И со моево страшно се нервирам, кога ќе се загледа тв ко хипнотизирано е, застанувам пред него па и уште се поткрева преку мене да гледат на крај ќе се изнервирам и исклучувам, го земам во друга соба и ќе слушам коментари бабииин сирота дома не ми ти пуштаав тв, немате тв ... Проблемот со тв не е толку за видот зошто технологијата е понапредна и немаат зрачење, проблемот е ради еднонасочната комуникација која ја добива преку тв, доаѓа до други проблеми како што е покасно зазборување. Стручни лица никако не препорачуваат тв, таблети, телефони, туку зборување, игри, читање приказни, раскажување ...
Да, тоа е проблемот. Не ги оставајте пред тв, освен ако нешто сакате да завршите набрзина, да се занимаваат. Само игри, читање, зборување, шетање во природа, искачување по дрва, копање во земја (ова за поголеми секако), игри и стимулации соодветни на возраста, ама тв и екрани не.
Кај нас е исклучен преку ден, јас и онака не гледам ТВ. Маж ми кога доаѓа од работа го пушта и кога ќе ги оставам заедно што да видам. Заедно гледаат фудбал Она гледа ли гледа, зјапнала ко да разбира нешто Многу се нервирам за ова, не можам да му забранам на маж ми да гледа, а претежно сме во дневна. Ако фатам да сработам нешто одма се загледува и она. Нон стоп се расправам со маж ми за ова, устата пена ми фати, дека премногу ја стимулира, дека е штетно, башка заради комуникацијата, обично се е на англиски... не дека ја оставам да гледа, ама и бега погледот, сега понекогаш е нормално, ама не сакам да ја навикнам. Инаку си пееме песнички, читаме, гугаме, гледам барем времето што е од сабајле да ни е продуктивно. И со сестра ми се расправав на оваа тема, ама џабе. Внук ми е заразен со pikaboo, само со цртани се смирува.
Не оставам да гледа, не сме пуштиле телевизор поради малиот и не гледаме ни ние. Не сме некои обожаватели на телевизија, па не ни е проблем што не пуштаме со месеци. Имаме тв во друга соба, џабе така стои. Ако му пуштам, нема да мрдне, а вака си игра со играчки, си се движи и си вежба, фаќа работи, му зборувам и сосема непотребен му е телевизор. А особено сум против цртани и емисии на немајчин јазик. Тоа толку може штета да направи, што и кога ќе тргне детето на училиште може да има проблем со говорот.
На мажот ми, дете од прв братучед, од тие цртани филмови "прича српски, ко да му је мајчин јазик" . Навистина, не знае македонски, нон стоп српски збори. "Баба, баба, ти си најбољји ватрогасац који знам". Мене не би ми текнало дека пожарникар на српски е ватрогасац . А нив смешно им е, во фазон се дека детето им е многу паметен, па зборува туѓ јазик, а тоа што збор не кажува на македонски, не им е гајле. Ми доаѓа да им кажам, работава е за плачење, ама секој сам си е одговорен за сопственото дете и си го воспитува како сака. И друг пример имам во фамилијата, внук ми, од цртани филмови уште има зборови на кои во моментов не може да се сети како се на македонски, па ги кажува на англиски, а веќе е тинејџер . Страшна работа е телевизорот за децата, мислам тоа е моето мислење. Ние не пуштаме пред нашава, ако пуштиме на кратко, ќе се загледа, не трепнува. За нова година мажот ми пушти, абе кога се возбуди, се смее, скока, мава со раце, со нозе .
Во толку мал стан, каде тв се гледа од секој агол, во спална каде немам толку природна светлина не би седеле цел ден. Нормално дека седиме во дневна. Јас не гледам тв по цели денови. Маж гледа, ако пушти погледнува и таа. Можеби е неколку минутки, но се трудам да и го скренам вниманието и не и е мн мн интересен, си игра со мене и толку. Е сега за заспивање често пуштаме песнички детски и наши и англиски, не ги гледа ама ги слуша во соба дека се пуштени, ги препознава кога пејат, им се радува. Ќе се избегнуваат тв и било каков екран, но за жал има моменти кога неможеш едноставно да се изолираш од се'. Само тоа да се сведе на минимум, колку што е можно
Абе со ништо да не се претерува. Ништо нема да му биде ако гледа детска програма 10 минути, дури да одиш во вц или под туш. Ама не смее да биде главен извор на занимација, тоа е зборот, оти интеракцијата е многу битна за детски развој.
Не регистрираше никој само тв, му викаш застснуваш пред него не реагира, не зборуваше, не си играше со никој, ако не му се дозволи тв да гледа плачеше додека не се пушти или на тсблет YouTube видеа... Сега е 4 години едвај почна сегс дда збори по нешто и тоа не се разбира баш. Сепак тоа е од претерано оставање пред тв ,и недоволно работење со него за мама и тато да се одмараат не значи дека секое дете ќе е такво ама ете не би можела да си го гледам такво детето, и пак ќе кажам не дека нема воопшто да не го оставам има доста едукативни и на македонски цртани ама тоа ќе биде ограничено. Друго е кога си е пуштен тв и оно погледнува одвреме навреме, јас зборувам за деца кои намерно да не речам се оставани пред тв за да бидат мирни. Се што е во мера е ок, во денешно време и да не сакаш пак ќе е изложено на екрани и слично има некои и без тв што живеат ама се многу ретки. Јас го вртам со грб накај тв кога е пуштен, или на подлогата таа е наместена така ада не може да го гледа кога е на земја с, а најчесто кога сум сама со него не го ни пуштам или само за песнички. На кратко не осудувам никој кој како има услови и сака го одгледува детето само кажав мислење дека јас на моето да ќе му дозволувам но ограничено време, не би по цел ден да зјапа или 50% од денот.
Мене ова ми се случи да почне да се дави во раце кога го држев, се најаде, ждригна и се нишкавме, и наеднаш почна да ми испушта звуци чудни како жуборење и ги ококоро очите, ама и они имаат инстикт за преживување ако се мали, па почна да прета и со тупаниче ме маваше и буткаше за да ми укаже дека нешто не е како што треба. Кога се вцрви во фацата животот ми се скрати мислам. Одма го исправив и во тој момент ми текна на тие видеата што ги споделувавме дека треба да го свртам, го свртев на стомак врз нозете и го тепкав по грб, и одма поврати.
Да ама замисли ја мојата сама во соба. Цело време се прашувам што ако ја видев прекасно, ако не влезев, не знам... Животот ми се скрати од страв и вина. Форсирав спиење ко да е последна работа на светов. Будала. Кој сака нека ме осудува али веќе и преку ден дете во соба само па и со бебе фон нема шанса. Тука да е да ја гледам.
Да, најлесно е остави го пред ТВ/ таблет и бркај работа. Верувам дека е спас во одредени ситуации, ама моментот кога станува главна занимација е проблем.
Внука ми од цело време што е на телефонот и зјапа во него, ем што не реагираше на луѓе дури и окото и се искриви па сега носи наочари, а здраво право дете си беше, ама братучедка ми наместо да ја занимава и го даваше телефонот и она цртани гледаше, сега е веќе по голема 6 години има и сеуште е со телефонот во раце 24/7. Жално е што не е единствена и повеќето деца денеска се вака растени пред телефони, таблети и тв, па не знаат ни муабет да прават од тоа.
Ау не ,шанси нема телефон / таблет како главна занимација. Телефон гледа само на Вибер кога се слушам со мајка ми да ја види ,и тоа гледам да не е секој ден. А за тв кога сме сами исклучен е цело време. Дали ќе и пеам дали дедо мраз овци пуштаме ,со крзнени играчки ќе мафтам било што само тв не добива,е мм кога ќе дојде го пушта. Тој и свекрва ми ме караат зошто е исклучен ,сум ја учела на тишина многу не било убаво. Ама подобро на тишина отколку да не збори утре. Имам и јас во комшии пример ,по цели денови со таблетот ,сега брзо направи 5г. до 4г. не зборуваше ништо ,после 4 почна по некој збор англиски ,сега одат на логопед за да научи. А нивна роднина заради тоа не пушта на нејзиното англиски цртани туку српски. Викам баш исто е ,ќе направиш српски да збори ,е српски било ако.
Ве гледам погоре зборувате за телевизорот и неговите штетни влијанија. Да, вистина е штетно делува особено кај деца кои сеуште немаат прозборено може да се одолговлечи процесот како и се останато. Ако бебето седи пред тв наместо да вежба со раце и нозе ќе биде и тромаво,самиот ортопед ќе ви потврди дека му требаат повеќе вежби. Една пријатрлка ме убедува дека бебето јаде кашички само ако гледа цртани на тв инаку уста не отворал. Не дека ја напаѓам одма ама сигурно и таа уста не отвора да го занимава со нешто друго па мора вака. Најлесното решение. Бебе ќе има и 3 оброка на ден, треба пред тв цел ден да биде оставено? Нека протестира со јадење, за 2 саати ќе му се пријаде и без тв.. Сестра ми на внук ми ептен му го ограничуваше таблетот. Детето си се разви правилно,убаво зборува на мајчин јазик и јасно ги кажува буквите, има 7 години сега. Но се јавија тантруми кај него кои единствено со пуштање на цртани и играње на таблет поминуваат. Има се и сешто пробано и ништо не помага освен ова. Детето го сфатило телевизорот како нешто недостижно за него а потребно. Да успееме да му укажеме на децата дека телевизорот е непотребен а повеќе да се посвети внимание на едукативни игри (спрема возраста) ама за тоа треба да се ангажираат мама и тато.Некогаш изморени од работа,некогаш не ти е до играње дојдено, се ми е јасно. Самата технологоја и што е се достапно на тв го направи ова.
Исто од пријатели детето сега трчаат да надокнадат пошто ќе трга во школо од септ а не знае да брои, азбука не знае за разлика од врсниците една песничка не знае да ти каже..ништо не знае од тие телефони Бар да гледал Дора Истражува нешто и ќе научи ама вака од јутуб глупости само гледаат. Не смее телефон и тв да е примарна игра
Мали бебиња со вклучен тв не можат да направат разлика помеѓу гласовите во позадина кои доаѓаат од тв и оние на тато, баба, дедо, кој и да е. (Намерно не велам на мама, бидејќи нашиот глас совршено го распознаваат уште во матка). До 2год. мозочето кое се уште расте и се развива се става во пасивна состојба, стагнира, без никаква интеракција. Многу пати слушам "Не сака да јаде без цртани". А кој му ги претстави цртаните? Само затоа што во дадениот момент си бил премрзелив да се справиш со ситуацијата (детето одбива да јаде, запечатува уста, минува низ тантрум и сл.) Наместо да се обидеш да му го погодиш моментот... да го храниш кога е добро наспано и расположено, да јаде додека јадат сите на маса, да го анимираш со музика и песнички, или едноставно да се обидеш повторно подоцна кога ќе е погладно. Нормално дека ќе има застој во развој, говор, способноста да го задржи вниманието на некоја друга работа освен зјапање во тв, телефон и сл. Многумина кои ги познавам се гордеат со тоа што тодлерот знае сам да си пушти видео на јутјуб, знае руски од Маша и медо пред јасно да изговара барем 50тина зборчиња на мајчин јазик, има акаунт на Тик ток (поголемите деца) итн. Многу е потешко денес да се забрани кога технологијата е толку лесно достапна и буквално на секој чекор околу нас, но треба да се стреми кон тоа изложеноста да биде што е можно пократка.
Апсолутно! Детето е креација на родителите. Бара многу вложен труд, нерви ортоми ама се се исплати. Ние гледаме 15мин цртан со мики маус на тв и толку, др ни е приказни, песнички, играчки и се во круг. Но, дете пак е среќно и насмеано и цица бидејќи му е посветено внимание. Сум за еден цртан да се изгледа ама побогу има на дизни еден тон, зашто глупости?!
Не гледам нешто многу трагично во пуштен телевизор во соба, се' додека бебе не зјапа во него. Ама не ја разбирам потребата од оставање мало бебенце во релаксатор или што год пред тв (Оваа слика се' почесто ми излага по соц мрежи) нормално дека вака со саати ќе седи без трепнување Точно, додека се мали тешко знаат да се занимаваат сами подолго од 15 мин. Уште не разбираат доволно да си играат со играчки, па мора да си им во близина и да бидеш интересен. Јас ретко гледам тв, пред да се роди синко серии зјапав постојано, ама сега веќе немам ни потреба некако. Го пуштам колку да има некој звук дома, оние кои се сами со бебе по цел ден ќе разберат. Или пак радио врти Не сакам претерување во ништо, па така ни во ова, нема да расте бебе под стаклено ѕвоно. Подоцна и тоа си има последици, ама додека е под моја контрола, колку можам ќе влијаам Се слуша само на мак јазик, бидејќи цел ми е дете прво да научи да говори на мајчин јазик, подоцна и да пишува кирилица, овдешниот по дифолт ќе си го совлада. Иако сме долго овде, дома зборуваме само македонски. Има на јт една компилација македонски детски песнички, па ги пуштам на тел да вртат и му ги пеам на бебе. Гледам веќе ги распознава Кога ептен ќе му здосади, се глупирам на бејби шарк Бабите и дедовците го гледаат секојдневно на камера, но само на задната, без тој да ги гледа... Покрај целата тежина на далечината и тоа што не си го виделе внучето, ова не можам да им го ускратам. Или пак го потпирам телефонот некаде и ние си играме, а тие го гледаат
Епа тоа е проблемот, што идеално ние треба да ги занимаваме, а некогаш или си зафатен или уморен и пушташ да гледа, ама реалноста е дека не е во ред, сепак се во развој, е сега колку што може да се намали до минимум, целосно не може секогаш.
И мојата знаеше да се загледа во тв, обично музика нешто одеше, па не сакав тоа да биде и веќе не ни имавме уклучено телевизор. После година негде со по некоја песничка се почна. Ама со контолирано време, или кога навистина било потребно. Воопшто не се препорачува кај бебиња тв, а и нема потреба. На крајот за детето нема никаква корист од тоа. Еве и сега, гледа ограничено време, не е цело време пуштен телевизорот никогаш. Се знае дека седнува да гледа цртани за одмор и тоа е тоа. Ќе се одмори, се гаси тв, па се продолжува со други активности. За загрцнувањето и мене ми се случи, спиеше до мене среќа, ја слушнав дека нешто хрчи, кога ја погледнав ширум отворени очиња, се гушеше цела, ја кренав само ја тапкав по грпчето, бљуцна и се смири. Хорор беше тоа, не знам што ќе беше да не ја видев. За спиењето заедно не е за секој, не се ни препорачува ако спиеш како труп, ако не се дои, ако се пуши или се пие, или ако душекот не е погоден... Има работи што треба да се знаат пред да се земе бебето да спие со вас.