1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безнадежна романтичарка

Дискусија во 'Сингл' започната од glosipgirl, 8 јануари 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.559
    ^ Кога го меша со чиста и вистинска љубов ко дефиниција за романтика,нема како поинаку да се разбере... Чиста љубов може да има мајка кон дете, вистинска љубов има и денес, а романтиката е овррејтед,пријатна е кога е нормална, се останато е филмска врвна патетика. Заради тоа има сингл девојки со високи очекувања или не и чини дечкото пошто не е романтичен или она е најубава и најпаметна па и се плашат момците да и пријдат и така со бескрај.
    На крајот дефинирај романтика?! Романтична вечера под ѕвездите?! Ок,ама она ќе почне да плаче ако дечкото после сака да спие со неа на пример пошто тоа не би била чиста и вистинска љубов нали... или ќе му рече,еј ти ме мислиш за таква... Каква? Нормална? Да.
     
  2. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    и ја сум во кругот безнадежни романтичарки,знам денешново време е катастрофа пошто сите ти мислат само на мување или секс,а после кукаат дека никој не ги сакал.инаку и ја си глеам од тие филмчињата и си мислам шо е поентава шо изумрела ваквата љубов.остани си романтичарка барем си имаш свој свет каде навистина си среќна,а и од кај знаеш може ќе си најдеш таков :D
     
    На Pacifist и glosipgirl им се допаѓа ова.
  3. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Да бе,да....Зошто да се приземји и да научи дека убавината е во малите работи? Нека си сонува за трчање еден кон друг во слоумоушн и притоа да врне дожд. |(
     
    На Lilit и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Не. Не мислат сите само на мување или секс.
    Верувам во искрена љубов и во ова време. Неможеме да знаеме какво било тогаш. :!: Сите тие филмови многу лесно можат да бидат илузија, а и се.
    Те разбирам што посакуваш и можам да ти кажам дека во една врска се ти е романтично. Се ти е убаво, се ти е вредно. Начинот на кој се смее, начинот на кој ќе те гушне, ќе те бакне во чело, во зглоб на прстот, начинот на кој ти ја мрси косата, се ти станува крајно романтично. Прв пат кога јадете заедно, начинот на кој џвака (ова малце патетично :lol: ), начинот на кој се движи, се буквално ти станува мило кај личноста. И тогаш не размислуваш дали ова влегува во критериумите на романтичноста или не е романтично, дали се правело во 20 век или не. Кога запознаеш некој и после некое време се присетиш како сте се запознале ќе ти биде најромантичното нешто на свет. :inlove:
    Ти си имаш зацртано како некој сака да се понаша со тебе, што од една страна е добро. Треба да се знае што се сака, ама тие критериуми не треба да бидат превисоки. Ама од друга страна, ако премногу се задлабочиш во тој свет и дека работите мора да бидат такви какви што ги замислуваш можеш да испушптитш некој вреден по патот додека бараш некоја личност налик на филмовите.
    Искрена љубов постои. Секој ден читаме статии за луѓе во брак 60 години, за девојката чиј дечко ги изгуби нозете и рацете во Авганистан, Ирак или каде и да беше, што го носеше на грб.
    На пример, знам пар што се викаат ѓубре и говедце, за нив тоа е најромантичното нешто на свет. :D
    А The Notebook ми беше многу глупав, не го ни догледав. И Бела и Едвард ми се поромантични од овие.
    Романтично е кога Рон се лути на Хермиона оти си пишува со Виктор Крум. :lol:

    За мене романтично не е да ме запроси на сред плоштад или такви глупости. И нејќам сто и една ружа да ми даде. Една ама од срце. И има таква љубов. А кога некој сакаш и сте подолго време заедно нормално е да сака и да биде интимен со тебе, да те сака целосно. :)
    Тие што секс бараат уште на првото мување не верувам дека некогаш би можеле да сакаат искрено.
     
    На Hipster, Doozy, Micheleljubov и 2 други им се допаѓа ова.
  5. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Прво прочитај ги коментарите кои ги напишав во темава а потоа коментирај. Воопшто не сакам да те навредам, но, имав пишано дека баш тие мали работи се оние работи кои што вредат, а сега го преувеличивте. Значи не барам нешто што не постои. Туку тие мали работи кои укажуваат на голема љубов. И нема да повторувам по сто пати.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Муабетот ми беше дека се што е претерно е неубаво. Постои љубов и денес, но многу ретко ја има онаа вистинската без корист, љубомора и лаги. Јас за романтично нешто, како што уште на почетокот на темава мислам дека напоменав, го сметам секој мал гест кој ти покажува дека му значиш на човекот. Не зборувам за поместување планети, викање оркестри, спуштање со авиони (иако за некои и тоа е симпатично). Умерено, искрено и слатко, а не пренасилено, вештачко и со задни намери да се добие нешто :)
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.559
    Епа онда се зацапувате у погрешни дечки, шо да ви кажам друго. Има романтично и романтично. За мене е романтично тоа што ќе ги измие шољите од кафе, за вас можда е датата на вашиот прв поглед и трепкање, што за мене е глупост.
    И разграничете љубов од романтика. Зошто може да биде најромантичниот тип,а уствари да е најобичен шарлатан кој сака да ве одвлечка у кревет и толку.
    Затоа немојте тука нешто најчистата еденкупепитетииописи љубов да ја мешате со романтика.
    И да поврзувате дека порано имало љубов,а сега нема. Жените не биле толку еманципирани и свесни,а бога ми имало и помалку начини за едукација, ширење на информации и слично. Ерата по која сонувате била најпозната по голем број љубовни афери и жени у лош брак кој се знаеле, но седеле у него пошто така требало и зошто не биле независни.
    А и на крајот од денот никој не вели дека опајдурите треба да се вадат на либералност и 21ви век и дека е ок да имаат небројан број партнери, АМА... и тоа вашето сфаќање е проблем број еден кој вашиот дечко ќе го испрати по ѓаволите кај некоја друга у која дури и ќе се заљуби,а вашето трепкање со очињата, чистата љубов ко солза и ко, ќе му збоктисаат и ќе си киниса по патот на неповратот од вашите прегратки. Никој не сака кенкало кое се топи само на гестови и тоа му значи една врска... ништо посуштински. Кад тад досадува сето тоа романтишање и што кога ќе го снема? Баш ништо...
     
    На Ethrnity, WildCherry и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  8. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Нема да коментирам повеќе на човек што ги меша работите и покажува само исфрустрираност, истрауматизираност и на кој коментарите не му припаѓаат на темата... поубаво да си отвориш тема за правата на жените штом го спомна миењето садови... Со задоволство би коментирала на таква тема и таму би ја пренела мојата лутина :) Поздрав
     
    На simoncelicius и glosipgirl им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па по коментарите можам да заклучам дека сте средношколки , и ваквите замисли се сосема во ред :D
    Нема потреба од докажувања .
    А сега засега уживајте сонувајки за princ charming.
    Но внимателно со момците кои претеруваат со овие гестови уште на почеток , од километар се гледа дека имаат други намери ;)
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Лошото кај многу девојки кои се со вакви очекувања и идеали не е дека нема да најдат ваква љубов, затоа што има, постои, мање више на гестови и романтики, туку се чувствува таму кај што треба да се чувствува...туку тоа што од преголема желба за таква љубов, такво искуство, знаат и малите искри, допаѓања, симпатии, знаци, да ги преувеличат само колку да задоволат потреба да се најдат во еден совршен филм. Често се прават големи грешки на сметка на овие очекувања.
    Отварајте очи пред да заклучите дека се наоѓате во бајка и дека тој е вашиот Грегори Пек..
     
    На Doozy и Lilit им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.559
    Па пошто не си способна да дискутираш, те исфрустрирав,знам! :D Да беше упатена немаше да ти биде проблем да ме побиеш,ама...ете ти... ко типична жена нафрла 5-6 зборови со лична навреда и ти си големка личност која заслужува романтика.
    Душичка, твојот проблем е ограниченоста и тоа што си буквалист, не капира карикирање... :(
    Башка што не знаеш што да ми вратиш зошто знаеш дека сум у право. А и не се чувствувам феминистички настроено за да зборам за права на жените и мене апсолутно не ми е проблем да му напраам сендвич и да му лупнам бокс на некој кој ме малтретира, додека за лепотиците ко вас испод чест е правењето сендвич,ама ќе го напраите плачеечки и да се чувствувате нон стоп обесправени и непроведени пошто нема маж што ќе ве однесе на провод.
    Се измеша самата себе си. Јас не се осеќам обесправено,неизромантишано и исфрустрирано, поштовање кон Клара Цеткин, што на сметка на девојките ко вас тоа било апсолутно непотребно залагање за женските права...
    Да те корегирам на сметка на твојот многу погрешен заклучок кој не знам како го изведе бидејќи моето мислење го објаснуваше токму спротивното. Не сум феминистички настроена, напротив, за сметка на тоа што ти си навистина.
    Па никој девојче не рече дека треба некој лошо да не третира,ама читај шо пишале ко примери а ла Ноутбук глупости,па ќе ти стане јасно што е реално,а што нереално...
    Ах леле...
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Све што треба да сфатите дека таа романтика ваша у денешно време се појавува у друг облик.

    Има искрени и верни мажи има искрени и верни жени и кога овие ке се спојат они не се лутат за некој заборавен датум или поглед или нз што, они не уживаат у некој ресторант кај шо ветрот ви ги гали косите а вие пијуцкате винце и се смешкате еден на друг а околу вас облачиња од срценцацаца...
    Едноставно они го ценат моментот и кога Тој после бурен саат време залепени ке го намести креветот а Таа ке иде ке направи кафенце, кога без некоја посебна причина коа ке пазаруваат заедно ке земе две бананки и ке ги сподели со него/неа ... И остали стварчичи..

    Искрено девојчиња не рипајте одма само сакаме да кажеме дека барате нешто што е веќе изменето и може мн лесно да го најдете на погрешно место кај погрешни ...
     
    На Moira и Lilit им се допаѓа ова.
  13. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    мислев на сосема нешто друго али зависи кој како си сфаќа :!:
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Ауф, мразам романтика.
    Мразам, мразам.

    Толку ми е нереално.
    20 мин се караме кој ќе усиса, го гледаш цел запотен таков никаков, работи низ дома, со масло на рацете од кола, и ноќта у кревет да ми збори, „Еееј птицо на мојата гранка.“ Која гранка, бе биди искрен кажи зашто лежиш до мене. :D Гранка..

    Сериозно. Имаме толку суров живот, борба во нашето секојдневие, не е фер да ми мачка очи со вакви глупости.
    Вие го измешавте поимот љубов со романтика.
    Љубов е се освен романтика. Романтиката е од пи*ке си материне, од пред милион години, каде што ќерката на министерот била некоја размазена цуца, па некој морал да и симиња звезди за да ја бркне. А откако ја бркнал, филмот завршува. :D Значи не гледаме што оди понатаму.


    Епа ние го живееме тоа „понатаму“.
    За мене единствено нешто што може да се смета за романтика, е пригушено светло. Е тоа е за мене дозволената романтика. Се остало паѓа у вода. И нема потреба да ми вика те љубам, љубена моја, сончев зраку мој, може едноставно да ми го покаже тоа. Да ме почитува, да ме следи во животот, да ми ја подаде раката кога ми е тешко.
    Е тоа е веќе љубов.


    Едит: Ги замешавте и модерните момци тука. Што си мислите вие, дека секој пат кога сака да имате секс, или „да водите љубав“ он ќе ви купува рози и ќе ви вика, розо моја непрокопсана, многу те љубам, ела да водиме љубов. :D
    Не бе братче, ако имал напет ден, ко ќе те грабне, ќе видиш после само рози ќе гледаш. :D

    Сериозно, девојки, ништо лично ама многу ќе се разочарате ако одите со романтичен поглед кон светот. Get real.

    Ајт.
     
    На Ethrnity, Hipster, Lilit и 6 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Секој што си бара ке си најде,таа што не сака романтика нејзино право,зашто ги обесхрабрувате девојките кои сакаат романтика,и сега читам светот е суров,бидете реални,а што ако не сакаат да бидат реални?
    Може така повеќе им одговара,ке биле повредени,а вие што не сте романтични не сте биле повредувани,така нема што тука некој некого да убедува што е реално а што не.
    Еве јас сакам романтични девојки,и сега што?
    Не сум маж ли ако сакам романтика,или според вас сум лигуш,геј или мекуш,зашто нели модерните машки не се такви.
    Ако сум романтичен незначи дека не сум реален во животот,сигурно не живеам во илузија,туку како чин на љубовна атмосфера,и заедно да уживаме во убавите моменти,и нема ништо лошо во тоа.
     
    На Pacifist, glosipgirl, Ilusionist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Немам ама баш ништо против романтичар/и/ките. Нивен начин на разубавување на моментите, ним им одговара, fine by me. Ниту јас ниту сопругот инаку не сме такви. Имав еден таков дечко и дури ми беше незгодно од тоа негово романтизирање, не се чувствував удобно. Знае мм да откачи со некој момент, пример кога работев две смени неколку пати ме има дочекано со вечера дома со свеќи со цвеќе, вино, тинтири, минтири. И јас исто правев неколку пати. Ама тоа повеќе ми изгледаше како покажување на љубов и почит кон жената која своевремено се утепуваше од работа и од емотивно вложување за тоа домаќинство и ми беше нешто како „немој да мислиш дека не го гледам тоа.“

    Ама инаку на зборови да сме романтични, не ни` е момент ниту на едниот од нас. Се запознавме со реалистичен пристап, се засакавме заради тоа што бевме реални, никому не му беа потребни тактики на заведување, ние бевме доволни едноставно.

    Не трошиме зборови на романтики, туку на искрени разговори, на дискусии во врска со тоа што да правиме за да ни` биде поубаво во бракот. А за љубовта, веќе одамна сме во фаза во која зборовите се излишни. Погледот е сосема доволен.
     
    На Moira, kravce и danichap им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Абе и јас ги сакам старите романтични филмови, ама некој така денес да ми се понаша одма ќе помислам дека нешто ме зафркава или си игра со мене. :D Тоа што мишелка го наведе, верувам повеќе спаѓа во симнување ѕвезди низ излитени фрази, а излитени се затоа што сме ги гледале на филмовите. А во тоа време успевале затоа што биле оригинални. Па така, секоја љубов, права, си наоѓа свои единствени средства за искажување. Јас се залагам за позабавната :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    Или она старото добро познато, долги прошетки на плажа. Мислам, кој нејќе бре долги прошетки на плажа? :D Ултимејт релаксација. Проблемот кај романсата, е што успева кај платонски врски. Денес тоа ретко го има. Ако тогаш љубовта најдобро се изразувала со романтичните гестови, сега истата се конзумира. Битно е да е љуби :) секој на свој начин.
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.288
    Се сложувам со она што го кажа Тессие.
    Некои луѓе се песимисти, некои депресивци, некои реалисти....и има романтичари.

    Онаа мала романтичарска нишка може да биде препознаена во сечие понашање можеби, но секој од горенаведените категории на луѓе и карактери ќе ја окарактеризира на различен начин.
    За реалистот некој гест ќе биде од практична приода, а романтичарот ќе ја најде романтиката и каде што можеби не постои како таква.
    За мене романтичарствово е фулл тајм џоб кое ретко кој може да си го дозволи.
    Не дека јас сакам :tmi:

    Сето тоа лигавење, симнување звезди, гестови и внимание дури и кога не ти е дојдено до тоа...како у некоја заблуда да се живее.
    Обид да се избега од реалноста и да се занурка во некој утопичен свет наместо да се согледаат работите такви какви што се.

    Не за џабе и делот со безнадежна :wasntme:
    Вистинската љубов е многу повеќе од оваа романтичарска замисла и нема никаква допирна точка со неа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Никој никого не обесхрабрува, секој си ги кажува своите лични искуства или ставови.
    За мене романтика во 20ти век, ми е пропадната работа.
    Каква е таа романтика? Идеш во диско и играш на дупци-дупци? Или можеби додека сите се дерат на плоштад на некоја утакмица, ти во блискиот ресторан и рецитираш на љубената стихови од старо-романтичарскиот период? Или можеби додека го бркаш брат ти од соба за ноќта да си го донесеш девојчето дома, се прајте од гомно подоле, а вечерта магично се претвораш во романтичен принц кој ја спасува девојката од секојдневието..
    Ах ми се лоши кога зборам. :D

    Јас не зборам за оние џентЛменски гестови, на подарување роза, еднаш на сто години, пригушено светло чисто за атмосфера додека го гледаме Рамбо на тв. :D Тие неколку геста се сосема доволни. Ама да ме лигави во друштво, да ми ја држи раката, да ме запотува, да ми рецитира стихови, па ќе го затепам пред сите бре, склетајца ќе те фати, само од фактот што е крајно нереално и патетично.
    Неможе со некој да се праам партал зашто на одмор во собата, песок ми донел со влечкиштата, а вечерта розо моја, срце мое.

    И неможеш да очекуваш дека во турбулентново опкружување, некој ќе те толерира и цел живот со душо ќе ти се обраќа. Или додека седите на вечера му станало мука од кромидот мислиш дека ќе се воздржи или ќе ти се иждрига во фаца?
    Е тогаш сите девојки ќе справуваат со разочарување.

    Едно е да ја почитуваш девојката, да бидеш коректен и да не и се дереш пред кој треба и не треба, да на је омаловажуваш, а друго е да ти се лигави и да ласка.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Нека си живеат во таков совршен свет, ама лесно можат да бидат повредени и разочарани.
    Еден дечко, може да биде крајно улизнувачки романтичен а да биде манијак или женскар. Сите женскари што ги знам се такви. Симнуваат ѕвезди, секоја девојка ја прават да се чувствува како да е единствена на свет. Се тоа добро, ама не на 5-6 девојки одеднаш. :wasntme: Сакав да кажам дека ако некој знае за твоите соништа Глосип лесно може тоа да го искористи.

    Инаку, мене некој да почне звезди да ми симнува и такви работи ќе ми биде крајно глупаво. Ама тоа сум јас. :)

    А ти, биди си романтична само не очекувај премногу.