Епа знам, здригната, дрзена пола саат сигурно и после тоа заспана па ставена во креветче؛ Башка бебифонот вклучен ама не ми даде звук؛ намерно ја дрзам исправена зашто почна да ми повраќа од што не знае колку и е доста цицање
А после ја сврте на страна и излезе млекцето? Баш беше долго без воздух? Те прашувам чисто јас или некој друг да знаеме како да изреагираме
Ја кренав и свртев, по грпче ја тапкав и врина и почна да плаче؛ Кога ја кренав главата ја дрзеше наназад уште се давеше, преткаше уплашено؛ И друг пат и се случило ама не вака؛ Страшно луѓе ќе умрев؛ Не ја оставам веќе сама во соба да спие, нема шанса؛ А целта ми беше да ја учам во креветче и преку ден да не ми спие во гнездо؛ Нема шанса؛
креветчето ми е во спална ама преку ден сакав исто таму а не во дневна؛ нејзината соба е само за пресоблакање
Ауууу Јас па почнав од 7 и пол месеци да го оставам сам, многу се буди од нас ноќе. Што од хркање, станување за вц, пиење вода, кашлање. Вака многу помирно спие, не го будиме на секое. Го слушам и го следам на секое на камера. Спие во креветче и поцврсто спијам ако сме заедно во соба отколку сега.
Америчка академија на педијатри вика да не се користат во никој случај. Ни кај бебиња од 9-10 месеци кај кои иако е намален ризик од сидс, тие можат да ги користат како помагало да се исправат на нозе и да паднат од креветче. Јас не сум за.
Леле и мојата спие во креветче до мене, некогаш и преку ден ја оставам и ја зиркам нон-стоп. Никако не си. Нема шанси да спие со нас на спална, јас спијам немирно ќе ја смачкам. А во креветче ми е исто страв заради вакви сценарија. Се мислам дали да го поткренам душекот, мада досега немам приметено вака да прави. Понекогаш ја наоѓам изблуцкана или ќе се разбуди со плачење, можда и да и се враќа млекце. Додека беше помала ќе и ја свртам главата на страна, а сега самата некогаш си лежи со исправена глава и ми е страв. Ја тргнав и вртелешката зашто приметив дека ја крева главата право накај неа, недај Боже ќе се засркне, исто цица многу не знае колку и е доста. Едит: сакав да ве прашам дали ги оставате да гледаат ТВ? Приметувам дека и е интересно да гледа, маж ми ми тврди дека овие телевизори не се штетни, ама некако не ми се остава. А внук ми си порасна со pikaboo, и ден денес ги гледа цртани, сестра ми гајле нема
Исто креветчето е залепено до нашиот кревет и мислам така е побезбедно отколку до нас. А и со блуцкањето реално Господ да ги чува ,и да сакаме не можеме 24 саати да бидеме над нив. Ноќе стануваат цицаат како да ги дочуваш... Во однос на тв се научи и мојава од татко и ,па и пуштам цртани што ќе гледа глупости . Ама ограничен период од денот ,остатокот мора исклучен да е тв ...
Зарем може од течност нешто страшно да се случи? Моево на секое цицање се засркнува бар по еднаш али си викам течност е ништо нема
Q Го оставам кога треба ручек да правам или до вц во релаксатор пред тв и јас му пуштам Пикабу писка на Paw patrol ги обожава кузнај што му се гледа се смее си се радува Искрено штетно е ама некогаш во денот кога сум сама морам некако да го позанимавам Најдобро е од 18мес...ама до 18мес без тв кај...2 соби ни се дома тв е стално упалено
Јас бебе не би остсвила да гледа тв и цррани уште од ептен мало. А и понатаму планирам да има ограничување колку време во денот вкупно би седел пред екран. Еве скоро 5 месеци напорен е бара постојано анимација не седи мирен сенешто плаче се лигави го приметив го интересира тв и ќути но не го оставам да гледа. Имав многу лош пример во блиско семејство со детенце се што беше пред екран па ми е страв. Сепак ограничено време би дозволила но кога ќе е поголем
И мојата се засркнува, ја вртам на страна и се смирува, ама вака во сон да не се засркне, мада имаат рефлекс не е толку страшно
@Snowflake92 и јас не сакам ,ама така ни е наместено кај и да ја ставам има поглед во тв ,а не може цел ден да е исклучен за да не го гледа. Она кога е пуштен не гледа баш цело време таму ама пак го гледа...