@savageu кога ќе престанеш да се замараш за ова, дури тогаш ќе дојдат пријателките. Мораш и да иницираш некогаш кафе, пешачење и сл. Не може да очекуваш стално тебе да те вика, (хипотетички) ако би имала пријателка. Не се труди никогаш(!) да обновиш стари пријателства, оти тука немаш ништо од нив. Кога пред пола година се запишав на вежбање, главен фокус ми беше да најдам друштво. Башка што ич не ме биваше, нормално - се замарав со нешто што не требаше. Кога се посветив на себе, жалев за времето и енергијата што сум ги трошела напразно. И после излегувале доста прилики за дружење (не од група), но не сум излегувала по секоја цена - ако нешто сум имала испланирано за тој ден, не сум подместувала за да одам на едно кафе. Зошто едно кафе би ми реметел цел мој план на денот? Социјализацијата денес е површна, особено за друштво. Не си го сфаќај лично ова како проблем, едноставно опушти си се и другото ќе се среди. Не ги гледај другите колку другарки имаат, гледај се себеси. Башка и никогаш не знаеш со сигурност дали тие со повеќе другарки се чувствуваат среќно, пошто среќата е доста релативна. Од друга страна, не значи дека ако си срамежлива тоа би требало да е "главниот" проблем. Имаш дечко. Се разбирате за темава. Барем го сфаќаш него и он тебе. Тоа е доволно.
@savageu Мој совет е што полабаво да размислуваш на тема пријателство, особено откако почна пандемијава, не ти се потребни такви стресови, едноставно лош период е за многумина и тоа е тоа. Не очајувај. Ако си во прилика, движи се меѓу луѓе додека не најдеш некој кој ќе ти одговара и не се откажувај од потрагата по пријатели, бидејќи постојат и нѝ се потребни. Човекот е социјално битие. И не се потпирај премногу на дечко ти исто така, пошто и со дечкото може да се деси исто како со пријателите, па да паѓаш у депресии. Барај ги пријателите на места кои ти се од интерес, биди поопуштена во комуникацијата со луѓе. Башка што си млада, кога ќе завршиш школо, ќе најдеш работа, ќе се шири кругот на познанства и на пријателства. Но, не по секоја цена.
Здраво, знам дека ова не е за на форум али ја стварно више не знам што да кажам.. имам само неколку другари (машки, ја сум женско) и они се ок фини се али не ми се доволни. Голем екстроверт сум и сакам често да искачам, да речеме секој втор ден на кафе/ресторан и секој втор викенд кафана и дискотека. Знам некој ќе рече скапо ама јас би частела верувајте само да имам више со кој.. Како да најдам уште пријатели? Иначе имам над 18 години, завршено факултет, од работа не сакам да мешам приватен и пословен живот. Се мислев на тиндер да пробам, да ставам во био дека сакам да запознаам нови пријатели ама cringy е и тиндер реално има секакви манијаци, така иам слушнато. Имате ли некој предлог?
Девојче за друштво не се плаќа! Види почни да се надоградуваш. Запиши се на курсеви, спортови нешто што ќе ти донесе повеќе луѓе околу тебе. Барај си вистински пријателства со кого ќе се дружиш. Секој може да дојде на ручек ако ти частиш
Da se soberime tuka site so se osekjame kako nea i da "ideme na kafe" Gi ima dosta kako nea samo molcat.... Ova e dobra tema i za na kafe...poso retko koj na kafe zbori ...site zjaat vo telefon
Јас сум во слична ситуација 21г се омажив и чекам бебенце имам 3 другарки што се дружиме од 6години и 2 од средно кои кога и да ги побарам имаат "обврски" или некои lame ексјуз и почнувам повеќе и повеќе да се осеќам отфрлено. Според мене сега е периодот (додека не се породам) да искачам со нив да се видиме и сл.,а не кога ќе имам дете да доаѓаат за него? Не фала, ако не си била тука дур ми било у стомак не ми требаш кога ќе е надвор од него.. Како и секој сакам да излезам на кафе со другарки а тие ме одјебуваат секој пат. Скептик сум како да најдам ново друштво ?
Види период да се гледате и слушате е секогаш , било со дете у стомак, породена , мажена не мажена… Не си наишла на пријатели што ќе те центар срцка. Тоа е вистината, ако си добар човек, и добро си сњ однесувала со нив , тогаш до нив е. Ако ти се драги седни и кажи им како се осекаш и види реакција. Ако пак е по исто батали ги.. Не ти се потребни такви луѓе, млада си ќе најдеш “твои луѓе”. Со најдобрата другатка се гледавме и пред да е трудна, и кога беше, и кога се породи бар у денешно време имаш тон апликации…
Gi imav prashano mi vikaa deka sega imam obvrski kako mazhena a koga i da gi pobaram se ne se slobodni makar 5dena unapred. Nikad ne sum im nastetila,niti sum los covek pa da mi vrakjaat se izmoriv od molenje da gi vidam zatoa pisav dzabe tolku im se naogjam koga im treba nesto koga niv nigde gi nema
Глупости, со деугарка ми се збам од прво одделение,( сеа имаме 32) што не поминавме ,пораснавме и пак најдовме време. Она стапи у брак не намаливме со гледање напротив, ме викаше да се спријателам со сопругот. Ништо не се промени .. Мислам толку години пријателство , да фрлиш во ѓубре би било банално, онака значи дека и двете ни било сеедно и не сме си значеле. Оној кој сака ќе најде начин, изговори има билион.. Не се секирај, нивна загуба, ќе ти дојде во живот некој кој ќе те цени
Тие што те почитуваат ќе најдат време за тебе. А тие што бараат изговори, не треба да се дел од твојот живот. Ова ти го пишувам затоа што јас расчистив со две другарки. Ти ако си мажена немаш сида. Бог да чува се некои луѓе.
Веројатно се менуваат приоритети во животот и бидејќи сте млади многу, тие се сингл/во врска/немажени и без деца со други интереси и имаат други теми на муабет, веројатно некако не се вклопувате веќе во животниот период. Во средно сте живееле сличен живот и сте си биле погодени тогаш. Да не ме сфатиш погрешно, секој со својот избор, ама денеска ретко на твоја возраст да најдеш мажени и со бебенца, затоа и така се чувствуваш, не е до тебе проблемот, а не е ни до нив, само ви се случил живот. Не верувам намерно да се оддалечиле од тебе туку едноставно веќе не се пронаоѓате и се случило оддалечувањето. Не си го сфаќај лично, природно се случуваат вакви работи. Без причина ми се случило да се оддалечам и јас со луѓе после средно зошто сме отишле на различни фреквенции во животот. Лично ниедна другарка не ми се има омажено, ни има деца, а слични години сум со вас, ама нивни другарки/познанички се имаат омажено и баш некако прекинаа контакти, викаат не им се слушале муабети за бебиња, за деца, мажи, на тие не им се слушало за испити, заглавување на журки до 5 сабајле и дечковци, друго ги интересирало, не се разбирале и се оддалечиле. Јас лично не би се оддалечила од некого зошто млада другарка би добила деца и се омажила, а јас друго правам во тој период од животот, ама најверојатно тоа природно се случува, без намерно да планираш, различни периоди во животот и нема некоја заедничка тема на муабет и интерес, па се намалуваат дружбите. Највеќе би ти одговарале сега луѓе слични на тебе, трудници, со мали дечиња, ќе се дружите заеднички и со децата, ќе си споделувате муабети слични на заедничкото секојдневие. Немаш ли некои твои братучетки, на маж ти роднини, некои другари на мажот што се женети, па со нивните жени или комшики така да си се дружите? Можеби во парк кога ќе го шеташ бебето понатака ќе си запознаеш слични луѓе. Или на интернет да запознаеш луѓе по групи, теми за трудници пример. Не ми текнува нешто друго.
Јас прва се омажив. И уште комуницирам со некои другарки. Тој што те цени нема да бара изговори. Вистинските пријатели тоа не го прават.
Да во право си само знам дека кога ќе дојде бебето ќе бидат први да го видат.. Од на мм страната он е најстар и прв женет со дете и од роднини и од друштво Имам братучедка со 2 дечиња живее саат ипол од мене почна на работа не вози некад одам кај нејзе ама патот е долг за чести посети. Планирам да одам на овие што се предавања за трудници може ќе стекнам таму пријателки,а за со бебуш низ парк деф ќе се спријателам со некоја друга мајка па здравје како ке биде ќе видиме
Нормален човек нема да вергла константно за било што, него ќе има некој баланс у таа врска. Имам другарки со кои се дружам помалку кои имаат дете , ама досафни се. Само детето детето, детето , еве ние станавме, еве какавме. Друго ништо не знаат да прозборат, ако не е дете сопругот вака, така бла бла, досадни се .. Имам луѓе во кои збориме и за деца, све и свашта и тон др ствари. Немам деца ама како што они сакаат да се инволвирани у мој живот така сакам и ја у нивни. До човекот е и желбата друго се е гола вода…. Штета што луѓево се себични, скржави и самобендисани, ретко кој гледа подалеку од нсоот.
Премногу пати ќе се случи да се сретнеш со некој и ти вика ај на кафе, ќе размените броеви или социјални мрежи, ќе чекаш да ти пише или да ти се јави, но ништо. Ти им пишуваш или вртиш неколку пати, ништо и од тоа и така се врти кругот дали кога ќе ја сретнеш пак истата личност или друга. Верувам дека на сите км се случило некад и си се прауваш себеси "Дали јас нешто направив?". Не, до луѓето е, ако стварно сакаа ќе се договоревте. Не се кривете себеси, за постапките на дригите!
Реално, имам доста размислувано на темава и мислам дека се работи за power dynamic. Во моментот кога некој ќе ти рече, ќе те барам, ќе ти пишам утре итн, имаат некоја привидна моќ врз тебе. Затоа што ако реално биле убедливи, веројатно и ќе го направиш тоа и ќе чекаш. Затоа е важно ние да ја потегаме иницијативата. Ова доста го имам забележано при излегување навечер. Секогаш има една личност која стално касно и стално се чека. Во нивниот мозок, тие се важните и тие треба да се чекаат. Забеган е човечкиот мозок, особено при вакви моменти, никој не се дружи заради добар вајб или слично, најчесто имаат интерес во позадина. Мене не ме повредува ова, само би било подобро да го знаев претходно.
Спонтано оддалечување ради различни приоритети е нешто нормално и се случва. Подобро така да се оддалечиш со некој и да имаш опција пак некогаш да контактираш ко ќе приоритетите ви се совпаднат него да форсирате пријателство оти "вистинско пријателство вака не прај" и да си замерите и искарате.