Штотуку налетав на инстаграм @masnickizadeca мислам така беше профилот, видов дека изработуваат вакви како што бараме
@MinnaAnne Мајка како се справи со засркнување на бебето при доење.И надојдува млекце и обавезно ми се засркнува,осеќам како струја ми поминува низ градите почне да тече повеќе и одма се засркне.Душа немам веќе. Секое доење ми е стресно... Толку се плашам што ми се иде да преминам на АД да не се деси нешто...Дали повеќе пати ти се има случено или само еднаш?
Цело време ми се случуваше, секој ден, некогаш и по повеќе пати на едно доење. И ние бевме без душа дома секое доење. Се измолзував малце пред подој и laid back позиција за доење. Тие две работи ми помогнаа многу. Сега како направи скоро 3 месеци престана, научи да голта конечно. Значи мој совет: 1. Laid back позиција 2. Измолзување пред доење 3. Измолзување кога ќе осетиш дека ти надоаѓа многу млеко ( тргни го бебето на страна и во пешкирче шприцни неколку пати) 4. Издржи до 3 месеци
И на нас цело време ни се случува, особено навечер кога ми надоаѓа многу млеко, и се измолзувам и пак, лакомо цица цело време се засркнува. Кога се случува тоа ја вртам на страна да се смири, зема воздух и продолжува...никако поминување на АД, ние на почетокот бевме на комбинирано АД со доење, и сс засркнуваше од цуцлата, и купив Calma на Medela и од таа се засркнуваше, едноставно така си е лакома како мајка и
Да @Love86, џабе ти е АД пак ќе се засркнува и со шише. Единствено ако ти дозволи педијатар погуста формула, ама жално е на толку млеко да се откажеш. Нас и од плунка ни се засркнуваше .
@MinnaAnne додека цица кога ќе осетам дека надојдува млеко или не ја слушам да голта знам дека устата и е полна,веднаш ја тргнувам на страна,ама она веќе има повеќе млекце во устата и се засркне.Ја вртам на страна и тапкам по грпчето па да продолжеме.Но не секогаш продолжува да цица.Затвара уста и толку. Многу ми е стресно...Посебно ако сум сама у соба...мора некој да има до мене..
Знам како ти е, исто ми беше идентично само што мојата продолжуваше да цица. Колкава е? Издржи ќе помине, ќе научи да голта. Пробај ја позицијата што ти ја кажав, помалце млеко ќе и тече така и поисправена е. Мораш да ја смениш позицијата, легната никако. Јас пробав и Коала позиција ама ептен ми беше незгодна. Види што ти е позгодно, битно е да е исправена а ти да си навалена наназад за да се регулира текот на млекото. Исто така битно е кога ќе се засркне неколку секунди остави ја сама да се избори да се искашла. Така ќе научи дека треба сама да се бори, а не да чека секогаш помош од тебе. Ќе и збориш "ајде кашлај" или нешто слично...
Малата е 17дена.Испробав некако но не ми одговара,ама ќе мора поисправена да биде,така? Се надевам ќе помине и оваа ситуација
Незгодно е на почеток ама ќе се навикнеш на новата позиција. Гледај поисправена колку можеш да биде а ти малце наназад. Пробај со стискање на горниот дел од градата со дланката да го сопреш млазот.
Не разбрав за градата,ептен горе каде што почнува градата таму да стиснам кога ќе осетам дека надоаѓа млеко
@..barbie.. дали и како го реши проблемот со бебчето со вртењето? Вчера моево се изврти со глава во оградата од креветот се извадив од памет кенкаше и ме разбуди после тоа око не можев да затворам од страв. Не знам вњчер што да правам не сакам оградица да ставам ама вака ми е повеќе страв @Lovebug01 дали ги пирача оградиците јас го гледав тие ама овие од амазон ми беа некако подобри. Овие што ми ги пушти ми личат исти како оградициве што ги имам на цело? Или грешка сум,
Спие на мене или на кревет измеѓу мене и сопругот. Не знам како да те посоветувам, а да не го одвикнеш од спиење во негово креветче. Мене многу ми беше стресно, ич не можев да спијам од што се пикаше во оградиците, по цели ноќи, на секој звук, срипував. Да пробаш со плетенка?
Со нас никако не би Така ем бебе ќе пазам ем маж ми да не го потисне ем куче да не му текне да срипа А и никако не би сакала да одвикнувам од креветче Тоа ме интересираше значи никако не го решивте проблемот? Ќе чекаме да пораснат
Пробај со плетенка дали ќе спие помирно, ама прво преку ден, за да го посматраш. Ако спие мирно, би требало да ти заврши работа. Кај мене и во плетенка и во оградица се пика многу, така да не ми се реши проблемот.
Страв ми е и со тоа со муцка да не се испика Он со главата оди во оградата го најдов баш така со главче испикан во оградата и кенкаше срце ми застана за вртење уште не се врти за да се пика со уста на тоа мислеше?
Спие на мене, ама пробувам да го легнувам измеѓу за да се навикне да спие на легло, па да почнам во неговото креветче да го ставам. Многу немирно спиеше во креветчето, се пикаше во оградици, ко што кажав, се вртеше, па ми бљуцкаше дека рефлукс имаме и јас со ноќи не бев спиена. Еден период пробував и во количка и кога-како спиеше. Во принцип, сака само на стомак да спие, ама ми е страв да го оставам без да го гледам.