1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Без Збогување (Линвуд Баркли)

Дискусија во 'Канта' започната од SpoiledBaby, 19 јули 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Кога првпат ја видов книгата,мислев дека е некоја љубовна/чик книшка,ама не.
    Дека не читам трилер/мистетрии,не сакав ни да ја почнам,ама кога веќе ми беше при рака почнав да ја читам и не престанав додека не ја прочитав :D Едноставно ме остави без зборови.Ја прочитав за 3 дена иако е 400 и нешто страници.Ја препорачувам на сите што сакаат да читнат добра книга ;)
    Се будиш едно утро и сфаќаш дека го нема твоето семејство, помислуваш дека заминале порано од дома за да не се сретнат со тебе после карницата од претходната вечер.
    Разгледуваш наоколу, гледаш нема подготвено појадок, си помислуваш сигурно оставиле порака. Но, за жал нема трага дека тие ја поминале ноќта во своите кревети.
    Се прашуваш: Што се случува? Каде заминале? Ако им се случило нешто, зошто останав само јас поштедена?
    Следат милиони тешки прашања на кои не може да се одговори...
    Ова ѝ се случи на четиринаесетгодишната девојка, Синтија Биж која го изгуби своето семејство и се справуваше со таа траума цели 25 години, сè до еден ден кога доби писмо во кое тешко се наоѓаа одговори и ја зголеми нејзината надеж дека можеби сега ќе открие што се случило со нејзиното семејство. И дозна дека пребарувањето во минатото може навистина да биде исполнето со тешкотии и ризици.
    Оваа книга е прекрасен трилер кој не ви дозволува да ја оставите затворена сè додека не се откријат најдлабоките мистерии кои ве тераат да читате до самиот крај. Оваа книга е од оние кои се читаат во еден здив, што би рекле другите, содржи многу прашања, кои во понатамошниот тек добиваат одговор и конечно сложувалката може да се состави.
    [​IMG]
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.