Clueless Скоро сите го имаме гледано филмот. Стар филм од 1995 година но со добра тинејџерска приказна, ова воедно беше и првиот филм кој го имам гледано а ми оставил најдобар впечаток. Популарна тинејџерска запознава бубалица другарка и ја претвара во прекрасна девојка. Добра тинејџерска приказна со мала доза на хумор и драма. Трејлер: http://www.youtube.com/watch?v=yHDcD_xhwAo 10/10 Спојлер Барав но не најдов ваква тема, ако има избришете ја оваа.
Филмов е задолжителен ко лектира. Неможе некој да го нема гледано Комичен, збавен, интересен, го задржува вниманието до крај. Проблематиките на тинејџерите и шармантно смотаната Шер. Британи Марфи во улогата на Тај е исто така одлична. Значи секоја девојка треба да го има гледано филмов! Кој не го гледал уште срам да му е!
Не го знаат многу новиве генерации, зашто за нив е застарен зашто е од 90тите. Баш е како лектира, се гледа одново и одново, посебно у тужни или мрачни денови со кутија сладолед дури и на 20+ години Имаше и серија, ама не беше добра како филмот. Лесен тинејџерски филм кој мислам дека нема девојка од моја генерација која не го гледала и не воздивнувала по комбинациите на Шер. Па и на телевизија едно милион пати го давале, со оној глуп превод лудатата русокоса. Во прилог оди познавање на англиски, кога си 4то оделени и знаеш дека нашиве телевизии немаат поима од превод. Ej па тие пувките колку ги барав да ги купам, пресмешно ми е сега. Aма најврвот од се беше најзината апликација на копјутер за избор на аутфити, абе траскање од земја каде да најдаме такви, младост лудост.
Многу интересен филм , незнам само колку пати го имам гледано интересна содржина ми се допаѓа ептен <3
Мојот најомилен филм, прв пат го гледав кога почнав средно и ми е омилен се до денес иако сега сум веќе при крајот на тинејџерството ... Алиша ми е преубава, на моменти се пронаоѓав во неа кога бев помала Забавен, хумористичен и поучен.. со еден збор класика!
Филмов е според книгата Ема на Џејн Остин. Стопати го имам гледано, на листата на најмногу гледани филмови во животот ми е.
Го фатив скоро време на ТВ,уште ми е интересен.Ама умирав по таа апликацијата за вклопување алишта и комбинации,па и со тач екран,модерни уште тогаш Дион и дечко ми беа срцки,како и викаше "Woman" Тај ми беше најбезвезна,мутава и изгубена Шер е генијална,каква беше збунета кога дозна дека е заљубена во Џош,чудни ситуации и се дешаваа,посебно Вести кога гледаше
И јас сум од новите генерации и сум го гледала неколку пати, не грешете душа. Знам од каде е спотот на Иги.
Шер ми е омилена засекогаш, а филмов си го пуштам во денови кога сум во емоционална катастрофа, ме потсеќа на многу безгрижен период, ја обожавав и серијата. Другарките ми викаа дека премногу личам на Alicia Silverstone, иако реално, од денешна гледна точка, освен плавата коса немам никаква друга сличност со неа, ама сепак се топев и се правев важна дека сум Шер. Многу е слатка и харизматична, а никогаш нема да ја заборавам експресијава, се фатив како уште ја користам несвесно. Поздрав женски.
Еден од моите омилени филмови, мислам дека со сестра ми пораснавме гледајќи го него и серијата.И ден денес, кога денот ми е ептен лош и тажен, го пуштам филмов и уживам.И секако се согласувам дека филмов е култен и е must watch за секоја девојка.Од мала ми беше Шер инспирација за оутфитите, 90's fashion was awesome.А за aпликацијата за оутфити, нема кој не ја посакал А Џош ми беше првата филмска симпатија. П.С.
Филмов секогаш ми е интересен за гледање. Најмногу ми се допаѓа сцената кога Шер и Џош си ги признаваат чувствата.
Го гледав летото, многу добро филмче е, дефинитивно задолжително за гледање. Многу од другарките сум ги прашала и ниедна го нема гледано зошто бил стар демек, а според мене стариве филмови се милион пати подобри од новите.
Се сеќавам на филмот кога прв пат го гледав бев мала и збунета зошто не го разбрав добро, се чудев ама како сега Шер на крај завршува со својот полубрат (Џош) После некоја година пак го гледав и сфатив дека уствари Џош работеше за нејзиниот татко и некако ми олесна После тоа кој знае уште колку пати ми е гледан А најјак ми беше другарот што на крај испадна дека е геј, си праќаше во школо сама на себе подароци за да го заинтересира, а првиот нивни состанок беше стварно смешен кога и ги покриваше стапалата со перница интересен филм, секој тинејџер треба да го гледа