babylove овошни кашички

Без ограничувања (Limitless) [2011]

Дискусија во 'Филмови' започната од Noemi, 26 август 2011.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    5.684
    Еди Мора (Bradley Cooper) е просечен писател кои се наоѓа во не толку продуктивен дел од неговиот живот. Со пишувачка блокада, еден развод зад себе, живее во хаотичен стан, девојката со која е во подолга врска, Мелиса (Anna Friel) раскинува со него поради неговата непродуктивност и неодговорност.
    Настанува пресврт во неговиот живот по само една средба со братот на неговата бивша сопруга...

    Сте го гледале ли филмов? Како ви се допадна?
    Мене лично ми е омилениот филм за 2011, напнат, возбудлив и интересен. Ве држи прилепени за екранот за целото негово времетраење.

    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=THE_hhk1Gzc
     
  2. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    151
    Многу ми се допаѓа филмов! Цело време додека го гледав бев во исчекување што ке се случи наредно :rock:
     
  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    3.111
    Филмов е перфекција невидена !
    Еди Мора ми се допадна како карактер , и претходно ми се допаѓаше во деловите на Hangover ама овде посебно се истакнува како главна улога.
    Уште од почетокот се мислев што ќе се случи ако му снема од апчињата и ете видете што ќе се случи на крајот . :)
     
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    5.684
    ^ Мислам дека последната реченица треба да ја ставиш во спојлер, да не откриваме премногу на оние кои го немаат гледано филмот. :)
    Инаку, Бредли Купер и мене ме воодушеви во филмов, се покажа во сосема поинакво светло од Hangover. Карактерот на Еди Мора прекрасно му легнал :)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.524
    Од филмот очекував многу, забавен е до точката до која почнува да станува глупав.
    Кога го гледав не можев да најдам превод, и последниот дел во ресторанот кога ќе зборува со келнерот мислев дека кажува некоја голема животна мудрост, па се изнервирав. Барав што си зборнаа и наидов на одговори каде што зборувачи на мандаринскиот јазик немаат поим што си кажаа во сцената, затоа што ниту они не разбрале.
    И откако заврши, не можев да си поверувам, мислев дека снимката ми е сецната, т.е. скратена, па симнав уште еден и уште еден... за да сфатам дека да - тоа навистина е крајот.
    Што ми го упропасти целиот филм и ми стана страшно глупав.
    Убава идеја и лоша реализација.
    Глумецот е одличен.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.709
    Го гледав филмов неодамна и можам да кажам дека ги исполни моите очекувања.
    Одличен филм, ме држеше во неизвесност се до самиот крај.
    Глумата е исто така одлична, за приказната не мора ни да се каже...
    Се на се, чиста 10ка. :clap:
     
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.099
    Го гледав и јас, и добар е, ми се свиѓаше, и крајот ми се допадна иако малку фантазија и преувеличено али сепак добар е :)
     
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.637
    Феноменален..Немам коментар.Глумецов е сестран :D
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.057
    Пол:
    Женски
    Одличен е филмот, глумата, се' беше океј, освен крајот кој ми беше и малце нејасен, ама и глупав - очекував нешто повеќе и едиствено нешто што заклучуваме од крајот е дека Еди не престанал да ги зема таблетите и покрај ветувањата кон девојка му дека ќе ги исфрли од употреба. :^)
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.826
    Пол:
    Женски
    Мене па не ми се допадна толку многу, мислам ОК си е филмот, има интересна тематика, ама крајот е глупав.
    Типот вети дека ќе престане да го користи апчето, а филмот завршува како тој се кандидира за конресмен, сенатор што ли беше, а до таму стигнал со помош на апчето.....и некаде си има своја лична производња на залихи.
    Сестра ми на пример беше воодушевена, а јас онака, изгледа премногу очекував од филомов.

    Мене ми личеше на филм за зависности и дека нема лек за зависностите, еднаш ќе пробаш, ќе видиш дека ти е супер и продолжуваш да конзумираш не размислувајќи за последиците.
    Цело време типов си се дрогираше, беше феноменален, но и цело време се плашеше дека ќе му снема залиха, кој ќе дознае, па имаше и дупки во меморијата, не се сеќаваше каде бил и што направил, дури и за убиство беше обвинет, осомничен...пак не се сеќавам...се гледа дека не ми оставил нешто посебен впечаток.
    Дури и совршено апче кои ти ги активира сите мозочни клетки и се` што си видел, прочитал, се` паметиш и сега ти е достапно, сепак е дрога.

    Не, од мене.
    Не би го гледала пак и не ми беше интересен до тој степен за да речам-мора да го гледате.
    Посебно ми се згади кога главниот глумец (не се сеќавам на името) видно повреден и истепан, ја лижеше крвта од противникот затоа што тој се имаше напиено од таблетката, демек ја има во неговата крв....само уште еден доказ до каде може да оди зависноста, да лижеш крв од мртовец....грозно.
    Мое гледиште на филмов, не мора да се согласите.
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум гледала филм кој толку многу ми се допаднал. Го изгледав неколку пати и цело време си мислев: ах да имав една таква пилула...
    Интересна е тематиката и пристапот кон неа, иако според мене нема баш добра поука. Од причини кои веќе горе ги наведе lolyta777.
    Покажува еден длабок степен на зависност од тие апчиња, кои всушност на некој начин се дрога. И тоа очајно однесување откако ќе ја потроши залихата, состојбата во која се наоѓа неговото тело и ум кога не е под нивно дејство, потрага по дневната доза по секоја цена, па макар и да испие туѓа крв веќе дозирана... Не испраќа баш добра порака.
    Но, како и да е, мене ми се допадна. Можеби затоа што во последниов период бев заситена од толку лоши филмови, што малку подобар од нив ми се гледа совршен. Изгледав триста тралалајки и филмови во стилот на Чак Норис што тераат на спиење затоа што се' е веќе видено :yawn:
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    734
    Добро филмче, интересно. Интересна замисла, идеја, посакав да имам 2-3 такви таблетчиња, за црне дане :D. Сепак, цел филм едно прашање ме мачеше:
    Цел филм скоро се базира на тоа како да се обезбедат понатамошни залихи од таблетава, и сите перипетии се случуваат во врска со тоа. Многу глупаво бидејќи кога успеа во една вечер цела економија, математика и други тракатанци да научи под дејство на таблетата, можеше да си седни хемија да си научи, сам да си произведува, а не да бара од хемичар да ја испита формулата. Мене искрено прво на тоа би ми текнало.
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.321
    За ова во право си Златушко :clap:
    Инаку филмов ми беше интересен особено на почетокот. Којзнае, вакви некои непроверени хемикалии може и навистина постојат.И мене добро ми дошле некогаш :D
     
  14. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Дааа добар филм, само не го сфатив баш крајот :) Ги усоврши типов апчињава, нови си направил?? Или прекинал да ги пие а паметен си останал :D
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Леле мори мајко! Сите ми го испофалија, сите! И ајде си викам, ако ништо друго Бредли Купер ќе си го загледам ^_^

    И остана на тоа - го видов Бредли Купер. Толку.

    Филм со потенцијал да биде добар доколку - не го промашија на самиот крај толку многу. Ма и при крај почна веќе да ми станува здодевен. Се ми се чини дека авторот си почнал, ама се начукал или што и да е, и не знаел како да го заврши па рекол - ај вака. Ме мрзи.

    Е такво чуство ми иде од филмот. Комплетно промашен филм со добра идеја, но без поента! Нема поента.
    Don't take drugs
    е можеби единствената. Или
    take them only if you have enough money and your own lab to make them
    . И онака...толку.
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Филмот е преубав. Има многу работи што се кријат позади филмов и баш ми е криво што некои не ги согледале. Поучен е и интересен. Неочекувана содржина за поима да се нема што да се случи. Ми се допаднаа и глумците и се. А насловот најмногу ми се допаѓа,ептен е добар. 8)