1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Без пријатели

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nicki_N, 19 мај 2017.

  1. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има некоја ваква тема, затоа отворив нова. Немам другарки цел живот.. Имам 22 години и од кога знам за себе сите другарки што сум ги имала се дружеле со мене додека имале некаква корист. Ке ви раскажам на кратко. Јас секогаш сум била таа што сакала да се дружи. На секоја другарка сум гледала да и удоволам максимално, од давање облека, давање пари, сме излегувале каде таа сака, за секогаш да бидам зае*ана и оставена за друга другарка или дечко.. Сите другарки од средно ми го направија истото и тие после тоа што ги запознав, и јас останав буквално сама. Со многу од нив јас прекинав комуникација бидејќи ми дојде преку глава да бидам користена.. Имам таква среќа што колку и да не сакам, а верувајте не сакам, убава сум, секогаш дотерана и средена и од старт девојчињата ми љубоморат,ме мразат, други мислат дека сум дигната.. Но верувајте воопшто не сум таква, еве барем тука не се знаеме, нема што да лажам. Премногу сум добра со сите.. И останав сама. Имам само две онака подобри другарки,но и они со дечковци, не се гледаме многу често. Од факултет немам другарки бидејќи сум вонредно, работа моментално немам,но и кога работев, кога се вработив веќе сите беа таму удружени и не ми обрнуваа внимание, а јас сум повлечена, не сум таков тип да се убутавам на луѓе, можеби и поради тоа делувам "дигнато" ..Немам со кого кафе да испијам, немам со кого да излезам.. И онака додека имав, секое излегување беше нервози, не сакале ваму, каснење, заебување во последен момент и сл. Другари исто така немам. Тие што ги имав фатија девојки и се изгубија, останатите пробаа да имаат нешто со мене .. Дури отидов на психијатар од мака,но што.. Не можам да ви опишам колку ми е тешко. Ова повеќе го напишав за да се испразнам, и секако ако некоја од вас имала ваков проблем да ми даде совет..
     
    На BossGirl123, ray-man, shesnorookie и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Па зошто си повлечена личност?
    Кажуваш дека си убава, дотерана, млада... Итн.
    Мислам треба да поработаш на самодовербата . . Ново другарство можеш да основаш и во теретана , и на некој курс, и на зумба , иако си вондреден студент можеш редовно да посетуваш настава па таму да запознаеш прекрасни другарки и другари и сл.
    Имаш брат, сестра, братучетки и сл ?
     
  3. ecka.da.wiz

    ecka.da.wiz Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    и јас немам мн другари од школо, само со две девојчиња се дружам оти трите гледаме аниме 24/7
    но пробај да се запознаеш со луѓе од други места од светот (преку скајп или дискорд), преку некои сличности, имам запознаено мн луѓе на интернет, со некои скоро цела година зборуваме, тие ми се... па, се! и сеуште запознавам нови луѓе и иако неможам да ги видам секој ден, или да испаднам со нив, таму се, и барем се трудат колку можат да помогнат кога некој не е среќен.
    може не помага воа мн, ама сакам да кажам дека ќе најдеш некого, некого кој нема да те користи, некој кој ќе ти помогне кога ти е потребна помош
     
    На Pembe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Има ли некој слободно време да ми пишњ лп ми треба совет и муабет се чувствувам многу осамено....
     
    На Pembe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    I jas nemam drugarki voopsto I ne mi ni trebaat oti vo denesno vreme nema drugarki oti site se od korist
     
    На twilight123, La.loca, Indiegurl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Нема вистински другарки во денешно време. Т.е премногу се ретки. Луѓето доаѓаат и си одат па не треба многу да си ставаш на срце ако некоја те откачила поради друго друштво или дечко. Мој совет е да побараш луѓе за дружење без да очекуваш дека ќе има некое големо пријателство меѓу вас во смисла секогаш да сте тука една за друга. Да имаш со когу да отидеш на кафе, да излезеш за викенд и сл. на некој начин некое лабаво дружење. Не знам дали си во врска но може кога ќе запознаеш некој дечко ќе влезеш во неговото друштво и ете другарства. Спомна дека работиш плус и студираш па времето доста ти е исполнето. Може ако имаш некоја колешка од работа/факултет да ја повикаш на кафе после работа/предавање/полагање.
     
    На La.loca, Ina-Mar и Crna Dama им се допаѓа ова.
  7. Ina-Mar

    Ina-Mar Нов член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Имај пријателки за кафе,кино,театер,излегувања но не повеке бидејки од тие блиски што ти се најмногу ке ти го збркаат животот...
     
    На Pembe и La.loca им се допаѓа ова.
  8. IvanovaAnce

    IvanovaAnce Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Јас пред се можам да кажам дека навистина многу сум исмејувана одстрана на многу луѓе.
    Покрај тоа што сум фина,позитивна,насмеана,добра,сепак секој го гледа физичкиот изглед.
    Јас сум исмејувана поради тоа што сум дебела и еве сега ќе бидам прва година средно и незнам дали ќе ме прифатат останатите деца од класот,бидејќи нормално никој не сака дебела другарка да има покрај себе.
    Но,имам мотивација и ќе ослабам.
    Исто така сум исмејувана и поради мојот голем и грбав нос и едвај чекам да одам на операција.
    Навистина,дали може да ми дадете некаков совет за како да стекнам нови пријатели?
    Страв ми е дали ќе ме прифатат и незнам дали повторно ќе бидам така исмејувана.
    Во основно исто бев без другарки и да ги имав тие не ми беа најверни,туку тоа беше онака само дружба.
    Понекогаш и сама се шетам бидејќи немам со кој.
    Навистина ќе Ве молам за некои совет бидејќи не сакам и во средно никој да не ме сака.
    Поздрав.
     
    На AnаR23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Треба да сфатиш дека децата на тие години се злобни и тоа е реалноста, ако не сите тогаш повеќемината и мораш на тоа да се прилагодиш. Секако дека ова не значи дека треба да се повлечеш во ќоше и дека треба да молчиш но треба да сфатиш дека на таа возраст децата се такви. Јасно стави им до знаење дека нема да трпиш некој да те понижува и омаловажува и дружи се со тие деца кои се посмирени во твоето одделение и поразбрани. Ако нема воопшто такви деца во твојот клас на крај крајава префрли се во клас во кој сметаш дека има деца кои се поразбрани и пофини. Сигурен сум дека има и такви деца од твоја генерација во твоето школо. Исто така можеш да разговараш со класниот раководител и да му ја објасниш ситуацијата.

    Што се однесува до слабеењето, ако си навистина крупна тогаш не е лошо да почнеш да одиш во теретана или пак да планинариш ако има некаде во твоја близина место за планинарење. И мораш да внимаваш на исхраната. Леб, чоколади, грицки и други слатки работи мораш да ги исфрлиш од исхраната и ќе видиш дека ќе постигнеш резултати.

    Со среќа! :)
     
    На AnаR23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Во една од темите ти стави своја слика.
    Далеку си од дебела.
    Освен ако сликата не е твоја или... :?:
     
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Според сликата што си ја оставила во другата тема, воопшто не си дебела.
    Не знам од каде ти се набил тој комплекс, баш си супер во телото.
    Се надевам е твоја сликата, пошто туѓи се забранети.

    Имај поголема самодоверба, однесувај се послободно и тремата остави ја дома.
     
  12. IvanovaAnce

    IvanovaAnce Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Само така излагам на слика иначе сум многу дебела во живо со голем стомак и многу се нервирам поради тоа.
     
  13. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Имам малку пријатели, понекогаш исто како да ги немам.
     
    На EraBon, Justicija и Meckicja им се допаѓа ова.
  14. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Vo denesno vreme drugarstvo ne postoi, te baraat samo zs korist.
     
    На celineparis, La.loca и Meckicja им се допаѓа ова.
  15. Kitty23

    Kitty23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Го поминав истото и знам како ти е и јас поради тие деца мислев дека сум грда и дебела и се изгладнував и планирав секакви операции во иднина и сфатив дека се тоа било за џабе, едноставно не вреди не сум ни грда ни дебела а не верувам ни ти и нема потреба да размислуваш за операција на носот заради зборовите на другите, секако може да го направиш тоа но ако стварно го сакаш заради самата себе за некоја промена, а не заради туѓи мислења и страв од тоа како ќе те гледаат другите. И кај мене беше иста ситуацијата во основно но кога тргнав во средно успеав да пронајдам неколку другарки како мене и супер ми е, а никој никогаш воопшто не ми рече нешто за изгледот иако го очекував тоа и се плашев дури и добивав комплименти дека сум убава и слатка и бев многу зачудена затоа што дотогаш го имав слушано само спротивното. Грд човек не постои, сите луѓе се различни исто како и цвеќињата и животните можеш ли да кажеш за некое животно дека е грдо само затоа што не е исто како другите? Апсолутно не, како ќе поминуваат годините ќе учиш многу работи, борбата да се засакаш себеси е една од најтешките според мене и јас сеуште ја немам завршено но досега научив многу работи и уште ќе учам, се што ти треба е да имаш надеж за подобра иднина и да бидеш опкружена со вистински луѓе не ти требаат лажни другарки кои ќе те лажат и искористуваат не се плаши од тоа да бидеш сама и тоа си има своја вредност храни се здраво и вежбај за да бидеш здрава и среќна а не за тоа што ќе кажат другите јас тоа го сфатив на потежок начин и затоа ти кажувам сите сме различни некој е повисок некој понизок некој потежок некој полесен некој плав некој црн и тоа не значи дека не треба да се сакаме самите себеси заради некои илузии и идеали на општеството кои немаат никаква вредност каков и да си кога тогаш ќе ги пронајдеш вистинските луѓе кои ќе те ценат и сакаат така што изгледот воопшто нема да им биде битен труди се да го избегнуваш негативните подли луѓе и прави го она што навистина го сакаш соочи се со стравот ќе биде тешко ама после тоа ќе бидеш посилна се надевам ти помогнав малку ако ти треба нешто пиши ми во лп:)
     
    На AnаR23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
     
  17. guardatela

    guardatela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    85
    Ко ја да сум го пишувала ова жими се.. пиши ми лп кога можеш
     
  18. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот проблем. Почнувајќи од основно, па во средно, а сега и на факултет. Почнав да го мразам целиот свет затоа што сум како маргинализирана и сите како да ми велат дека не ме сакаат. Не ми е јасно како тие што велат дека немаат пријатели испаѓа дека имаат сепак пријатели. Се каам што се зачленив на овој форум затоа што и тука е исто. Викате дека треба да ги почитувам другите мислења, но вие не ги почитувате моите мислења. Веднаш одговарате со груб тон и прашувате зошто така мислам. Секој има право на мислење и никој друг нема право да го прашува зошто така мисли. Па уште и сите да ми се нафрлувате. Каков форум е ова?
     
  19. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Кога имаат интерес сите ми се пријатели така да не му ја мислам многу:D
    @Caci55 женска ако не ти чини форумов што се замараш со него?
    Ако ти се сакаш самата себе си нит ќе ти е гајле кој ти се нафрла нит зошто, прифати го тоа како такво и уживај.
     
    На Caci55 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    @Caci55 а зошто имаш потреба да те сакаат виртуелни ликови? Никој овде не е вистински. Малку се оние кои се претставуваат онакви какви што се. Повеќето создаваат лажна слика. Сфати го форумот како место за размена на мислења, потребни информации и општи дискусии. И барај вистински пријатели.
     
    На Tanjamm, QuickBro, tea1221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.