1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безнадежна романтичарка

Дискусија во 'Сингл' започната од glosipgirl, 8 јануари 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па имав и таков удварач , боже, чоколада ми прати на врата после испиено кафе :D И не паднав во несвест веднаш ми стана сомнително :^) Се распрашав , многу џенталмен бил , :!: секогаш со различна девојка секој месец :fubar:
    И кога ми ја прати по порака вежи ме за себе од Тоше оф мори мајко веднаш ми стана јасно колку е саат , типот си беше женскар и си користеше испробани тактики , луѓе не е нормално кога не ме ни познава не ме ни бакнал тој да ми пишува вежи ме за себе :rofl: Онака се заљубил скроз во мене , ма бегај бе :lol:
    Претплатникот не е достапен ...

    А кај млади девојчиња ова пали па после оф мори мајко ... Отварајте очи , ценете ги момчињата по нивниот карактер , па кога ќе видат дека тоа ве радува , дечко кој ве сака ќе гледа да ве израдува ...
    И јас сум романтична душа сакам внимание , ама тоа оди со време а се друго ми нападно и скоро секогаш со задња намера ...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Jaс сум си романтичар во душа. И не ми е срам да признаам. :angel:
    Исто така можам да кажам дека сакам и машкото да е романтичар.
    Значи, многу често го мешаат поимот романтика со други поими. Плачко, кукавица, геј и сл.

    Ја сакам романтиката, и таа атмосфера ме опушта и ме исполнува.
    И, не значи дека некој ако е романтичар, секој пат со такви романтични напади ќе ви излегува.
    Немора да значи ако е романтичар и нежен, дека неможе страсно љубов да води со вас.
    Значи романтиката е карактерна особина, која мислам дека воопшто не треба да биде осудувана.
    И, не верувам кога некој ќе каже дека мрази романтика! Можеби несака претерување, но сигурно од едно такво романтично изненадување нема да ви се слоши на никоја.
    Романтиката не е нешто кое треба да се гледа како недостаток. Баш напротив, таа може да биде и голем мотив за разгорување на љубовта помеѓу партнерите. Поголема блискост и повеќе прекрасни моменти.

    Но, секој со свое мислење, став и желби.
    И, тешко е да се сфати...не сакате див, студен тип бидејќи не се чувствувате сакано и исполнети со внимание. Не сакате романтичар бидејќи ви е лигуш. Епа незнам какви треба да се критериумите за совршен маж...
    Златна средина...
     
    На Pacifist, glosipgirl, HplsRomantic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ги читам дел од постовите и не можам да се изначудам... Дали навистина мислите дека љубовта и романтиката се преценети работи?Ако е така, зошто воопшто имате врски? Ако ви е само за секс секогаш можете да најдете некој. А врската ја прават малите нешта, дали ќе биде тоа едно те сакам, дали една ружа за внимание, романтична вечера, прошетка во зоолошка или било што... Немојте да кажете дека не ви годат такви работи, не викајте дека дека тоа е претерано. Секое искажување на внимание е романтика... ако за вас тоа не е реално, не постои или никогаш не сте го доживеале - ве жалам... Најубавото чувство на светот е да знаеш дека некој е подготвен да направи нешто за да ти го разубави денот и ти да бидеш подготвена да возвратиш со иста мера.
     
    На Pacifist, Traveler91, Ицолгудбејбе и 6 други им се допаѓа ова.
  4. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Јас убаво те сфатив што сакаше да кажеш,ама очигледно ти поинаку го сфаќаш тоа мали работи.

    Мислам и јас сакам понекогаш да гледам романтични филмови,се случило и да заплачам,ама се’ завршува тука. Не се прашувам зошто не постои таква љубов и во реалниот живот,не си фантазирам дека ќе си најдам некој таков романтичар кој ќе создаде градина со рози и секој ден ќе ми подарува по една заедно со чоколадни бонбони.

    Еден најдобронамерен совет од мене-не летајте многу во облаци затоа што човекот на вашиот живот може да помине покрај вас и да замине,а вие од летање со паметот да го пропуштите.

    И да,и за мене е романтика кога дечко ми ќе ми направи кафе и после тоа ќе ги измие шољите.
     
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски

    Многу реална и модерна дефиниција за романтика. :D
    Јас верувам во таа класична романтика; цвеќе и чоколади, серенади и отварање врата, ама си имам реални стандарди, поготово кога дечко ми нема едно романтично мускулче во цело тело. :lol: Додуша ми отвара врата речиси секогаш, ама тука завршува романтиката. Ама не се жалам. Знае да си спреми јадење и да си собере позади него, и мене ми спремал, и презадоволна сум од тоа. Поише не мора. :)
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Мене брадосаниот ме нарекува некогаш пиленце. Ете ја за мене романтиката! И нималку не ми е лигаво тоа бидејќи знам дека е искрено. А и јас си го доживувам на посебен начин.

    На почетокот од нашата врска јас сакав да му приредувам изненадувања. Правев и некакви слатки глупости. За некој романтични, за други истите се и секојдневие. Ама никогаш не сум му пишувала или рецитирала љубовна песна мртва сериозна. Тоа неможам и не сум јас, а не е ни тој. Неколкуте песни кои сум му ги напишала се смешни.

    За безнадежните романтичарки имам позитивно мислење. Тоа сепак е благородна карактеристика само ако е искрено практикувана и не е само една огромна глума. Ама навистина треба малку со резерва да се гледа на нештата. Не сите луѓе денес ценат вакви гестови. Не сите луѓе денес искрено сакаат.

    И за мене романтичарското е дел и од карактерот на личноста. Ите како познавам многу машки кои ја користат романтиката за освојување женски срца и поигрување со нив. Ама па и да ви кажам не ми се верува како можат женските да паѓаат на некои ептен смешни романтики.
     
  7. theev95

    theev95 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    и јас донекаде се пронаоѓам тука...сакам да имам таков да не речам живот поточно трагам по такви нешта со цел да ги задоволам моите апетити и замисли иако не ми оди баш од рака...т.е. да пронајдам некој кој што ќе ме сака и кој што би правел некои работи за мене кои пак мене би ме направиле среќна...да ме заштитува(обожавам кога имам некој покрај мене кој ме штити и чува)...и јас понекогаш мислам дека сум голем сонувач затоа што на еден начин имам некои принципи според кои што се водам,принципи според каков треба да е човекот за да ме привлече...тука не изоставајќи ја умерената романтика без претерано да не речам лигавење....Сонувам за тоа....и да напоменам дека и јас исто ја обожавам таа класика... дури понекогаш ни самата не можам да сфатам што е тоа што толку ме поврзува за неа.,посакувам да бев родена баш тогаш и да ја почуствував магијата на тоа време поради тоа што сум уверена дека тие беа некои подобри времина....
     
    На Pacifist и glosipgirl им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас во мене немам ни „Р“ од романтичарка :tmi: Впрочем, јас не ни знам да ја изразувам љубовта, се` што знам е да му кажам дека го сакам бескрајно, да го гушнам и да го бакнам. Бидејќи сум во многу долга врска, со текот на времето „се опуштив“ во искажување на чувствата, но ни приближно колку него. Тој знае да покаже со гест, па дури и со поглед колку ме сака и почитува, додека јас почесто користам зборови за да го покажам истото :$

    Не сум му правела романтични изненадувања досега од причина што не сум многу инвентивна, ниту пак сакам лигавења. Ако го сакам, ќе му покажам со бакнеж, прегратка, па и кажани „те сакам“, а не со патетично симнување ѕвезди (за кое не велам дека не може да упали кај некои тазе парови, ама мене ми е смешно сето тоа :D ).

    За среќа, ни тој не е нешто романтичен :D Ме има дочекано неколку пати со вечера и вино, но мене повеќе ме радува кога изненадно ќе ми се јави дека е во близина и дека ќе дојде да ме види на 5 минути, кога ќе ми се јави за да ми го чуе гласот, кога си лежиме гушнати, кога уживаме еден во друг...

    Така што, мислам дека искрените дела и зборови кои му даваат до знаење на партнерот дека е сакан се многу поважни од „симнување ѕвезди“, односно онаа филмска романтика за која денес не сум ни сигурна дека ја има.
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Од мене поголема романтичарка здравје :$ Обожавам филмови со романтики :angel:
    Кога даваат некој филм/серија уште на почетокот им правам анализа ]:)
     
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Јас сум.. полу полу. :D
    Како што растам така и ми по малце ми избледнува оваа особина, најверојатно зошто секој план, секоја идеја на крај завршила... па никако. Претходниот дечко ми беше толку не романтичен и тврд слободно ќе кажам, просто знаеше да убие секаква желба и намера за да приредиш нешто убаво и ново. Единствено нешто што тој го сметаше за романтично, а јас далеку од тоа, беше кога ми кажа дека сум била поубава од сите ѕвезди на небото и кога ми го исцица увцето. Романтично??? :| :?: :sweat: :x :worried:
    Сега би рекла, болно.

    Сегашниот дечко е исто како мене поделен на два дела, но преовладува помекиот. Затоа тој е тој што наоѓа места, начини и услови како би можело замисленото да се изреализира. За мене најромантичните работи не се состојат од подароците што ми ги купува, туку од местата каде што ме носи.
    Последно беше во Нерези, брдо, на врвот јас и тој, а над нас небо.. Полна месечина и мнооогу мнооогу ѕвезди, а она што засекогаш ќе го помнам е кога се развикав ене ја мојата, а тој само ми рече: нема моја твоја, има една наша. Уште не сум доживеала поубав момент со него од тој..
    (Се исполигавив, чекајте да се забришам :clap: )

    И така. И, викам само кај него превладувал помекиот дел, а?
    Сигурно. :D
     
  11. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Јас сакам еден одреден вид романтика, според мене има повеќе видови романтики. Еве на пример запознавам еден дечко пред 2-3 недели и дечкото буквално ми симнувам ѕвезди од небо. Ми вели како за него сум посебна, најубава...ми праќа некој си линкови од љубовни песни, ми рече дека ме сакал само мене и никоја друга, а убаво му реков дека има дечко ми вика не се откажувам бла бла. Да бе јас будала сум му поверував, ме виде еднаш во животот и се заљуби во мене да. Колку ми се само смешни ваквите машки. Мразам вакви ливаги работи. И на дечко ми му имам кажано не сакам да ми симнува ѕвезди од небо, не сакам да ми рецитира љубовни поезии мене тоа ништо не ми значи, ми звучи толку лигаво и вештачко. Јас ценам зборови кажани од срце, бар да знам дека го мисли тоа, а не да ми ги кажува чувствата на некој си поет. Мене ми значи еден подарен цвет, два слатки збора, една прегратка, еден бакнеж, една убава вечера. Се чувствувам убаво кога двајцата мечтаеме за заедничката иднина, кога ми го посветува цело внемание и цело време само мене, кога ме испраќа до дома, кога се враќа назад само уште еднаш да ме бакне... тоа го сакам јас, тој еден вид романтика ако може да се нарече така.
     
    На Tatjana95 и ariela09 им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    И јас овде припаѓам, за жал...
    Велам за жал затоа што имам некои свои очекувања и замисли кои тешко дека ќе се остварат...
    Имам на памет безброј романтични идеи кои на еден просечен маж не му значат ништо.
    Со среќа и со лесно нека ми е во животот. :D
     
    На Pacifist, Ицолгудбејбе, ana-sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Не сакам романтика од типот цвеќиња, свеќи итн. што знам ептен лигаво ми е тоа.|(
    Повеќе сум за споделување нежности во кревет. За мене романтично е некој да ме гали, бакнува.:inlove:
     
    На The Kole.MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Јас сум труп кога станува збор за романтика. (n)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    И јас тука припаѓам. Романтична душа :inlove:, но со доза цинизам доволна колку да не верувам слепо.
     
    На 50cent и The Kole.MKD им се допаѓа ова.