Секако, би издржала и еден месец, и повеќе. зашто да не можам? Не мора да имам шминка за да се чувствувам ко што треба. И онака не се шминкам многу, лабело, римел или сјај, моливче.. Не трошам многу пари за шминка, затоа што сметам дека не ми е потребна и дека ако нанесувам секојдневно ќе ми се оштети кожата и ќе наликувам на стара бабичка, хахаха
За викенди не ставам шминка, e сега доколку излезам и зависи каде ќе ставам.. а другите денови за на училиште , малце пудра и тоа е тоа.. немам некоја си потреба, но ете ставам барем пудра
Секако дека би издржала. Шминка воопшто и не користам за на училиште. Не ставам ништо. За излегување,се шминкам,ама умерено.Ставам само кармин и ги исцртувам очите. Друго не
Во последно време ми е навика секое сабајле да се шминкам. Умерено, нормално Ама веројатно би издржала...
Без шминка по дома, кога сум болна, на фитнес и понекогаш на училиште. Ама ок и кога ставам за на училиште само коректор, римел и сјај , ама и тоа се важи како шминка нели ?
Кога сум дома не ставам ништо само крема за лице и лабело.. На факс кога идам некогаш знам да се нашминкам но не нападно туку онака, нормално.. Иако почесто си одам со маскара,коректорче и пудра и некогаш моливче..
не можам ни ден без шминка, тоа е ,секако не е нападна секојдневна за на работа,основно пудра маскара и лабело или сјај за усни
Не користам шминка. Многу ретко. Дури и кога има повод, ставам само Нивеа крем со подлога и светки, малку црно моливче и маскара. И толку. А и не знам зошто, мислам дека поубаво изгледам без неа. Природна, свежа. И мачорот може полесно да ме љуби.
Една недела??????? No no no no Си се свиѓам многу без шминка, и многу убаво се чувствувам, но не до толку за да излезам, без сјај на усни,креонче,маскара.
немам проблем со тоа да излезам од дома без шминка... но повеќе се сакам себеси кога имам шминка... x)