Ја се од наброеново праам сама, шопинг/пазарење обавезно сама бидејќи не сакам некој да ме брза. Макар до веро да одам за макарони. Трчање на кеј сама пошо си го знам темпото. Амаа седење сама во ресторан, I draw the line here. Ми делува како само во мене да ќе гледаат дека сум крипец некој
Па и јас многу ретко сум седнувала во ресторани сама, ама не зборам за некои "елитни" како што ги викаат, пример во некоја пицерија и набрзина сум јадела, еве пример за шопинг друго е со другарки ама ако и тие сакаат да одат да си купат нешто, а не специјално да ги викам да ми прават мене друштво, ама за маркет се сама одам, зар и за да купувам јадење треба друштво.
Е и јас и сама би шетала. Додека живеев во Мк нонстоп си шетав сама во парк или покрај кеј, зошто во Аеродром живеев. Сега овде во Романија во преубав урбан град сме, ама ете живееме во многу мала приградска населба што е едно 15тина мин од градот и малку е изолирана буквално од сѐ. Сите со сите се знаат. Еднаш, само што се вселив, отидов да фрлам ѓубре и решив да свртам еден круг да го разгледам соседството сама и одма наредниот ден мм ми кажа дека мајка му му кажала дека ме виделе комшиите и збореле дека сум акала сама. Сепак, не сум ни јас за некои си друштва, да бев немаше да се решам на овој чекор, ама бар една единствена пријателка да запознаам макар и за еднаш-два пати месечна прошетка/кафе. Ако неќе маж ми да излезе а јас сакам воздух да ме фати морам дома како утка да седам. Немам храброст да одам во градот што не го познавам скрос сама. Јас во Скопје во моја населба често се губев зошто сум тотално дезориентирана и чукната во главава а не па во странство. Колку и да сме интровертни и по самотијата и да негираме дека не ни треба никој, секој од нас има потреба да се види со пријателка, да седне на кафе па и once in a blue moon да удриш еден општ женски трач муабет, за нешто што не можеш да збориш со маж ти или со сам себе, да разговараш и да слушнеш мислење, совет, коментар од друга перспектива од друго битие.
Denesnive drugarstva i prijatelstva se svedeni na falbi samo Letanje u nebo i nisto drugo. Podsmev ako si poslab u materijalno i zadninsko zabivanje noz otposle stanuvanje od masa Ima edna rabota so mislam ke se slozi sekoj a toa e "materijalnoto go ubi covecnoto" I teraj si sam e podobro otkolku teraj so nekolku i da te zdoboli na kraj
Кога бев средно имав стабилно друштво од некои 4-5 другарки и некои познаници кои влегуваа во тоа друштво, за излегување и слично. На факс беше истата приказна, со таа разлика што ние не можевме секој викенд да излегуваме и да трошиме пари како наши врсници оти бевме од средна класа. На факс дури бев, видов многу курч од луѓе кои заминаа да студираат во Скопје. Мислам, секоја чест за нивните родители кои имале буџет, да им издвојат толку пари за да излегуваат по елитни локали, скапи облеки и одмори. Периодот кога завршив факс, беше период на можеби еден од најголемите одливи на население во државава. Се почна да се пусти и празни, дури и луѓево како да станаа по малку злобни, зајадливи и параноични. После дипломирање, со тие другарки контактот почна да се намалува. Веројатно, затоа што тие немаа реална корист од мене, а мене пак ми станаа досадни. За волја на вистината, едната од нив направи некои злобни работи за кои веројатно се кае, ама тоа си е на неа и нејзината душа. Моментално, имам само две, ама не е тоа-тоа. Ретко се гледаме и нема некоја си кој знае каква конекција и поврзаност. Мене ми фали одење на викенд со женска друштво, планинарење, искачување или обичен ручек во некој етно ресторан. Ми фали отворена женска комуникација и начинот на кој ние како женски се заебаваме и имаме посебен стил на хумор. Сум имала и машко друштво и можам со сигурност да кажам, дека ако е некој привлечен од тебе, тоа нема да опстои. Башка, како поминува време, така повеќе ја сфаќам таа родова нееднаквост, која како тинејџер или во пост тинејџ период не можев да ја сфатам. И не можам баш да вајдам во такво друштво. Од нас како жени или девојки многу се очекува, цел товар е на нас, а мене ми е здосадено тоа. Сакам да си поуживам во животот што ми е од Бог даден, на социјални правила не се покорувам.
Не можеш да бидеш без пријатели. Треба да имаш некој за да споделиш нешто. Ама какво време дојде, треба да внимаваш со кого се дружиш. После некои неубави искуства, внимателно ги одбирам пријателите. Не можеш со секој да си близок.
@Cinnamon Bun нека не те обесхрабрува тоа што немаш пријателка. Напротив, кога ќе почнеш да се движиш прилично лесно ќе запознаваш. Реално, луѓе од еден крај на друг одат сами, се движат со помош на мапа и не е ништо смешно. Само не треба да те опседнува мислата кој што кажал за тебе. А од седење така, само ќе ти доаѓаат неубави мисли.
Овде луѓево сами си пијат кафе. Сами си ручаат во ресторан. И никој не ги гледа чудно. А кај нас одма ќе има коментари. Не знам зошто е чудно сам да отидеш во кафиќ.
Јас уживам сама, со келнерите си зборам, нарачувам се што сакам, размислувам, преубаво е. Треба повеќе да се практикува ова кај нас.
Се осеќам премногу осамена. Порано имав многу другарки. Сега секоја си фати свој пат. Си имаме група од 5 девојчиња и знаеме чат пат да се договориме да седнеме на кафе сите заедно, ама не е тоа тоа се одалечивме, тие се сите до мажите цело време и свои интереси. Со други две другарки постојано се имавме тука за било што, генерално и ради тоа за многу работи сме си прогледувале низ прсти, иако и таму веќе интересите ни се разделија одамна но со нив се скарав. Веќе немам никого. Најдобрата другарка што ја имав откако фати дечко што јас ја запознав со него, ја одалечи од сите. Без причина се одалечи и од мене, најдобрата другарка. Во скоро време и ме избришала од соц.мрежи. Толку време имав вложено во пријателствата за да на крај останам без пријатели. Сакам да имам постојано пријателка дали за муабет, да знам дека е тука за мене како и јас за неа. За битни работи прослави да имам со кого денот да го споделам, да го поминам. Понатака за животни искуства, случувања, за добро и лошо. На факултет се запишав покасно, децата што учат таму се многу многу помали од мене. Живеам на место каде нема многу луѓе. Од сите страни сум за никаде. Но и тие нови луѓе што ќе ги сретнам си имаат веќе свои пријатели и не им требаат нови, не сакаат да го трошат времето на некој нов наместо на некој свој со зедничко минато и спомени. Бев весела личност со која сите сакаа да се дружат. Ептен се депресирам сега што немам една блиска другарка веќе. Секој ден психа ме мава. Немам волја за ништо веќе.
Биди силна и не се откажувај. Ситуацијава е ваква подолго време. Во градов кај мене веќе ретко кој излегува на пладне по кафиња, а богами и навечер по клубови. Освен тинејџери, ретко кој друг. Како другиве да се повлекоа од живот, не знам, чудно е. Себе изолација. Од мажени жени и тие што се во врска, се очекува многу, оти најверојатно тие крепат брак/врска. Па, за да си поедностават живот излегуваат само со маж или дечко. И оваа е најголемата грешка што може да си ја направат како жена, затоа што при прв проблем, несогласување и слично, ќе нема на кого да му се обратат, за совет, помош, што и да е. Така да, колку и да се осеќаш осамено, запамти дека и тие се осеќаат така. Ама не знаат како, бираат полесен пат. Јас замерував во минатото, сега веќе не.
Мислам дека треба да си пружиш нега прво на себеси и да видиш што ти сакаш, само така ќе искочиш од депресија. Промени нешто и пробај да не се потпираш на други луѓе за да си поминеш убаво.
Значи во Романија бетер од кај нас ако шеташ сама. @SummerGirl кај нас и во wc не одат сами, што е чудно па за во кафич.
Не е бетер ако си во градот ама ние живееме малку понастрана, приградски нешто како скопски Илинден, Драчево, така да менталитетот е поразчичен и по не-градски. Има многу млади фамилии тие не се замараат уопште, ама стариве што се тука од времето на комунизмот маалото и комшиите им е единствената забава, радио Милева...
Епа и кај нас претежно во помалите градови повеќе загледуваат такви работи, во Скопје немам проблем сама да седнам кафе да пијам, па дури и да ручам, еве и во помал град сум седнувала кога сум одела службено и многу ми било гајле никој не ме знаел, ама сега мм е од помал град и таму сите ме знаат, и сум седнала на кафе сама, пример негде пазарувам и ќе седнам набрзина, не ќе барам друштво, ама тие што ги знам од таму комшики и тоа млади ми се чудеа како така. Во Италија жени денски си седеа сами на ручек и вино, кај нас така пијаница ќе те направат хаха.
Верувај... Овде ми е спас. Не ни знам кои ми се комшии затоа што не ги гледам во двор. Не седат, не дремат пред капија, не дремат на прозор. Ги знам само тие од мојот влез. И тие што живеат до зградава. Ова е мини зграда со 3 стана. Никој со никого не се замара. Не се дружат како во Мк. Овде не можеш да очекуваш Германец да ти биде пријател. Не се друштвени.
Јас сум Германка тогаш хаха. Не дека не сум друштвена, ама не се дружам со секого, подобро сама отколку со лошо друштво. Таму гол да шеташ нема да те погледнат, единствено наши ако има па дури и ќе те сликаат, е да, таму никој не дреме по тераси, дворови, кога бев Германија на приземје беше станот со двор, си седев никој не загледуваше. Во Италија до нас имаше стара жена 70+ послаба од мене беше, секој ден ја сретнував пешачеше по 2-3x дневно, секој сам си оди, никој не загледува што како, кај нас гледаат и во ќесите што имаш.
Даа знам за Италија, алал да им е така и треба да биде, секој со својот бизнис. Да не се гледа чудно на тоа ако сам со себе се дружиш, одиш на ручек, вино, на филм во кино... Конечно собрав храброст да одам скрос сама во градот, мм ме остави со кола и се шетав навака натака, сама си испив кафе на клупа, тоа без проблем си го правев порано. Немаше никаков проблем никој не се замараше со мене. Не бев единствена. Ама ете така се погоди населбава дека пригратска, па згора на тоа и дека свекре живее во другата зграда и е главна ѕвезда во комшии и обожава да збори за нашиот приватен живот на мене и син и, им дава повод да се замараат со нас, сачувај боже. Како и да е не планираме вечито да живееме во маалово, кога тогаш ќе се иселиме. Мада до тогаш ќе почнам и тука да си вртам кругови после јадење да ми спадне јадењето, со слушалки на уши и ич не ми е гајле.
Човек не е за сам да е, не велам дека е лесно, ама не е ни научна фантасика за се спријателиш со некој. Само едина ствар што гледам дека фали кај повеќето е тоа што од сам старт се себични . Закржлавени, мислат само на себе и што заслужуваат, а не дека треба и ти да даваш за да ти биде вратено. Треба иако пријателство да ја развиваш таа врска за да прерасне у тоа што сакаш… Интереси/форуми не знам во дм/ маркет има човек кај да запознае само треба и да си аутгоинг и ready to mingle..