Два ипол месеци. Уште од месец ипол почна да се врти сам на стомак и главчето си го врти од една на друга страна, само не може да се сврти од стомак на страна или на грб.
Никако на стомак спиење додека не се врти само од грб на стомак и обратно (вака ми кажа Антоније). Нема врска дали го набљудувате или не, се работи за дишењето. На тој начин може да вдишува повеќе јаглерод диоксид што самото го испушта. Сè додека не се врти само и додека не врти глава, многу е опасно да спие на меше. Подруго е ако постојано во спиење се врти малку на меше, па крева глава да ја сврти, па се мести на страна. Инаку знам кој проблем е ако спие на меше, ноќи уште не спијам раат, страв ми е што ако ја забие главата надолу, па што ако му се спие и го мрзи да сврти глава. Раат немам иако се врти и на страна спие поголемиот дел од времето, а и на меше спие. Плаче, вришти ако го вратам на грб, шанси нема да спие така, за секунда се врти назад. Во монтажно креветче спие и според мене подобра опција е од дрвено. Во дрвено треба оградици за да не се мава, а монтажново ми е некако посигурно и за мавање, и за проток на воздух, и за пикање по ќошиња и рабови. @Milkiway Поместувај го почесто, тоа е решението, опасно е ако се пика во оградите.
@Milkiway немам уште порачано се мислам. На моето креветче се дебели тие дрвените шипки и ако им ставам сунѓери исто ќе биде како оградици да има. Се мислам и јас што да правам. Засега немам ништо ставено од страните ама бебе уште не се изместува до толку.
Нема ли некои ко мрежи за дрвено креветчиња? Не сум видела но чисто идеја, син ми исто се врти многу немирно спие ама имам транспортно креветче и со главчето во мрежата се пика па нема гајле ем може да диши ем не се удира па ако има нешто такво да се стави на дрвените...
А што спие на меше на мене? Еве вака, инаку на грб само две минути е заспан и почнува да плаче. Сега се исплашив. Инаку го врти главчето и на мене кога е.
А ти спиеш додека тоа спие вака? Читав и дека на меше притисок им паѓа и затоа спијат поцврсто, па тука е и притисокот врз белите дробови и срцето ако спие на меше... Плус треба да спие на цврста подлога, а во оваа положба не е така, треба на душек да си спие, на тврдо. Да не набројувам, во ноќи кога бдеам, земам и читам и нормално сè ќе прочиташ, па стравот е уште поголем и тек тогаш не може да заспиеш Едит. Еве сега го видов од положба на страна се свртел на меше, а во близина кај носето малку беше набрана постелнината, па отидов да ја оптегнувам од страв да не нема добар проток на воздух. Па ме осети и се помести пак на страна И така си играм во текот на ноќта
Исто и ја помислив оградици и тска имам купено ми стојат Има гледав на амазон мислев тогаш дека е најдобро ништо и не купив а сега се премислувам за таква мрежа
@..barbie.. Ако само ја врти главата, не е страшно. Едноставно си нашло положба што му одговара. Џабе ќе ти е да го вртиш на грб кога самото ќе се превртува на меше цело време. Мојата до 4 месеци спиеше на грб. Откако почна да спие на стомак, често е со глава зарината, едноставно така и одговара и тоа е тоа. Вртев ама џабе, така си сака. @Milkiway ќе земеш поцврсти оградици што не може да ги помести. Јас имам такви сега, претходно беа меки и можеше да ги стутка низ оградата од креветчето. Иначе сеуште спие немирно, и пак ќе ја најдам извртена во еден ќош од креветчето. Креветчето да е близу прозор и редовно да се луфтира собата, за да циркулира свеж воздух.
Мислам дека се такви моите тврди се се врзуваат и горе и доле ја сум пробувала не може никако да паднат врз него Ако имаш можносѕт пушти слика чисто да споредам дали се такви
Искрено, мислам дека кога ќе може да се врти само од грб на стомак и обратно, кризата поминала. Критични се првите неколку месеци, после се е поинаку, не се оптоварувајте толку.
Облачиња имам, со 2 лица се. Нема врска за паѓање над него, не е тоа опасност никаква, туку доволно се меки да не се удира во спиење, а не можат ниту да се стуткаат низ дрвената ограда да излезат од креветчето. Претходно имав меки, иако се врзуваа и горе и долу пак можеше да протне нога сосе нив низ оградата. И сега се треска во спиење, многу немирно спие ама немам гајле со овие топ се. И тоа е точно. Ама има бебиња со кои некои препораки паѓаат во вода. Едноставно некои доста рано почнуваат на меше да спијат, така им е удобно. Бебињата имаат инстинкт за преживување, и да не знае, ќе си сврти главче странично ако му присмета. Мојава со глава зарината спие. Не знам како може ама така и е убаво.
Фала ти Слични се и моите само повисоки не може низ нив да се протне Јас вчера ги ставив се изврте го следев за да видам што ќе се случи си ја наби главата пак ама тие го заштитија да не удира во дрвото директно На 2 страни се така што од 2 е целосно отворено за провев на воздух
Моја беба сабајле ја најдов изротирана за 90 С во креветче и едната нога меѓу оградата. Не плачеше,само ги гледаше во вртелешката, веројатно и е интересно да менува агли на движење. Страв ми е оградица да ставам да не ја побие главата меѓу душекот и оградата, уште знае да се врти сама. Преку ден ја ставам во аголот на гарнитура, ама сега почна и таму да ротира. Ортопедот ми кажа од 4ти месец на земја...а до тогаш што ќе правиме? Преку ден вежбаме на земја (тепих, меки коцки, па тенко ќебенце) Од кога почнавте / се препорачува да ги оставате малите на земја?