1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Без пријатели

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nicki_N, 19 мај 2017.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски

    Ова ти е душо моја форум, арена, ринг во кој се борат членови за престиж, за лајкови, за кревање на егото, за губење драгоцено време од животот, за гледање удолу наместо угоре..ако си за таков предизвик, бујрум, ако не си допаѓа, чао!

    Груби игри, навреди, сарказам, има од се по нешто..но сепак сите се сакаме иако со некој се мрзиме..недостасува секој што ке си оди:hug:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.513
    Пол:
    Женски
    @Purplelilac те посоветувала убаво и трпеливо во темата за избор на форумџика, прочитај го внимателно и применувај го нејзиното мислење.
    Форумов е за дискусија, не можеш да очекуваш секој да ти го прифати мислењето, а и за совети не е точно дека сите членки игнорираат - зависи каде ќе прашаш и кој е компетентен, има личности што ќе ти помогнат без разлика на мислења.

    Не те познаваме воопшто, ниту ти нас, и првпат се истакнуваш со постови дека никој не ја заслужува твојата почит. Е па, што очекуваш со такво однесување?
    Тоа што зрачиш, тоа и привлекуваш. Како тука, така и во реалниот живот.
    Не, форумот не е бојно поле (со „чест“ на исклучоци) и не си во право, туку треба да се промениш, бидејќи негативни луѓе никој не сака.

    Секогаш ми е жал кога ќе прочитам дека некој бил жртва на малтретирање и маргинализирање во основно и средно, но тоа со годините треба да те научи да бидеш пољубезна со другите и да немаш дискриминаторски ставови, а не да го мразиш цел свет. Ако не можеш сама да се справиш со негативните чувства, не е ништо срамно и да пробаш со разговор со стручно лице (психолог).
     
    Последна измена: 23 декември 2018
    На crimson, theowndemon, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    53.999
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дека сум скроз без пријатели, бидејќи имам две вистински другарки но многу ретко се гледаме заради тоа што тие се далеку и со обврски на факултет. Тие што ги имам овде, со кои се дружевме од 10 години, за жал одамна дознав какви работи правеле зад мој грб и колку всушност лицемерие постоело. А и се приметува дека не им е ист односот како порано кога сме заедно, и јас автоматски како да се дистанцирав поради претрпената болка заради нив. Не се воопшто оние личности што ги познавав. Решив да не се замарам многу, да играм и јас како што играат тие, но сепак не е тоа тоа. Почнаа и тие ретко да излегуваат заедно, и освен со дечко ми 99,9% од времето немам никој друг за излегување на кафе или на прошетка. Кога излегувам само со него излегувам. Кога е тој зафатен, јас седам дома. Основно, средно, на факултет, сите се погодија како пролазни, дистанцирани, незаинтересирани за дружба. И јас што сум малку како повлечена тоа си го прави своето. На крајот од денот секогаш длабоко во мене посакувам да излегувам со добро, искрено и вистинско женско друштво, да се забавувам и јас, да правиме женски муабети и сл. Но изгледа тоа веќе нема да биде. Секогаш ќе ми остане таа празнина во мене, тој дел од мене неизживеан..
     
    На SnowWhite8, Someonespecial, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    За сите што жалите за женско друштво да ви кажам дека многу ве понесува Холивуд вајбот БФФ.
    Не велам дека не постои искрено пријателство но се почесто гледам и такво како се распаѓа како кула од карти а и најчесто приметувам вештачко креирани '' искрени '' пријателства кога некој има интерес од другиот. Така да поарно да живееш во реалноста отколку во некои лажни светови.
    Но кога во животот доволно ќе ојачаш и пресечеш од старт со приказните наметнати од околината ништо не те допира за да жалиш и си го исполнуваш слободното време со небитни особи.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што погрешно си го сфатила моето мислење, затоа што воопшто не беше за да ти се нафрлам и да ти кажувам какво право имаш или немаш. Само сакав да ти помогнам за да направиш некоја позитивна промена првин поради себе, а потоа и за оние со кои си опкружена.

    Инаку во однос на тоа што си пишала дека тука никој нема право да те праша зошто така размислуваш, е за тоа морам да кажам дека погрешно си разбрала што значи форум. Форум е за да имаш одредено мислење, форум е за да го објасниш тоа мислење зошто е такво, форум е за да си браниш ставови, форум е за да прифатиш дека за некои нешта не си размислувала правилно.
     
    На Someonespecial, theowndemon и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. arodoet20

    arodoet20 Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2017
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Добро е не сум само јас.
    Од човек шо до пред 2 години имаше фул другарки и другари,сеа сум само со братучетка ми и со неа излагам и не знам као да се заблагодарам бидејки она е единствената личност шо ме врати у живот мислејки си дека ке останам без никој.
    Коа ке вратам муабетот уназад сфаќам дека ја сум била ептен добар човек и наивен и сите се дружеле со мене од корист бидејки сите ме знаеле као позитивна личност,предобра,смотана пошо на сите им помагав коа треба.
    Али за тоа бил тој период за сеа на 21 година да знам шо сум била а шо ќе бидам понатака. Тешкичко е некад коа ке ме фатат будалите за ЖУРКА секој втор викенд ко у минатото али се издржува и е боље и сеа личам на човек а не тогаш. Не се секирајте глупави-паметни , дебели -слаби СЕКАКВИ КЕ ВЕ ЗАЕБАТ.
     
  7. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Другари/ки може да имаш максимум до 3-ца. И тие тројца да ти бидат од најрано детство, кое сте си го поминувале заедно, сте имале доверба, сте си помагале и тн...
    Нека не те чуди тебе, а и на сите, што на било кој начин се откажале од тебе/вас. Денес не постои другарство како што било порано. Денес се е од корист.
    Џабе е колку да си добра, на крај ќе бидеш искористена и фрлена како кон*ом.
     
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Нема врска дека мора да се од најрано детство.. да, тие се најчесто најискрени (pure) ама вистинските пријателства тие силните не ср знае кога ќе се појават.
     
    На Someonespecial и Плавуша123 им се допаѓа ова.
  9. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Обично не се појавуваат.
     
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам. За да добиеш треба и да дадеш. Со мисла дека сите се фејк и користољубиви не правиш ништо.
     
    На Someonespecial, poenta, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Плавуша123

    Плавуша123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Имав таква една што ми беше најдобра другарка од мали нозе, но се искаравме ради една нејзина другарка. си се прекинавме со се. Не зборувам со неа долго време али ми недостига како другарка така да.
    Не мора да значи, се е до луѓето!
     
  12. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Најдобрите другари-ки се фамилијата брат, сестра, мајка, татко, жена, деца.... Све др е пролазно еден ден останува само како тема за моабет:)
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    8.969
    Пол:
    Женски
    Точно е дека не правиш ништо, ама искрено многу е ретко тоа пријателство само пријателство, секој со секој е од корист у најмала рака да не биде сам и да има со кого кафе да се напие, а иако можеби и се лошо да мисли за тебе.
     
  14. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    За жал такви се скоро сите. Само за негова корист, да те искористи за нешто што му е само нему потребно.
    Сум имал многу такви примери каде што сум давал помош и сум вршел услуги, но не ми возвратиле. Иако во повеќето случаи каде што можам сам, не сум им барал за возврат помош, а на тие што сум им дал не им ни текнало да ме прашаат. Само да прашаат дали треба нешто, од чиста култура и почит према тој што ти завршил работа.
    Така е насекаде.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Дечки, се додека сами не се цените и додека не знаете да покажете заби џабе ви е. Во природата ни е кога ќе наидеме на послаб од нас да го "искористиме". Не значи дека треба секогаш да сте тука за сите и да сте понудени на тацна. Ако некој ве заебе еднаш, ете тоа е баталете го. Со тоа што сте секогаш тука за некој што ве искористил не покажуваете добрина туку наивност.. Болно е ова ама реално.
     
  16. arodoet20

    arodoet20 Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2017
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Сигурно пошо ја до пред 2 год имав "НАЈДОБРА ДРУГАРКА" шо дома моите за нарекоа и трета ЌЕРКА па испадна голема (се извинувам на речник) клошарка. Никад нишо не се знае.
     
  17. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    5.036
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се јасни оние личности кои велат '' подобро без другарки, сите се само за корист, подобро сам и слично,, не е подобро воопшто, еве лето ќе дојде, сигурно нема со мама и тато да идеме на базен, некое патување, излегување во дискотека, кафич, не сум ни јас многу возрасна ама животот наназад го памтам токму по глупостите што сме ги правеле со другарките, кога ќе остариш по тоа се памти животот, така да требаат другарки за било што, ги немам ни јас многу, ама ете реалноста ако е сурова не значи дека треба да се откажеме. :)
     
    На candy.cane и darlingdragon им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.679
    Допаѓања:
    172.497
    Пол:
    Женски
    Денес сите те гледаат од корист ;) дури и тие најискрени..
    А богами не ми ни треба некој за да излезам во кафич или да седнам некаде.. Ми требаат за муабет од време на време
    А за на одмор, пола Европа ја свртев сама и уживав во тоа... така да ни за тоа не ти се потребни другарки.
    Сами можеме се... другарките имаат сосема друга "задача" во животот .... да не развеселат и да ни го направат животот поубав..Да ни помогнат кога треба и да им помогнеме кога треба.. Да те ислушаат кога ти треба и да ги ислушаш кога е тешко итн итн итн
     
    На cresa-jagoda, Ugly Duckling, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    По среќен сум откако се појави форца и другите лихвари.
     
  20. savageu

    savageu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Ја најдов ова тема и пишувам за и јас да си олеснам на душава. Имам 24 години и последните 2 години сум поосамена од било кога. Всушност откако започна пандемијава сфатив дека јас не ни имам пријатели туку познаници (освен една другарка). Од секогаш сум била срамежлива и повлечена и потешко сум создавала пријатели, но ги имало. Некои од маало, некои од средно, некои на факултет. Ама како завршив средно, се оддалечивме, како отидовме со онлајн настава на факултет така се оддалечивме со колегите и сфатив дека тие не ми ни биле пријатели. Имам дечко и најчесто излегувам со него. Тој има двајца другари со кои излегува бидејќи го има истиот проблем. Двајца му се преселија во Америка и му останаа овие двајце кои се доста терсенет, но и сам вели дека нема избор. Јас со другарката излегувам од време на време ама па она си има дечко и еден куп други другарки и не може постојано да е слободна за со мене, нормално. Пробав да обновам пријателства со некои луѓе но ми се чини невозможно. Едвај ќе се наканиме за едно кафе да испиеме и ги снемува. Едноставно се гледа дека немаат интерес за нешто повеќе. Затоа решив да не се трудам веќе во таа област, но решена сум да запознаам нови луѓе. Проблемот е каде? Студент сум, учам од дома. Дечко ми е самовработен, работи од дома. Буквакно никаде не доаѓам во контакт со нови луѓе. Ситуацијава стварно ми удира на психа...
     
    На Плавуша123 му/ѝ се допаѓа ова.