Без збогување (Линвуд Баркли)

Дискусија во 'Книги' започната од O.l.i.v.a, 14 март 2012.

  1. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    [​IMG]

    Куќата беше тивка.Немаше никаков знак дека нејзините родители се подготвуваат да заминат на работа, ниту пак дека брат и доцни на училиште. Дали тие ја казнуваат за сношти? Таа беше излезена на состанок со едно момче во време кога требаше да учи, а потоа ја имаше онаа ужасна расправија со татко и. Па, каде се сите сега? Зошто нејзиното семејство исчезна?

    25 години подоцна мистеријата сеуште не е ни одблизу решена и Синтија сеуште ја прогонуваат неодговорените прашања.
    ...интригантно нели ? :) Кога ја прочитав рецензијата на книгава, не се мислев повеќе која книга да ја одберам. Посебно кога прочитав и на корицата .."Исчезнати без трага и глас, се до сега... " И не погрешив. Највозбудливиот трилер што сум го прочитала. Ве држи во неизвесност до последната страна, се чита во еден здив! Какви се вашите импресии од книгава?
     
    На BlackStar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Без збогување - Линвуд Баркли

    Ја прочитав во еден здив, ја обожавам книгава, воопшто и ваквите жанрови на книги. Крајот нема шанси да го предвидиш, полна со мистерии, сплетки, многу чувства.

    Ја препорачувам на секого. ;)
     
  3. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    навистина возбудлива....кога ке ја земете,не ке можете да ја оставите.....ве тера да ја прочитате во еден здив.....
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    29.209
    Пол:
    Женски
    Уште кога ја видов корицата ме привлече книгава.Ја прочитав во еден здив.Како љубител на трилери одлична е, ја препорачувам :)
     
  5. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Преубава книга. Мистериозна се до самиот крај. Иако имав многу за учење, не можев да ја оставам, поточно она не ме оставаше мене :D . Крајот многу ме изненади, одличен беше. Како викаат, крајот го краси делото. Книгава оди во мојата листа фаворити.
     
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Прекрасна, баш по мој вкус! Обожавам ваки трилери.
     
  7. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Дали книгава е преведена на македонски и дали ја има по библиотекиве?
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Ја има на македонски и мислам дека е во издание на Матица. За во библиотека не знам, јас си ја купив.
     
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Книгата ја прочитав за 24 часа.Преубава е,немам зборови со кои би ја опишала,обожавам вакви книги.И другите книги што ги има напишано Линвуд Баркли се убави.Ја имам прочитано и Опасно блиску,но дефинитивно Без збогување е поубава.

    Прочитајте ја!!! :)
     
  10. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    книгава е стварно преубава пред некој ден ја дочитав... многу трагична приказна која не те пушта да ја оставиш . Ја препорачувам секому :*
     
  11. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    1.155
    Кој не ја прочитал обавезно да ја земе, никогаш нема да погодите што се случува додека не ја дочитате. Обожавам вакви книги, мистериозни, непредвидени, те навлекуваат да ги читаш и после остануваш со отворени мисли и си коментираш како писателите можат да имаат таква фантазија за да напишаат вакво дело :)
     
  12. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Немам зборови за книгава ...едноставно ќе речам прекрасна ..
    Ако почнете да ја читате , нема да можете да ја оставите а се чита во еден здив ..
    Се сеќавам ја читав на одмор , после тоа сите се тепаа кој да ја чита ..
    Обожавам вакви дела кои те држат во неизвесност !
     
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    9.871
    Пол:
    Женски
    Книгава е прекрасна, јас неможев да ја оставам, ја прочитав во еден здив, нема да се покаете, вреди да се прочита :)
     
  14. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Дали може некаде на нет да ја најдам?
     
  15. grdoto.pajce

    grdoto.pajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    8
    многу интересна книга,многу непредвидлива вреди да се прочита
     
  16. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    350
    Најнајнај убавата книга :)
     
  17. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Мајка ми кога ја читаше ја држеше книгата во левата рака (од неизвесност не можеше да ја остави) а со десната си мешаше манџите, ручекот додека се готвеше :lol:
     
    На bojana20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Ја читав книгава, и во еден ден стигнав 300и некоја страна, ама пошто ја читав кај баба ми, и кога се враќав дома изгледа сум ја заборавила во такси.И книгата отиде во неповрат.

    Муабетот ми беше ако може некој на кратко да ми каже после тоа што се случи , дали Синтија ја дозна вистината за нејзините родители и како???/
    Знам нешто дека татко е водеше двоен живот,ме интересира што се случи на крајот.Одеше и по гатачки и ред други работи...Anyone?? :^) :^)
     
  19. lallyy

    lallyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Извондредна-само тоа можам да кажам и ја препорачувам на секој да ја прочита.
     
  20. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    Каде може да се најде книгава? :)