Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Без шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од LoVeR, 19 април 2011.

  1. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    баш напротив овој мојов од секогаш ми велеше и ми вели дека сака кога ќе види некоја убаво нашминкана и средена девојка...со убаво карминче :*
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    @ simoncelicius, @ marama и @ zhap4e

    Фала на одговорите, ме смиривте дека можам и понатаму да си сакам шминкани девојки без страв од пребрзо стареење :).

    Веќе не ви се мешам :).
     
    На simoncelicius и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Едни сакаат шминки, други неќаат, тоа е личен избор...А останатото кое кажав е лично мое мнение, без да се натрапвам. Се извинувам што предизвиков конфликт. Не сум кажала, дека момичињата со шминки се грди, макар што има и такви случаи. Кажав дека убавите девојки немаат потреба од шминка. Немаат потреба да прикриваат белези, црнки, акни...ако немаш такви проблеми, золшто ти е шминка, просто не разбирам...
    Што и фали на таа?
    [​IMG]
    или
    [​IMG]
    или пак таа
    [​IMG]

    Јас като тијнејџерка исто сум користила шминки, но еден ден просто се запрашав ЗОШТО? И од тогава не сум користила ништо друго, освен Спирала за очи и балсам за устни, се разбира и козметика за нега на кожата,и си имам самочувствие, чувствам се добре во кожата си... Както и да е, спирам со муабетот, зш тој нема крај, исто како кое е прво јајцето или кокошката
    Поздрав
     
    На Hell0.kitty и interesna им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Еден малку задоцнет одговор до ИксМен - ич да не му се мислиш јас на мои 32 год. барем половина животен век ако не и повеќе употребувам пудра и слободно ќе си се пофалам сум брчки фри :wasntme: , игра тука секако улога и генетика и употреба на правилна козметика, :emo: .

    Инаку сум се изјаснила на темава мислам дека минимална секојдневна шминка која дава природен изглед во смисол малку пудра за воедначен тен, маскара и лабело или нежно сјајче на усни и не е баш шминка туку грижа за себе, а тоа буди почит кај истомисленици кои држат до себе ;) .
     
    На Trendafilka, ani22, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Хммм...

    Чинам сум се изјаснила и порано , ама не во оваа тема .
    Како и да е . ТВРДАМ дека грда жена ( и сега одма некој нема грди ) има ГРДИ има !!! Сум видела ин лајф и со козметики и се . Да се вратам на муабетов ако нема една женска , жена што да е , црта правилна , женствена, не мора да биде фатале ама онаа сипматичност . Ако сакаш шлапни му пудра и од 200 евра и остала козметика колку сваровски накит вредна џабе бе сестро таа е таа .
    Додека знам мал милион на млади жени , постари , млади девојки на кои лицето им "плаче за шминка " кога ќе ги видам чинам гледам празно платно а јас сум уметник со најдобра идеја за ремек дело .
    Шминката за мене е секојдневен ритуал од кој НЕ СУМ ЗАВИСНА . Значи нејќам да сум обврзана имам храброст да се покажам пред светов и без пудра . Оправдувам таканаречена лесна шминка кај што рајата може да те препознае и кај што нема да оставиш траг на нивното лице :tmi: поужас не може бити . Не оправдувам цемент , порцелански кукли , вечерни шминки за едно кафе |( не е тоа посветеност тоа се бесни глисти .
    Има жени кои се преубави и без шминка ПРЕРЕТКИ ама ги има :!: ги знам . Мене не ми треба шминката да ми смени личен опис , само да ми го отвори лицето , да ми ги потенцира очито да ми ги истакне усните , да ми го изедначи тенот толку .
    Пудра користам по потреба и по расположение значи не сум секој ден со пудра не дека се правам паметна јас сум Џоли него некогаш немам време , ме мрзи , свеж ми е ликот можам со помалку а и со ИЧ.
    Средена жена е попривлечна ама СРЕДЕНА не маскирана зад тони бои на лицето .

    И уште нешто нејќам да си дозволам да станам зависна од шминка божем вода или воздух е , а знам примери ако ги прашаш кој ти е најголем кошмар ќе ти кажат да излезам без шминка .
    Тоа :shake:
     
    На mims-89 и J.Ivanoska им се допаѓа ова.
  6. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    18.329
    Пол:
    Женски
    Шминка користам и сакам во нормални количини :D
    Значи правам разлика од дневна до вечерна шминка.Кога одам негде преку ден,знам и да не ставам пудра,само маскара,руменило и сјајче,а за навечер обавезно пудра,некогаш сенки,а некогш само туш. Не можам да сфатам некои девојчиња,викаат е јас имам убаво лице и не ми треба пудра,а излегла со три кила сенки и руменило,епа таа јака шминка мора да има подлога бе луѓе.
    Не сум зависна од шминка,ама сакам да сум средена.
    Ставам малку пудра за да покријам недостатоци,а тоа е најчесто подочњаците и тоа што сум бледа,па така да се освежам малку,а најмногу мразам пудра еден тон и плус 5 нијанси да двои од вратот.
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Да одговорам на прашањето - комотно :) Нема поубаво чуство кога човек ќе го одмори лицето од гипс и темпери. Што би рекол еден мој другар кој постојано не може да сфати зошто се шминкаме - удри ја со чекан и мислиш ѕид се рони :D

    Е сега ако одам на работа, малку би стискала заби да признаам, затоа што на работа сум секогаш средена, ама штом сум издржала да ги пуштам веѓите месец и пол и така да доаѓам на работа - би издржала и без шминка :D
    А не дека би била единствена, еден куп колешки не ми се шминкаат па големото чудо веќе.

    Со оглед на тоа дека активно почнав да се шминкам а со тоа и почесто дури негде при крај на моите студентски денови, не би имала проблем да издржам некое време без шминка. Но да признаам единствено сум зависна од маскарата и моливчето. За пудра мање више - пу пу мајка природа и моите родители ми смучкале гени да не ми ни треба пудра шљакање, а особено не дневно. Поминувам и со бронзер или со руменило за лице и некоја голема разлика не се забележува.
    Уште еднаш ќе речам - пу пу.

    Кога излегувам навистина сакам да се шминкам и интересно ми е да си играм со разните нијанси особено на сенките. Самиот процес на шминкање за мене е уметност и - да, сакам да се шминкам, навистина, особено да ги надбљудувам оние кои знаат да шминкаат.
    Но од друга страна не можам да го сфатам оној фетиш на просечната балканска жена да биде нон стоп - и премногу нашминкана. Сте шетнале по другиве држави? Луѓето имаат пари за професионални шминкери секој ден а сепак не се шминкаат толку за обични секојдневни прилики ко нас. Кога ќе ми текне какви се Французинките посебно, без грам шминка се пошармантни од кој и да е и дури и на постари години изгледаат одлично. Природно одлично. А кај нас најсмешно ми е дури и кога ќе отидам леб да купам мислам дека сум влегла во претставништво на Римел - нашминкана продавачката мислиш на свадба е. Секој момент очекувам место леб да почне да ја соблекува престилката, да никне од нигде негде некоја шипка за играње и да почне да ми прави стриптиз.
    За одење на плажа па ич не сфаќам со која цел некој се шминка кога и онака влегува во вода евентуално се сонча. Или потоа не го разбирам задоволството некој да оди на плажа за да се испрчи и да биде виден. А тоа е за жал повторно чисто македонски синдром кој треба да си го патентираме.

    Шминката ја разбирам во случај да треба да се исправат недостатоци, да се истакнат природните црти или поправи она што не е совршено во нашите очи. До оној степен да можам да си речам дека сум се спремала саат време за да изгледам како да сум се спремала 5 минути - ноншалантно шармантна и средена. За вечерно излегување и сценска шминка односно шминка прикладна за приликата, нема потреба да зборувам, ја разбирам потполно и ја оправдувам.
    Ама гледам фудбал со друштво и сум се нашминкала ко да ќе пеам во кафана - не разбирам.
    А никој нема да ме убеди во тоа дека мажите толку многу сакаат шминка кај жените. Шлапнете си три кила кармин на усните и лапајте, пардон, бакнувајте се со момакот да го видам дали нема да прави скиселени фаци или барем нема да почне да си ги брише усните од карминот ;) Или од милотија ви го гмечи лицето да ве бубне, и усните му изгледаат потоа ко да паднал во вреќа со брашно.

    Значи да, без шминка би издржала некое време но јас сум секогаш за среден пат, ни премногу - ни премалку а најмногу од се прикладно во зависност од пригодата. Да не биде работава:

    Комшике, за кај си се спремила вака скоцкана?
    Ееееве јас ѓубре да фрлам, пошто ова папарациве од секоја грмушка можат да никнат бре! :emo:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Јас дома сум без шминка :$
     
  9. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Јас се имам изјаснето на темава,но еве гледам дека е активна lately,па пак да си кажам.

    Јас мразам да се шминкам. Единствено што имам од шминка во несесерот се маскари многу,една течна и една камена пудра. Лабело и едно сјајче. И тоа. Имам и едно руменило што рокот му поминува не од користење туку од стоење така на полицата. :)

    Друго ништо. Никакви сенки,ни тушеви,ваква пудра,наква пудра,не.

    Јас ептен ретко користам пудра. За преку ден,на пример за до факултет да си ставам пудра,треба ептен да ми е паднато нивото на самодоверба или да имам ептен некое брунче што неможам да го гледам. Фала му на Господ тоа ретко се дешава така да си го одмарам лицето од тоа. Мене не ми е јасно,наутро за на факултет мене прст пред око не ми се гледа,да почнам да се шлакам со пудри уште сабајле? Стварно неможам да ги сватам тие девојки. Али можеби се е до навика,што знам..

    Единствена шминка што ја има нон стоп на мене е маскарата. Без неа неможам. И кога не сум расположена,само ќе си ги погледнам очите и ќе си ставам маскара. Многу ми делува позитивно на расположението. :)

    Е сега,кога излегувам навечер,да,тогаш се шминкам. Пудра течна,па малку камена колку да смири нијанса,маскара и зависи како сум расположена и облечена - или сјај или малку кармин. Не премногу. Јас сум скромна и така и живеам,функционирам и тоа и на моето лице се гледа. Да,убаво е кога ќе видиш девојка цел скоцкана и убаво нашминкана. Убаво делува и освен тоа,има некој хармонија во се кога ќе видите таква девојка.

    Се додека е во границите на умероното,се е убаво. :)
     
    На beached и goddess.Of.chaos им се допаѓа ова.
  10. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    луге мои ,па јас никаде не одам без шминка ,апсолутно. Па некогаш и ме исмеваа зошто сум била нашминкана :?: , :fubar: се средувам ,не сакам кога ке видам несредени жени па и девојки,јас не ставам којзнај каква шминка али според потребите ,и за дома сакам да сум средена,со римелче на трепки ,изедначен тен со пудра и лабело и ете средена си,кога се работи за некоја посебна пригода повејке,али во главно јас сум секогаш нашминкана
     
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Една недела не. Ама преку викенд да. Сабота, недела ретко излегувам од дома. Си учам, што да се прави. :rofl:

    Во петок за искачање нормално, и секој ден за на училиште малку пудра и римелче. Без пудра неможам. Некој ќе рече : Божее, зависна! |(

    Не сум зависна, ама тоа е.

    Да не одолговечувам, една недела без шминка- No. :D
     
    На ani22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Нема ништо поубаво од чисто лице без никакви глупости на него.
    Но сепак јас секој ден ставам пудра умерено за на училиште неможам без неа.
    А дома си седам без шминка цела година да сум дома цела година ќе си сум без шминка.
    Порано мн бев зависна од шминката без неа неможев и дома.
    На училиште носев шминки,поправав ....едноставно се глупирав кога ќе ми текне сега :lol:
    Сега само пудра ставам за на училиште ни римел ни никакви др нешта,понекогаш дури и не ми се познава дека имам пудра и така добро е што сега не сум зависна од шминкањето :)
     
  13. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    И една година можам. Ретко се шминкам, најчесто за посебни прилики или од досада ако почнам да се шљакам :lol:
     
  14. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    пудро ставам од 7 одд второ полугодие :D сеа сум 3та али сега сум опаметена пудро за на школо никако (може 2-3 ппати коа сум во специјални денови) а за петок сабота за излавање дааа :DD а иаче римел туш кеон по често користам :D
     
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Да,би можела да издржам цела недела без пудро...јас и онака ставам колку да се рече,за на сабајле нашколо да не бидам како потечена и бледа,само еднаш ќе се поминам со каменото пудро и толку :)
     
  16. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    Па повеќе време сум без шминка и поубаво ми е ,сакам да се шминкам,сакам добра шминка добра козметика, али сепак ми е подобро без шминка.
     
  17. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Да. Ретко ставам шминка. :)
     
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Во последно време нон стоп сум со шминка, иако пред тоа скоро два месеци немав ставено ниту римел. Само хидратантен крем на лицето и терај. :D
     
  19. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Би можела !
    Природно си е природно.За на школо ретко ставам,почесто се шминкам за излегување в град,по кафичи и сл.Но јас и онака си имам чисто лице не ми треба мн шлакање :D
     
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Би можела ама неколку дена . Се шминкам да не изгледам поспана |-)