Немој да го легнуваш измеѓу, директно во креветче легнувај го. Јас така правев, што од што сакав да си го гушкам, што од жал дека многу преташе во сонот, жива ненаспана бев, бараше да има некој до него, еве сега 8 месеци не е легнат во креветче, за ново го чувам, несака да чуе. не дека ми смета, преубаво ми е да си го гушкам, ама се укочивме со мм, башка незнам како ќе го одвикнам сега.
Оце облечи ја подебелко стај тепих врз тоа подлогата ама дете кога игра нели се активни вртиш на стомак се загрева Сега не знам како ти е дома кај мене е 24ст имам прозор на кипање доле ламинат и директно подлогата со 1цм дебелина облечен во тенки панталони и боденце и тенки чорапчиња
И кај мене е 23-24 преку ден ама дека со клима на земја ладно ми се гледа...плус што така ја навикнав со тунтање ,со холахопки по дома,сега една недела како и ги извадив со страв сум уште...
Кај нас е топло, тоа не ми е проблем, мада она се поти и не ми се остава долго, отвараме, затвораме врати...ќе почнам да ја оставам на под, да не ми направи некоја белја со вртењето.
Неее тажан работа ако и облакаш дома хулахопки тогаш што ќе обкакаш надвор на 10ст Не ја тунтај немаш потреба како што си ти така и она Верувај дете се настинува кога ќе се испоти од ладно не Пушти си нека си расте. Не и се секирај чим ти е така дома тепих врз тепих подлога ако треба и ќебенце стај. Легни и ти ако е толку студ ќе се осети
Ќе ви се убацам во разговор, при посета на ортопед советот беше колку може повеќе на под, го прашувам од кога да почнеме (тогаш бевме 4 недели), ортопедот ми вика - од вчера штом викаш топло е дома, постели нешто да не е директно на тепих/под и уживајте
Ќути едвај се разбрав по дома. Мм работи надвор и него ладно му е носи ѕиври и дома па и она требало да носи холахопки За свекрва ми ич да не почнам ,мајка ми и золва ми и тие. Ама некни се испоти и фатив и ги извадив ,од тогаш не сум ставила. Полека и на земја ќе се преселиме
Слободно ставај, од ладно нема да настине. Јас па на под не ни ставам тепих, директно подлогата на ламинат. Мрдаат и се загреваат, бос е цело време, чорапи само за надвор му облекувам зимава. Антоније кога виде чорапи на него, вика чорапи ќе ставиш кога ќе му ставиш ракавици Ни за надвор не облекувам хулахопки на 10 степени, покриени ги шетаме.
Мене кога ми рече ортопед леле си го наоблекла облекувај го како маж ти што е А маж ми ко твојот во џемпер дома и става дуксер а дома 25 ст ја по кратки
Хахаха ние дома сите по кратки, јас само гасам тоа што грее, мм само пали и тоа е.. Ние идеме кај Антоније, ова он ми го кажа
Јас кај Видоевски ја носев не спомна ништо ни за под ни за облекување. Ама Антоније на 0+ на Телма го слушав. Ама еден против 10 души не одеше...едвај некако ми помогна малово со тоа што се поти. И уште свекрва ми проверува ,демек чорапи и мести и превртува очи ,некогаш и звоца ама нека збори...
Јас кај антоние бев што знам он е ептен таков не седна со мм како ученичиња не испокара поштено И до збор беше во право за многу нешта Е сеа малце и знае да претера за некои работи Ама па нема совршен битно да го прегледа добро и да ни укаже на грешка
Немаше место ,никој не ме предупреди што се дешава со ортопедите. Ова незнам како не испика најрано бевме . За транспортерот, за држење ,кога се очекува да седне и слично кажа . За вежбање освен да ја ставам на стомак друго не кажа. И да ја носам надвор ,толку беше.
Ја не знам и како успевате на еден кревет да спиете со сопругот и мало бебе, која само опасност е тоа
Во Грција живеам, па тука ги земав. Во Македонија не знам каде можеш да ги најдеш. Не се препорачуваат кај новороденчиња заради поголема циркулација на воздухот. На почеток секако не се потребни оти бебето нема некое поголемо движење, како го ставаш во креветче така го наоѓаш. Понатака кога ќе почне да се врти и превртува и треска наоколу цела ноќ се неопходни.
вчера заспана ја легнав во креветче؛ ме немаше буквално 2 мин, бев до тоалет и кога се вратив што ќе видам؛ Дете претка чудно, 200 на саат, поглед уплашен и широко отворени очи и луѓе се дави од млеко а глас не пушта؛ Ќе умрев готово؛ Цела вечер бдеев над неа؛ И ај сеа што да се прави? а на грб спие како што викаат ортопедите
Не само ортопедите сите советуваат така да спијат за да се намали ризикот од сидс. Кога не сум во соба стално сум со мониторот во раце во вц да одам го гледам неможам не се осеќам убаво ако не го гледам и слушам за среќа на минимално мрднување реагира мониторот се вклучува сам и мирна сум кога не сум во собата со него.