Да,татко и водеше двоен живот и премногу беше возбудливо на крајот. Не можев да престанам да ја читам. Мислам дека подобро би ти било да земеш и да ја дочиташ. Инаку мислам дека ја има во сите библиотеки Не сум ја сретнала некаде за да ја купиш но можеш да ја земеш од некоја библиотека,би требало да ја има. Инаку јас сум воодушевена од книгава. Не се сеќавам колку страни беше а од неодамна ја читав. Знам дека ја прочитав за 2 дена. Ми се допаѓаше она што не те остава да мислиш туку цело време се случуваа некои работи. Прекрасна приказна. Мистерија со ташаци (како што би рекла јас,и успат се извинувам на јазик ). Обично после секоја книга размислувам дали би требало да се направат филмови за таа одредена книга. Оваа мислам дека би можело но сепак не би било истото чувство како мирисот на хартијата и црните букви испишани на неа. Ја препорачувам на сите кои сакаат мистерија,трилер. Ве остава во неизвесност до самиот крај. Емотивна но и возбудлива.
Оо сега видов дека има тема за книгава а и со право Вчера ја завршив книгава значи во топ 10 ми е Човеков натера да се заљубам во вакви мистериски книги а некако и не ми беа баш нај... Му симнувам капа
Само мене не ми остави голем впечаток? Книгата е добра, далеку од тоа.. ама не ме влечеше нешто посебно. По `без збогување` ја читав `кој тропа на прозорецот` и ептен слична ми се виде, ко некој да му ја скратил имагинацијата, па исти финти користи и во двете книги. Сепак, да не судам пред да ги прочитам сите негови книги, но досегашниот впечаток не е нешто голем.
ја читав двојничка прво и сега оваа и не е тоа тоа. дали оваа предходната беше ектра со неиизвесност па сега опваа ми се виде некако по невозбудлива. во секој случај е добра ама не ми е тоа тоа..некако ме залетува и после ме спушта, не ме држе во потполн интерес
Preubava kniga,site knigi od Lindvud Barkli se dosta dobri gi ima vo gradskite biblioteki i sekade kade sto se prodavaat knigi.
Супер книга јас цело време бев во неизвесност книгата има втор дел небезбедни куќи секако дека е уште подобра од првата.
Моментално ја читам уште 50 тина страни ми останаа и сега кога видов дека за оваа книга е отворена тема се возбудив .. Ја препорачувам на сите кои се љубители на криминалистика да ја прочитаат бидејќи нема да зажалат ..ххахаха
Ја дочитав денес и букавлно ме остави без зборови ... Бидејќи сум љубител на ваков жарн книги претежно претпоставувам и секогаш знам што се случило (онака си ги поврзувам работите и одприлика знам што, како). Али САМО оваа книга ме остави во незвесност до самиот крај
Возбудлива, детална како што наликува на Баркли. Но една замерка имам, кулминација настана после 100 и некоја страница, што ми правеше на моменти да ми е помалку досадна.Знаев дека е се расплети , до доцна , за мој вкус. Инаку добра книга, предобра.
Здраво дали може да ми го кажете редоследот на книги од Линвуд Баркли на македонски или српски јазик?
Има два серијали од него. Не знам како одат насловите на српски, ова се насловите кај нас. 1. Без збогување 2. Небезбедни куќи Другиот серијал: 1. Неисполнето ветување 2. Далеку од вистината 3. 23 4. Последниот истрел Другите се самостојни книги колку што знам.