ТВ Сител ви нуди ново возбудување со еден од најгледаните квизови во светот. Светскиот хит POINTLESS во продукција на ТВ Сител. Вистинско освежување и изненадување. Можност да се освои награда на еден поинаков начин. Понудениот одговор на поставеното прашање треба да е точен, но со најмала веројатност дека некој се сетил на одговорот од претходно изведената анкета на 100 испитаници. На пример, прашањето КАЖЕТЕ ИМЕ НА ЕДНА РЕКА ВО МАКЕДОНИЈА, веќе го поставивме на 100 анкетирани испитаника. Реката “Вардар” ја одговориле преку 90 испитаника, но на реката “Лакавица” не се сетил никој. Токму тој одговор, на кој никој не се сетил, a сте се сетиле ВИЕ, може да ве доведе до победа и вредна награда. Правилата се едноставни. Во секоја емисија учествуваат четири пара натпреварувачи во четири рунди, со елиминација на парот кој освоил најмногу поени во секоја рунда. Значи, секогаш победува парот натпреварувачи кој ќе освои најмалку поени. Нула поени… е тоа е посебна приказна. Нула поени во последната игра (одговор на кој ниту еден од 100 испитаника не се сетил) за победничкиот пар натпреварувачи обезбедува џекпот добивка. Доколку не се освои џекпотот, тој се придодава на џекпотот од следната емисија. Доколку сакате да учествувате во квизот БЕЗ ПОЕНИ, симнете го ТУКА образецот за пријавување, пополнете го заедно со Вашиот партнер и испратете го пополнетиот Образец на нашата електронска адреса bezpoeni@sitel.com.mk , а ние наскоро ќе Ве повикаме на аудиција. http://www.sitel.com.mk/mk/bez-poeni
Па и не е нешто којзане што.. добар за тепање време и не е од оние квизови каде добивате супер екстра ново знаење
Снеже е интересна, квизот ок( единствен квиз на "знаење" кај нас), само дејството се одвива многу бавно, или дека беше прва епизода, па објаснување правила може затоа.
Прв впечаток, ептен без врска ми се виде квизов... без поента, а не без поени ми е повеќе. И Снеже е само шлагот на тортата што се однесува за моето мислење за квизот.
Самата водителка прави да биде интересен квизов. За тепање време, поготово во време на тестови ми се виде преинтересен, жими мене.
Водителкава Снеже неможам да ја поднесам,многу антипатична ми е ,па и самиов квиз ми е глупав само поради нејзе...
Конечно Мелита исчезна од тв, еве ја Снеже. Битно мора некоја глупава да има по тв. Зарад неа квизов е катастрофа, само се дери, урла, треска живи глупости. Дома ми викаат да менам канал, зошто и нив глава ги боли од Снежана. Осет нема женава.
Снеже е прича сама за себе,секоја емисија на која таа се појавува одма ја замрзувам,жената едноставно нема харизма,а и начинот на кој зборува ја прави многу одбивна. Нема потреба во секоја емисија да ја има неа,како да не може да најдат друга.