1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безвредни лица

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Squirrels, 10 ноември 2010.

  1. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Незнам дали има некоја ваква слична тема...ако има преместете ја.....

    Денеска ми се случи нешто што ме натера да размислам....ЗОШТО НА НЕКОИ КОИ НЕ ВРЕДАТ НИШТО И ЗА КОИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАМАРАМЕ НИ МАЛКУ ....ИМ ПОСВЕТУВАМЕ НЕПОТРЕБНО ВНИМАНИЕ ( се нервираме поради работите што тие ни ги направиле...дури и лееме солзи кои ни малку не ги заслужуваат!!!)
    Самата на себе веќе 100 пати се кажав не вреди...не заслужува и пак се нервирам...дури и се расплакав...
    си го зафркнав целиот ден....за една толку проста личност која пати од толку многу комплекси па најде на мене да си ја лечи фустрацијата....

    Ви се случило ли и на вас истото да се нервирате за некој кој навистина не вреди....знаете, а сепак неможите да си помогните.....
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlWithGreenSkarf

    GirlWithGreenSkarf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    11
    БЕЗВРЕДНИ ЛИЦА

    Темава како за мене отворена... :(

    Секогаш, ама баш секогаш се нервирам поради лица кои не вредат ни една моја мисла да потрошам на нив... Незнам зошто, но ете, најверојатно таква сум - кинам нерви за нив.

    Се случи една непосакувана случка со дечко ми, толку му се налутив што не сакав лице да му видам, го избиришав од контакти на МСН, го избришав и блокнав од фејсбук, ги избришав сите пораки од него на мобилниот, и го потпишав на моб. како НЕПОСАКУВАНА ЛИЧНОСТ. Тоа беше пеколна недела за мене, богата со нервози и накачен притисок. Дечково сфати каква грешка направи, ме молеше да му простам, ми се јавуваше... и јас - глупава, заљубена до уши, по некое време му простив. :(
    Но едно му реков - можеби простувам, но никогаш не заборавам!!! :( :( :(
     
    На Avokado, ana.ubavkata и Floyd12 им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Неколку пати сум ја споменала една екс другарка.
    Девојчето имаше некоја манијачна опсесија мистериозно да станува најдобра другарка веднаш откако ќе раскинев со некој дечко со него, или да го свиѓа дечкото кој мене ми се допаѓал на времето, или да излезе со некој со кој јас веќе сум била на кафе... итн, итн.
    Често се случуваше да добијам порака од типот: Еј, јас сум таму, тука е тој и тој (дечкото), ама без гајле јас ќе ти го чувам.
    А јас на пр. спремам испит или сум болна. :^) додека она "ми го чува" нели дечкото, зашто е така фина и добра другарка.
    Имаше и ред други перипетии, се додека не ми ги скина живците и не ја прели чашката.
    Јас отпрвин мислев дека несвесно го прави тоа и во себе се нервирав, ама простував.
    Подоцна сфатив дека е манипулатор, што глуми само невешта.
    И така ја ставив на игнор.
    Значи, не се скарав.
    Едноставно престанав да и зборувам и толку.
    Година дена сме само на едно здраво и понекоја порака за роденден.

    Јас сум комплетно посреќна личност без нејзиното присуство во мојот живот.
    Тоа е едно тотално безвредно лице и не можам да сфаќам зошто сум потрошила толку време и нерви за другарка како неа.
     
    На prashinka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Јас безвредните лица ги имам исфрлено од мојот живот и не се замарам со нив воопшто.Порано не беше така,се замарав со се и сешто,па дури и со тие што не заслужуваат името да им се спомне.Го осетив тоа на свој грб,колку е сурово некој што го сметаш за близок да те изигра.Сега добро ги отварам очите и внимавам со кој како треба да се постапува.А кога веќе еднаш некој ќе исфрлам од мојот живот тоа е засекогаш,никогаш не се повратувам на тие исти личности,тие веќе се завршиле со мене.Животот продолжува да тече понатаму и нема време за да се задржуваме на безвредни работи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Ох, ох ..
    Колку си само безвредни лица се мотаат околу мојот живот,за кои сум трошела нерви заради тотално НИШТО! :)
    Толку искомплексирани личности,толку личности што „знаат’’ да ценат само едно : изгледот,односно материјалите што ги носеш на себе,личности што само едно зборуваат: КОЈ што облечел,кој каде бил,кој со кого бил. |(
    Ама почнав да избегнувам такви лица и искрено,многу ми е подобро..
    Btw,баш ми се мота и песната од Архангел во главата: „..без гордост и без срам,
    Ќе останеш без дела за вреднување, ќе останеш без моќ и магија, било што да промениш.."
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Хмм..Да е само една особа таква..Ги има многу. Едноставно не опкружуваат. Имам и јас. Не знае што со себе. Не знае да се среди, па мене ми љубомори. И пробува да копира. Се што ќе купам, наводно таа го пробувала(демек јас сакам да ја имитирам, па сум купила). Ако се спомне за дечко, ете ти ја и таа...исто и јас, ова она. Не знам зошто толку многу сум и опсесија. Или, чекајте може знам.... :!: Таа знае колку вреди, знае колку јас вредам. Знае и сама кои маани ги има, зошто нели не е слепа. Само, што се прави дека е полна со самодоверба, и мисли дека баш таква ко што е ќе ја сакаат, и живее со тоа, и не се секира воопшто, што ја имаат сите момци што ги свиѓа одбиено. Па да, ќе одбијат, но тие не гледаат само физичка убавина...Ти додека седиш дома, и уживаш, јас работам...А ако сум дома чистам готвам, ти ништо.....Кога идам у град, се средувам прикладно. Парк, кафич и диско не е исто.....
    А и однесувањето...Е сето тоа прави една особа безвредна или вредна........Не сум кој знае колкава лепотица, но она убавина што ја имам знам како да ја носам....Секогаш ведра и насмеана, а не мрза со наведната глава.
    И сеа, вреди ли јас за ваква особа да се замарам и секирам. Али јбг, некад ме вади од такт. Ко на пример сеа, па се изнапишав.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Претпоставувам дека некогаш лошо ги проценуваме луѓето па и трошиме време на нив. Но додека еднаш не се изгориш па после дуваш и на ладно тешко дека ке се освестиш дека околу тебе има безвредни лица.
    Јас не се ни најмалку замарам со такви лица. Еднаш се здраво изгорев и веќе нема простор за втора грешка.
    Не треба на секого да му се слепо верува па и на најдобрата другарка/другар. Денес кога цвета лицемерието треба да си добро претпазлив и најмалку да губиш нерви на некој кој е безвреден, а и нервите се скапоценото нешто на денешницата кои треба да си ги чуваме 8)
     
  8. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Истото и јас :(
     
  9. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    Со безвредните лица не се замарам,едноставно ги прешкртувам од листа на живите и си терам понатаму.Со некој ако не си се разбрал со убаво нема резон да се караш.
     
  10. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    ’Најдобрата другарка‘ или барем таква се правеше цели 9 години.Ма никој не е вреден да се нервирам за него тананааааа ...си го бараше сама овој крај јас не сум нејзин роб и исполнувач на желби :)
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Најверојатно бидејќи претходно ни значеле и веќе сме приврзани со дотичните. Тешко е да се одвикнеш од нешто, да заборавиш и занемариш.

    Со колку вакви личности сум имала работа, можам докторат да напишам и пак да немам кажано се. И цело време велам никогаш нема да простам, никогаш нема да направам исто за друга личност...
    Изгледа од грешките баш, баш и не си учиме.
    Односно не знам за другите, ама за мене е со сигурност така.
     
  12. Independent147

    Independent147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    53
    Безвредни лица насекаде.И тие сиромашките пробуваат да си го најдат местото во овој свет каде што се ценат оние со вистински вредности.Едноставно ги жалам... :x
     
    На Tanjamm и ana.ubavkata им се допаѓа ова.
  13. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    За никого неможам да кажам дека е безвреден.
    Секој човек на некого му значи повеќе, а на некого помалце.
    Во мојот живот има луѓе кои ми значат многу малку, но се случувало некогаш чисто од инат да пробувам да им го привлечам вниманието и сум се замарала со нив.
    Сега веќе не е така, се грижам само за оние што ми значат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Дали јас погрешно сфатив или стварно викаш дека сиромашните се безвредни лица? :o
    Девојко, тоа воопшто не е зрело од твоја страна.
    Како прво - некои од тие богатите не можат на малиот прст да им се фатат на сиромашните. Можеби тие имаат палата, тие имаат ферари или бмв , тие се совршено облечени, никогаш не носат едно исто двапати. Но, дали си се запрашала дали они стварно знаат да ценат? Така ги расфрлаат парите-за ништо. Дали тие некогаш слушнале за вистинска љубов? Ма јоок.
    И они само се ослонуват на мама и тато. Пф, шо ќе се замарам, тато е адвокат, мама е директорка. Многу ми е гајле мене.
    А, сиромашните повеќе се пропатиле, знаат што во суштината значи животот. Живеат во реалноста, работат за парче леб, а не да чекат од мама и тато. Знаат што е вистинска љубов. Знаат да ценат, го ценат и она малку што им е дадено, што го имаат.
    Грешка е , голема грешка да судиш според парите.
    Можеби, јас не сфатив убаво, се извинувам.... Се извинувам. Можеби си мислела на нешто друго. Уште еднаш се извинувам доколку е така. Текстот е во спојлер зашто е сепак офф топик.

    Безвредни лица... Хм... паа, постојат. Ама, не се ни замарам со нив. Стварно ми е плитко со неа/него да се управувам. И бестоа никогаш нема да најдеме заеднички јазик. ;)
    Едноставно еден игнор е доволен и чао, пријатно.
     
    На ana.ubavkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dushka-07

    dushka-07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Срцка како за кого :) Јас на пример не се замарам со ништо..
    А за љубоморни па ич !!
    Ме „заболе“ многу кој како мислел за мене... гајле ми е.. Само можат да зачистат таму каде што газам ..и така се позади мене ;) Ти препорачувам и ти да не се замараш..
     
  16. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Колку пролеани солзи,колку нерви сум кинела за безвредни лица.Коа ке си го вратам филмот се чудам колку сум била глупа и сум се нервирала за лица кои не вредат.Но сега е друго,сега ич не ти се замарам.Зошто они не плачат за мене, или пак зашто они не кинат нерви за мене и не си ја трескаат главата од ѕид?!..Таквите личности одамна ги избришав од мојот живот!Не за друго викаат "Цени си ги солзите и не дозволувај да бидат пролеани за секого."Не само солзите ценете си ги и нервите и времето кое наместо да го потрошам во нервирање за некоја небитна личност,ке го искористам убаво.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Јас се нервирам зашто не смеам фацата исфрустрирана да им ја пукнам на таквите нели јазикот на насилството не се користи во 21. век
     
  18. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Ми се случило да се нервирам за безвредна особа, но од секоја таква нервоза се изградив себеси како личност и во последно време веќе не си ставам работи на срце и се радувам на тоа.
    Безвредните личности си имаат едно IGNORE од мене и ЧАО ПРИЈАТНО.
     
    На Tanjamm и dlikedevil им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ооооо колку ли само колку нерви сум потрошила на такви работи. Во најкритичните години, во пубертетот, ме маваа невротични напади за безвезе особи и сега ми е криво. И тоа толку ми е криво, што никако не се прави, ама на грешките се учи, ако не нешто друго.
     
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Е е е е темава! Па да бе, мене тоа ми се случуваше до пред некој месец кога конечно отворив очи, и не само јас туку цело друштво. Типката толку беше вообразена, ни одговараше ко да сме и под ниво и ние пак и се замаравме и се трудевме да биде се ок ! Море марш ! :x
    Со кој памет незнааам :fubar: Само ај, сега конечно се одалечивме, нека си седи сега така, кога на сите ни пукна филмот веќе :^)