Безбедно возење на децата во автомобил

Дискусија во 'Дете' започната од okcenzi, 24 август 2014.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    Милиони деца кои се нашле во возило, случајно или намерно имаат трајни последици или завршуваат со негативен исход, од малото но сепак големо невнимание на нивните родители кои по трката со животот за што побрзо извршување на своите обврски, го ,,фрлат“ своето дете во автомобилот притоа без да подразмислат на несаканите последици кои можат да се случат при управувањето со своето возило.

    Дали се задолжителни детските седишта според вас?
    Дали им дозволувате да седат на предно седиште (сувозачко)?
    Дали им дозволувате да седат во скут додека вие возите?
    Дали ги оправдувате татковците кои им дозволуваат на децата да го држат воланот, па и на кратко самите да го управуваат?
    Која возраст сметате дека е дозволена, за да може детето да седи на предното седиште?
    Како постапувате ако одбива да седи на задно односно безбедното и со појас?
    Што мислите за безбедноста на децата во автомобилот воопшто?

    ако постои темава- канта

    Во врска со темава ќе оставам линк, кој навистина застрашува
    http://mkd-news.com/strogi-kazni-za-voz ... -sedishte/
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    58.171
    Во Македонија генерално безбедноста на децата во автомобилите не е на соодветно ниво.

    Додека бебињата се почесто се возат во седишта, дали заради законските обврски или подигната свест - не знам, поголемите деца многу ретко, речиси никогаш не се возат во седишта за нивна возраст, ниту пак се врзуваат со појас.

    До нас родителите е, не е до децата. Како ќе ги научиш - така ќе прават. За жал, ни јас не сум исклучок. Имам седишта за деца до 12 години, ама кога ги купивме возевме дома службена кола, и едно време секој ден ги стававме и вадевме на работа, за после некое време да престанеме да ги употребуваме. Баш деновиве размислував да почнам на децата да им создавам навика да се врзуваат позади. Сега веќе можат да се врзуваат и без седишта, иако не им е толку удобно.

    За мене најголем проблем е безбедноста на отворен пат. Кога одиме на одмор децата најчесто се легнати и спијат, тотално небезбедно. Ама патуваме околу 13 саати, и не знам како и дали би го издржале патот седнати во седиште. А на отворен пат се вози со поголема брзина и се прават најголеми бељи.

    Седење на сувозачко седиште или во скут никогаш не би дозволила.
     
    На M&M и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    56.596
    Пол:
    Женски
    Кај мене законот е екстремно ригорозен во однос на безбедноста на децата во сообраќајот.

    Од болница не смееш да го изнесеш бебето доколку немаш бејби капсула, тој е фискен транспортер за првите 5-6 месеци, зависи од тоа колкаво ти е бебето.
    Седиштето до една година е свртено обратно од седиштето, после годината може да се сврти на напред.
    Децата до 5 години мора да седат во седиште, после тоа треба да седат на бустер седиште и обавезно да бидат врзани со ременот.
    До 12 години е забрането децата да седат на предно седиште.

    Многу пати имам прочитано тука на форумот како само "супер" мајки успевале да им седаат бебињата од прв ден во седиште, демек сме имале мирни бебиња и со тоа го оправдуваат не ставањето на бебињата во седиште.
    Јас не смеам да си го дозволам тој луксуз да ги возам децата а да не се во седиште врзани, зошто кај мене нема чичо, вујче, директно казна од $1500 а ако повторно те фати полиција со неврзани деца, службата за заштита на децата ти ги одземаат поради намерно загрозување на животот на детето во сообраќај.
    Така да кога моиве плачаат нема да одам никаде ама нема никогаш да ги возам неврзани или да ги држав во раце а да не бидат прописно врзани во седиште.

    За седење во скут додека управувам со возилото, директно во затвор ќе отидам, впрочем на Бритни Спирс и ги одземаа старателство над децата (ово пред да се шекне) баш поради тоа што беше фатена со помалиот син како и седи во скут додека вози, е дотолку се строги законите по странство.

    Мислам дека имам некаде пишувано по темиве, тука од кога почнаа да ги воведуваат сите овие закони за безбедност на децата, инаку од кога бев јас мала седев само назад и врзана со каиш, немаше тогаш седишта, во последниве 15 години смртноста на деца испод 5 години во сообраќајот е намален за 75% што не е воопшто мала цифра, тоа за оние кои не веруваат дека има врска дали седи детето во седиште или кај мама во раце.
     
    На M&M, AngelOfArh, Glasna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Да треба да бидат задолжителни седиштата, не би им дозволила пред 12год., и тогаш ќе мора да се врзани. Сум противник на седењето во скут и учењето на децата да возат уште со 15/16год. Не оправдувам такви постапки на родители - но тоа си е нивна одговорност за последиците навиките и желбите кои следат по таквиот настан кај тоа дете. Дури и дозволената 12 мислам дека е рана возраст, јас би рекла 14. Или ќе седи позади или нема одење - јас за тие работи за мене во сообраќај сум си ригорозна, така сум израснала и ете ништо не ми фали, така ќе е и со моето дете.
    Единствено имам замерка тоа што не е со закон дозволено транспортерот да е на предното седиште врзан. Ај нека ми објасни полицаецот и законодавецот, како да го пренесам тоа мало бебе кое кенка, а мора да стигнеш пример до лекар?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    6.665
    Пол:
    Женски
    Мајки дали смее транспортер да се стави на предно седиште, секако свртено обратно од седиштето? Колата ми е со 2 врати и мн ми е тешко да ка ставам/вадам од транспортер во кола. Јас ја ставам позади но имам слушнато дека може и напред до 6-9 месеци???:?:
     
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Мислам дека по закон не смее, како што не смее ни дете под 12 години да седи напред.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.685
    Допаѓања:
    103.076

    Па нема што да се објаснува.
    Ако вика дека не е безбедно, нема што полицаецот или законодавецот да објаснуваат.
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.666
    Допаѓања:
    252.267
    Пол:
    Женски
    Со новиот закон министерката изјави дека и деца под 5 годишна возраст ке седат напред .Имаше на канал 5 .
     
  9. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Ова не е точно, погрешно си разбрала, ќе треба да бидат врзани иако седат на задното седиште, а не да можат со 5 год да седат напред.
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.666
    Допаѓања:
    252.267
    Пол:
    Женски
    Транспортер е дозволено на совозачко седиште доколку е извадено предното перниче.Причина за ова одлука е тоа што често родителот се врти назад да го гледа бебето и лесно може да дојде до сообракајка.
    Јас бар вака ја слушнав дека кажа :)
    Ако сум грешка се извинувам
     
    На MissDior, chocolade, smajlii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.560
    Допаѓања:
    232.174
    Клучниот елемент е дективирањето на перничето на предното седиште бидејќи во случај на несреќа истото ќе се активира и ќе настанат смртоносни повреди на бебето.
    По завршувањето на патувањето секако да не се заборави истото повторно да се активира за следниот патник.
     
    На MissDior и imelda им се допаѓа ова.
  12. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Се извинувам joy1 ова било нешто тазе од денес. За да нема недоразбирања еве го во видео форма за да на сите ни биде јасно. Значи неможеш ти твоето 5 годишно дете да го возиш напред туку само додека е бебе во посебно столче под одредени услови.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Аууу ич не сум апдејт имформациите...фала на инфо
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Тој што го донел и тек како треба да објасни
     
  15. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    25.129
    Пол:
    Женски
    Многу сум за! Од кога е роден се вози во посебно. До 3 месеци во корпа, до година во транспортер после година седиште. И најмала дестинација го ставам, да знае дека така треба, да се створи навика... И не го кревам ако покажува нервоза.. Напочетокот и ќе заплачеше но не попуштив... Ако го кренев тогаш ќе знаеше што му е оружје за манипулација... Седам до него, ќе изигравам и кловн.,али веќе и на подолг пат седи без проблем
     
  16. ArmaniCode

    ArmaniCode Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Definitivno treba decata da bidat na detsko sediste I toa samo pozadi. Znaci bezbednosta na deteto e mnogu povazna od toa dali placelo sto ne bilo na predno sediste. Ziveam vo stranstvo I tuka se pocituva strogo toj zakon, do Edna godinka po zakon mora sedisteto na bebeto da e svrteno taka sto deteto ke gleda na nazad no preporakata e toa da se pocituva do dve godini, e sega od koga bebeto ke napolni Edna godina taa odluka ja ostavaat na roditelot dali ke go svrti sedisteto iako preporacuvaat da ne se vrti.
     
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    4.163
    Majki, kje zimame nedelava sediste za kjerka mi, dajte nekoj soveti koe e najdobro i najbezbedno sediste (so spustanje za spienje kje kupime oti ni treba za pat) i kako se montiraat za sedisteto, ima li nekoja matematika, ili nekade kaj sto montiraat sedista vo Germanija so licenca??
     
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    24.518
    И кај нас важи законот, е сега колку се почитува тоа не знам.
    Безбедноста на нашите деца пред се, но ќе лажам ако кажам дека баш секогаш е во седиште или во транпортер. Особено во транспортер, ептен ретко ја ставав од причини што врескаше до степен на помодрување, губеше ваздух, а јас мавтав со тропкалки и играчки ама џабе, не успеав да ја научам да седи во него. Ризикувавме со помислата дека нема нам да ни се случи нешто, ама стварно многу труд вложив и не успеав да ја замолчам во транспортер. После фатив друга тактика, настојував заспиена да ја ставам во него е така патувавме секогаш кога требаше на подалеку да се оди. Делумно беше надминат проблемот.

    Бев скептична кога требаше да се купи седиште, ама нели за бебзедноста на детето вреди навреме да се обидеме, за да знае од малечка какде треба да седи.
    Воглавном го користиме и седи во него, ама има и искулучоци кога ја земам во скут и така се возиме. Кога патуваме на подолги релации (искрено ретко) знае да прави проблем па ќе ја земам во раце и за некоја минутка пак ја враќам.
    Инаку за низ град сама си седи отпозади, ретко прави проблем. Се трудам да не и попуштам, да знае каде треба да седи , да си го знае местото, но имало ситуации кога сум ја држела во скут. Напред сеуште се нема возено а и има време кога да се учат со татко и како се вози моторно возила, па и тоа го оставаме за понатака.
     
  19. џунџуле

    џунџуле Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.446
    Пол:
    Женски
    од колку години децата смеат да седат на предно седиште во автомобил?
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.560
    Допаѓања:
    232.174
    На предно седиште без додатна помош дозволено е за деца кои се постари од 12 години и повисоки од 150 цм.
    Доколку ја исполнуваат старосната граница а не и онаа предвидена за висина сепак потребно им е соодветно седиште во вид на перниче врз кое ќе седи.

    Се препорачува предното седиште да не е многу нанапред поставено за да се одбегне јак удар со аирбаг-от во случај на сообраќајка.
    Дури и бебе смее да седи напред, во транспортерот, но во овој случај треба да е исклучен аирбаг-от.
    Да се обрне внимание седиштата да бидат соодветни и вистински монтирани, односно прицврстени.
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.