Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безжичен интернет или пакет кабловска со интернет?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од zoricavelkov, 4 декември 2009.

  1. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    340
    Ози Ејнџел, кога ги местеше сетинзите на рутерот, кој интернет протокол го намести? PPоE? Провери тоа и пиши, ако можеш направи принт скрин на прозорецот со подесувањата на рутерот и постирај ја сликата овде. Па ќе ти дадам понатамошни упатства.
    И пиши ми го точниот модел на рутерот.

    А инаку претпоставувам не ти ги отвара мејл, фејсбук? И апликациите Месинџер или скајп, така?
     
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.226
    Вака: моделот на рутер е Белкин, во текот на инсталирањето не можеше да се инсталира едно програмче за клучот(барем така пишеше). Јас мислам дека тука е проблемот, инаку не ми отвара апсолутно ништо, ниту насловната страница! Сношти имаше нет некаде околу пола сат и после пак немаше :( Брат ми го однесе во продавницата кај што го купивме за да ја проверат постапката за инсталација, па ќе видиме што ќе биди, ако и натаму прави проблеми ќе ми треба помош!

     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ја имам пакет кабловска со интернет, и не сум задоволна а за менување малце тешко
    па си се тешам
    подобро ваков отколку ич :lol:
    Бавен е, а тоа ме нервира
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Има ли некој кабловска со интернет на Уан, да сподели искуство? Моите од наредниот месец приклучиле на Уан, па сега не знам каков ќе ми биде интернетот. А, добри програми има на кабловската или?
     
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Јас имам користено од ОНЕ ,само би кажал дека се катастрофа и со интернетот и боом тв то.Единсвено Т-Home си е правата ствар барем во Македонија.Поз
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Земале пакет од 3 услуги телефон/интернет/ТВ, за 1000 ден. Тие од Уан викале дека им бил најбрз интернетот, бла, бла, нормално така ќе зборат. Овие па се излажале . А, јас одамна сакав ВООМ, имаат интересни сериички. На Телекабел ништо нема за гледање.
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Безжичен! Да знаев дека е вака добро, многу порано ќе средев.
     
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Незнам колку се разбираш но нивниот така наречен бежичен интернет е со брзина од 1мега бит, додека адсл интернетот е со мин 6 мега бита .Цените се речиси исти .Мој совет преправете си го договорот на време а да напоменам дека ке се изначекате за инсталација на опремата мин 15 раб дена .Доколку споредиме со кабелски интернет пак е полош .... Боом тв то е само голема реклама нема ништо посебно.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Јас го имам бежичниот интернет на One и пакетот Бум, што им е со интернет, телефон и телевизија,засега е супер.Интернетот ми е брз, пред некој ден,од четвртокот до саботата-неделата кога беше, интеренетот ми беше бавен, па се јавив кај нив и ми рекоа дека имало нешто дефект, па ми го исклучија интернетот, па па го уклучија и сега еве брз си е како и порано.Воопшто не чекам при отварање на страни, е сега ако пример не платиш за месецот, откако ќе дојде 1-ви, скроз го намалуваат,не го исклучуваат, ама тоа намалување на брзината е всушност ништо не ни отвара, па ќе треба да си го платиш тој месец или колку и да фали за плаќање, па откако ќе платиш, веднаш ја зголемуваат брзината на интернетот.Мене така ми се случуваше, ќе платев, па после тоа, веднаш направија да биде брз.Ми се случувало и пример да се дисконектирам, поради некој технички проблем, па се јавував кај нив, па ми даваа друга лозинка за да се конектирам.Немам менувано сама лозинка за да се приклучам.Сега за сега, се уште ми е добар нетот, а за понатака, здравје, ќе видиме како ќе биде, ако е ок се, тогаш си останувам на истово.А за телевизијата има добри канали со превод, всушност можеш да подесиш сама за преводот, ќе ти кажат како околу тоа, доколку сакаш од кај нив.А за телефон, сега е тазе со телефонот,па незнам како ќе биде со тоа понатака :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    35.744
    Пол:
    Женски
    Јас го имам истиов пакет и интернетот е топ. Бумот не е којзнае што, ама па за тие пари е таман. Сличен пакет во Т-хоме е дупло ако не и тродупло поскап. Не фала.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас имам.
    Уште од почеток имаме од оне. Има едно 3-4 години.
    Најпрво имавме само со интернет и телефон, 10 гига. Па го зголемија на 20 гига.
    После го споивме и со бум, па 40 гига.
    И од 1ви јануари имам неограничен интернет, со бум и телефон.
    Јас искрено сум задоволна. Дури и кога имав 40 гига, ќе ги поминам, и не кочи интернетот, се е нормално. Само што секој гига се наплаќаше.
    Само како што кажаа погоре.. Ако не платиш неколку сметки, одма исклучуваат. И после мора сите да ги подмириш за да ти уклучат. Ама брзо иде тоа..
    Мене интернетот ми е супер, не ми кочи. Единствено прееска, ама дека симнував 12 филма. :wasntme:
    Јас го „манијачам“ интернетот, 20 прозорчиња со јутјуб ќе отворам, и пак не ми кочи.
    На домашниот баш и не зборам, нормален е ко што знам.
    Бумот само многу ме нервира тоа со антената, некогаш се мрда сликата, поготово кога беше со ракометот. :devil: А за преводи супер е, ако нема македонски, има српски. :) Има избор на канали, и радио канали. А и ако нема ништо интересно, има 3 со цртани па си уживам. :wasntme:
    Само ние никогаш не можеме да ги добиеме на телефон, секогаш таму одиме на лице место..
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    да прашам дали знаете како се проверува колку имаш потрошено интернет, мислам дека во комсии некој ми кради, или како да си ја сменам шифрата а и јас имам од ОНЕ, со бум :) ве молам кажујте :*
     
  13. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    3.988
    Пол:
    Женски
    Како да ставам слика во мислење? Ве молам кажете ми бидејќи многу не изнервира тоа
     
  14. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Општи прашања

    Воопшто не сум запознаена со wireless и таквите работи, па затоа ќе си прашам, не ми се смејте :$
    За дома да имам бежичен интернет, ќе треба да купам рутер, така? Гледам на страниве некои USB адаптери... со слична намена се тие? Гледам поефтини се од рутерите, па ако вршат иста функција да земам таков :?:
     
  15. kika13

    kika13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    104
    Општи прашања

    Е вака сеа.. мислам дека ќе ти треба рутер за бежичен интернет и мислам дека usb адаптерите не се со слична намена :)
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Општи прашања

    Епа,вака сега.И двете можеш,ама немаат иста намена двете.
    Е сега незнам точно за какви USB адаптери збориш ,ама ќе се обидам да ти објаснам.
    За дома,значи ти треба рутер.Е сега,би требало тие што монтирааат и што ти го активираат интернетот да ти дадат рутер,зависи од каде приклучуваш,некаде даваат бесплатно,некаде треба да доплатиш,зависно од операторот.Значи побарај им таму,кај што ти го приклучиле интернетот.Јас имам од blizoo(и го мразам,зошто е ептен глуп,ама морав од овде да приклучам,од T-home требаше многу долго да чекаме)и тие ми дадоја бесплатно рутер.
    А тие што се USB адаптерите,има само на неотел колку што знам,тие можеш секаде да ги носеш со себе,тие се некој вид бежични рутери,пошто оној интернет со рутер ти е за лаптоп,и ќе имаш низ цела куќа интернет,а овој ти е за да можеш секаде да го носиш со себе,преносен рутер,некој вид доаѓа.А има и на вип,за цела Македонија,се активира,ама незнам колку е претплатата.Мислам дека најслабиот беше околу 600,ама не ме држете за збор.
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  17. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Јас имам УСБ адаптер од Неотел (значи за ова не ти треба рутер ;) ) и сум многу задоволна. Си го мкнам кај сакам и секаде си имам интернет. Мојот пакет е 480 денари месечно, и имам 20 гб на располагање. А си имаш и други пакети, ќе си видиш кој ќе ти одговара
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Како си задоволна?Добар е сигналот ?Мислам до кое растојание фаќа?Не зборам за низ стан/куќа туку за во друг град?
     
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.518
    Пол:
    Женски
    дали некој има користено бежичен SunWireless (нешто како припејд картички за интернет ) ?
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.322
    Допаѓања:
    37.042
    Пол:
    Женски
    Ние имаме безжичен интернет. Задоволни сме од брзината. Не користиме дигитална телевизија затоа што ретко гледаме телевизија. Почесто сме уклучени на компјутер.