уште се мали,немаат толку сила. Мојата пред некој ден ја најдов изротирана скоро 180 С. Како успеала, појма немам, уште не може главчето да го држи а се мрда по креветче. Овие плетенките од страна ми изгледаат практични, ако најдам негде ќе пишам
Еее и тогаш ќе биде несигурно. Ќе се врти на сите страни, ќе заспива како ќе и' текне, ќе се пика во ќош. Се пореметувам од постојано будење и проверување да не забил глава во душек или во ќошот па не може да дише.
Мене па тие плетенките ми изгледаат пострашни него оградиците...може сум грешка Среча уште не се врти не се движи низ кревет како ќе го легнам така станува кома спие кога спие
Е да, тогаш па се поактивни, вака барем го ставаш и не може многу лево-десно. Јас се сеќам како мала скоро до прво одд спиев во креветче со ограда (поголемко беше од овие сега стандардните). Па ич нр ми текнува дека сум се удирала. Знам некогаш намерно ги пикав рацете и викав по мајка мина крај го надраснав и мораше друг кревет.
Огради има и нашето дрвено креветче, само страната која е спуштена не е со ограда, и од таа страна го гледаме. Моето бебе не се врти во креветчето досега, како заспива, така ја наоѓам.околу неа нема ништо. Само ќебенце што е покриена и толку. Сега за сега е вака, па ќе видиме во иднина. Јас нонстоп ја проверувам.
Оградици не се безбедни од 3 причини. 1. Не циркулира воздухот како што треба, па бебето си го вдишува издишаниот воздух со јаглерод диоксид наместо со кислорот од другиот дел на собата. 2. Издишаниот воздух е веќе загреан во телото на бебето и кога го вдишува повторно, вдишува топол воздух наместо воздухот на собна температура. 3. Бебето може да се сврти и да се залепи со лицето во сунгерите и да не може да дише. Огради не се потребни бидејќи креветчињата се така направени со доволно растојание меѓу штичките за да не може да се заглави, ниту да падне низ нив. И дури и да заглави, е побезбедно одколку другиве работи. И да заглави ќе заплаче, а другиве работи не се јасно видливи, а му пречат. Не се безбедни ниту алтернативите како плетенки и слично. Ништо да нема на креветчето, многу бебиња спијат така, ништо нема да им биде.
@Lovebug01 Ова го најдов на Амазон Има 2 варијанти едно е како ти што го спомна за тие дрвените да се заштитат А второво е оградица што пропушта воздух и да се залепи за неа ќе може да дише ја бар така го разбирам. Што мислиш? Би сакала мислења за овие и @..barbie.. те тагнувам и тебе си имаш мака со малото ѕирни ги овие дали ќе ти се од помош https://www.verywellfamily.com/are-crib-bumper-pads-safe-293991 https://www.amazon.com/BreathableBaby-Breathable-Mesh-Liner-White/dp/B0013FGWD0/
Како вдишува издишан воздух во толкава просторија? малце не е логично ова, извини. Оградицата и ортопедите ја препорачуваат за да не се пика меѓу решетките и да се не лупа кога ќе потпорасне. Али како и да е, изборот е на секоја мајка. Јас лично имам, и не сметам дека се штетни.
Ама мила, не е дали сметаш или не сметаш туку дали се штетни или не се. За циркулирање на воздухот прочитај по интернет имаш детални објаснувања доколку вака нафрлано од прва не ти изгледа логично. И кога ќе потпораснат не се препорачуваат затоа што можат да ги користат оградиците за да се фатат на нив и да пробаат да излезат од кревет и да се лупнат на земја. Кај нас ортопедите можеби препорачуваат, ама јас лично, често мислењето на овдешен лекар го споредувам со мислењето на светски асоцијации, а страшно е колку многу не се совпаѓаат.
Фала ти многу, вака делуваат баш ок. Да прашам да не имаат кај нас по продавнициве, иако до сега не сум сретнала.
Да, како овие на првата слика барав, ова на вторава ми глеа само како материјалче, штознам, нелогично ми е Инаку сум гледала и на инста на српски/хрватски профили што изработуваат вакви оградици. @..barbie.. тука не сум видела ни да се продаваат ни некој да изработува
Гледам имаат достава до МК амазон не сум знаела ама тоа за шипките го нема на залиха ќе го барам би сакала тпа да си го порачам Во право си за оградицата сумлив ми е и мене