Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безвредни лица

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Squirrels, 10 ноември 2010.

  1. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Јас имам три најневредни другарки за трпење ноо ги трпам поради мојата најверна другрка зашо нејзе очигледно и се вредни... А незнам зошо.. :/
     
  2. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Еве една пред..извесно време.
    Мислев дека и е ставено до знаење нејзината исфрустрирана, ниска, ружна (што је, је :o ) 'персона' да не ја поврзува на никаков начин со мене, едноставно да заборави дека делиме димензија, али неа изгледа толку и изнесува IQ-то.
    Да се замарам со неа? Нее.. Зошто ја спомнувам овде? Па остај тоа таа што не ме вади мене од глава, смешна ми е бе, сирота :D Но, не е само тоа. :!: Ми отвори нови хоризонти, до каде може да оди една очигледна полуписменост со која се храни его, до каде може да оди нечија малициозност, воајеризам и т.н.и т.н. Ајт, не е битно, доста и беше, па не е баш дека научив којзнае што од неа, обичен лаик и аматер.
     
  3. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Фамилијата,другарките и мачето мое најслатко се друго околу мене се безвредни лица :D
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Можда ќе зборам, ама секогаш ќе се замарам со таквите. Мислам некој ден можеби ќе се опаметам, ама не знам нешто ме влече накај нивните тензични и негативни карактери :D
    Најчесто се обидувам да ги променам. Е баш сум смешна :emo:
     
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Мене ми е малку глупав насловот, па и воведот.
    Мислим, јес да не вреди да се нервира човек, ама безвредни? Автоматски ми иде ко потценување на некои на кои им сметаме или ни сметаат на некое поле, па ај.
    А безвреден човек нема, да не се лажеме. Може мене ќе ми е за никаде, ама на друг ќе му значи повеќе од сиот свет. Туку да не дрндам. Јасен ми е концептот на темава. :D
    Најискрено, јас никогаш се немам најдено во такви ситуации да се замарам за ојлевци-дојлевци.
    Првенствено зошто градам бариери за таквите лица, онаму каде што сметам дека треба да стојат, па затоа не давам доволно материјал од кој би можеле да настанат збрки за замарање.
    Во случај да настане, не реагирам веднаш, туку одреден период си седам незаинтересирано во сенка и го скенирам развојот, притоа давајќи шанса во меѓувреме да се повлече ситуацијата, за да не биде до мајчината. Ама кога упорно самите се удараат во ѕид и ми газат на жуљ, лет д гејмс бигин.
    Нит се расправам, ниту спуштам муабети и праќам поздрави, бедно ми е. Само си чекам погодна ситуација во која толку природно ќе изреагирам како што треба, со одбрани зборови и дела, што нема место за никаков сомнеж дека потекнува од мене. Скриено и на нивоу. :D
    Ги снајде, баш од мене ги снајде, ама ни од далеку не се свесни за тоа.
    Сам себе фалел, ама барем за тоа ме бива. :D
    За разлика од овие кои ми значат и за кои цркам јасно и гласно од мака, овие “небитниве“ ги убивам постепено и со пригушивач.
    Додуша и два пати само ми се има случено досега.
    И тоа офц, од “најдобрата“ другарка што ја знаев од 2 години. Затоа, ете ја сега етикетирана и не излегува од дома затоа што нема со кого и знае дека ќе ја покажуваат со прст, згора мораше и да бега да студира подалеку, кај што нема да ја познаваат. Ама, добриот глас надалеку се слуша. :lol:
    Not my fault. Кога си шуто и се бодеш, без притоа да се гледаш себе, самиот си копаш дупка.

    И среќа моја што сум ваква ко што сум. Зошто кога ќе видам како се кучкараат по улици или си посветуваат глупи песни и отруени статуси по ФБ, па собираат чопори околу нив и се замараат за бедни баналности, ме фаќа толку тешка серка, што цел живот ќе си бидам благодарна себеси што не сум потпаднала под тоа влијание.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.166
    Кога читам мислења во вакви теми се прашувам...каде тогаш се тие лоши луѓе?!
    Секогаш се некаде на друго место,на Марс можеби?!
    Не можеме сите да се сакаме и поднесуваме. Може да се работи за две добри личности кои едноставно меѓусебно се иритираат, си завидуваат кој знае зошто,си имаат свои причини и заеднички интереси кои едната полесно ги остварува...толку. Човечки е да чувствуваш завист,само на здрав начин.Зависта е само одраз на она кое сакаме да го имаме,но не можеме или не знаеме како,не поттикнува да учиме и да копираме како би си ги оствариле нашите желби. Кога ирационална и болна...почесто тера на злобни потези или пасивна омраза.Си има и луѓе кои не се лоши,ама ненамерно од брз јазик,од забава ќе кажат некој трач кој ќе ве повреди,а не се лоши,ете си сакаат да си зборат(на пример кога едната личност чувствува одговорност да полага сметки на друга личност за се,дури и туѓи интимни муабети).
    Ако не е личност со која сте изградиле силна врска,секако дека полесно ќе ја наречете безвредна злобничка,лош човек, но ако ви е сестра,мајка,блиска другарка (особено блиска другарка) и да ве повреди, ќе проголтате и ќе рационализирате.

    Да,навистина има лоши и злобни луѓе,навистина. Кои би ти нарушиле углед на работа (последен пример ми беше фотографија од личност како си седи на фејсбук на пауза и оп негова фотографија со уклучениот програм за работа,ова е класична злоба и поганост),би ти разтрзале пријателство со лаги, би ти го земале лебот, кои сакаат да патиш и да те видат понижен... Aма не секое недоразбирање некого прави безвреден и лош и не знам веќе каков. На крајот, знам такви личности кои ги погодува кога дискутираме и не се согласувам со нив...и веќе не дискутирам,зошто не разбираат дека им го напаѓам ставот,а не нив како личности и ете,ме имаат доживеано како некаква...и потоа се имаме објаснето и запознаено подобро и сме ја сфатиле поентата.

    И то,да,лошите луѓе се секогаш некаде на друго место,а не во кругот во кој се разговара.
     
    На MissPagane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    има неколку не ги поднесувам од таа причина шт се мешаат во се аман :@ :devil:
    нека си го живеат својот живот ане да се замислуваат нај нај и да ги повредуват другите
     
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Кога малку ќе размислам и немам некој безвредни лица во животов.. мислам сега немам..

    Имав една другарка постојано бевме заедно и се' си кажувавме.. на крајот дознав дека она сетоа тоа што јас го зборам ко кажува на личноста која најмалку трбаше да знае, не дека зборев јас лошо, али сепак не смееше да се меша :!:
    Прекинав секаков контакт и пишав кратка порака и тоа е тоа.. ѕвонеше, пишуваше пораки, доаѓаше кај мене, плачеше, се каела, сето тоа било заради мене.. хахах од каде она знаеше што е најдобро за мене...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    ЕДНА СЛИКА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ! Честопати сум опкружена со луѓе што едноставно некогаш неможам да ги поднесам..Секој на своето лице ја има својата втора маска ...безвредноста,безчувствителноста...кога тогаш излегува и тоа!
     

    Прикачени фајлови:

  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Имам едни другарки прават најлошо за мене тие се безвредни не можам ќе ги убијам кој се тие недолини да давет коментари бе за мене?? јас немам мајка татко да видат што прават ќе се разбериме од 1 септември ако продолжат така :@:@:@:worried:
     
    На the drummer му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.202
    Пол:
    Женски
    На секого тоа му се случува и кога некој ќе рече не се замара, епа баш се замара уствари. Но јас во последно време ставив точка на непотребните мислења и грижи заради некои такви безвредни и поубаво ми е.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Нема безвредни луѓе, има безвредни пријателства.
     
    На Tanjamm, CameliaMiller, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Контактирам со релативно мал број на луѓе, па можеби и затоа ги нема во моето блиско опкружување.
    Многу сум дистанцирана во комуникацијата и не создавам подлога за да може некој ваков вид да опстане. Имам поставено бариери и не давам можност за да се случат ситуации од кои ќе треба да следи примена на стратегија за разврска.
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    И јас сум за некого безвредно лице.
    И за мене има такви, и тоа околу мене.

    Како старее човек така му станува јасно дека освен за домашните за се друго е безвредно да се збори и да се нервира.

    Сепак животот и сите збиднувања не се вртат само околу нас, сакале или несакале сме инволвирани во животите на блиските и пријателите, така да, мора да водиме сметка за нашито однос кон сите нив, па макар и да се безвредни.
     
    На Glasna, Lilit, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.519
    Допаѓања:
    166.152
    Пол:
    Женски
    Можеби има личности безвредни во мои очи, несакани, одбегнувани, но тоа не значи дека вистински немаат вредност. Знам да бидам лута и некој да ме нервира и да ми створа нелагодност ама тоа не значи дека тој човек е вистински безвреден, иако во моите очи е само дел од сите други.
     
    На CameliaMiller, Someonespecial и referentka им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    Не постои човек кој е целосно безвреден за сите и во сè.
    Дури и најнегативните карактери за луѓето околу нив со вистински вредности служат за пример - каква личност не треба да се биде. :)
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.935
    Едно е да не се замараш и трудиш околу некој за кој не вреди да се замараш (нема да се промени кај него тоа што ти сакаш да се промени), а сосема друго е некој да биде “безвреден“.

    На светов не постои безвредно суштество, секое битие има своја улога.
    Па посебно па за човек не можеме да кажеме дека е безвреден.
     
    На Mr. Right и doubleg им се допаѓа ова.
  18. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Opkruzena sum so takvi, se nadevam eden den nema ni da se sekavam koi bea
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Бегајте од такви ако мислите дека се безвредни, едноставно ќе ве наполнат со негативна енергија, ќе ве затупават со своите лекции како треба животот да се живее. Тоа се за мене празни луѓе, немаат среќа во животот или самите не се трудат доволно за ништо, па се некој е крив, посебно тој што не е како нив.
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Веќе ги исфрлив од животов сите безвредни особи . Со некои сум на повремено здраво кога случајно ќе се сретнеме низ град , а со други и на толку не сум . Животот е многу поубав кога до себе имаш вистински пријатели и луѓе кои вредат :nod:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.