Зошто не би издржала без шминка една недела? Па не е вода да не можам да издржам. Од шминка, само римелче ставам за факултет, бидејќи многу сакам густи трепки. А за излегување си ставам сенки, бисерчиња од тие од авон, карминче ово оно.
дааа...можам да издржам.....најмногу сум издржала 3 месеци....освен маскара и течно руменило ништо не сум ставала и убаво ми беше....и сега така правам само маскара и доста е ...а за излегување....ептен дискретно...така почнав и за прослави само пудра, маскара и руменило...и баш си се свиѓам така...
Си го сакам лицето кога ми е без шминка. Можам на раат да се допрам без да паничам дека сум се унаказила, да си ги потрлам очите без да имам отпосле црни остатоци и да си го осеќам одморено и свежо. Искрено сите тие пудри, руж, маскара, креон, сенка, сјај, кармин ми го гушат лицето. Не е дека не ставам, ама тоа го правам да изгледа дискретно и не во големи количини. И секако, можам да издржам без шминка!
Би издржала,зошто да не.Минатиот месец 2 недели немав ни пудра ставено ни ништо,само за време на викенд ставав и тогаш по малку,само камена пудра да ми го изедначи тенот и толку. И минатата недела пола ја поминав така,без пудра и останатите работи (додуша јас само пудро малце ставам,и си ги виткам трепките ако сум расположена).
Обожувам да се шминкам, ама тоа го правам ептен ретко-еднаш месечно, дури ни толку. Секако дека можам да издржам.Не се шминкам ни за излегување
Јас под шминка подразбирам сенки, кармин, и такви ми ти ствари, останатото за мене е само помагало за да ги покриеме недостатоците и истакнеме убавите работи кои ги имаме на нас. Јас скоро секогаш користам пудра, поради тоа што имам нечиста кожа, гени се во прашање и не ми помага ништо, некогаш ми е фина и мазна, некогаш никаква, не дека ми е со флеки, мозолчиња ужасни, туку имам проширени пори и масна кожа, па и покрај сета нега неможам да си дозволам уште луксузот да се шетам без пудра.Мада по дома, до продавница, кај другарки, кај дечко не ставам, тогаш сакам да ми одмора лице, а за кафе, излегување, шетање ставам, но со усул, не сум ко цементирана. Е сега јас и за вечерно излегување и за дневно скоро исто сум нашминкана, пудра, римел и вазелин, дури ни сјај не користам, е добро за вечерно додавам некогаш туш и руменило секако.Сенки ретко, скоро никогаш не користам, ептен за посебни пригоди. Јас признавам се доколку е во граници на нормалното,а за шминка кај мене важи првилото „помалку е повеќе“ и кон тоа се стремам одсекогаш. Значи вез овие основни шминки, римел и пудра не би издржала, освен ако сум си дома, на одмор, на планина итн. И мислам дека под природен изглед не се подразбира ептен без шминка, туку со малку шминка која нема да се забележува на вашето лице, а ќе ви ја истакнува убавината.
Како што кажа 1209, шминак е руменило, сенка, креон, туш добро за мене и пудра, пошто не ја ни користам. Инаку римел и сјајче шминка, ма молим те. Јас бидејќи имам „невидливи“ трепки, користењето на римел ми е како миење очи и мочање. Пошто и кога се погледнам во огледало како мртовец сум без трепки. Добро сега за на школо ставам еден само колку да ми направи трепки ама минималистички, доколку за „излегувања“, пошто многу често излавам, ставам римел за издолжување на трепи, туш, руменило, а за посвечени пригоди ставам и сенки. За шетање низ парк само римел некој си за волумен и сјајче.
Jас порано можев со месеци без шминка,имав и почисто лице,ама сега како што повеке ми излегуваат акни,цревенило,подочници,нема шанси да излезам без пудра,маскара и моливче,барем тие работи ми се основни,кога сум без шминка се чуствувам како дух Hе се шминкам само кога сум дома,а да морам да отидам на продавница, по гости ,со другарки нема шанси без пудра да излезам Kаква една недела,нема шанси да издржам
Многу ми е интересен феноменот - ме мрзи, кога станува збор за шминка. Јас знам дека изгледаат поубаво со малку шминка; они знаат дека изгледаат подобро со малку шминка; и тука ми фура врвен аргумент - ја мрзело да посвети нецели 10 минути на своето лице; добро жено, ПРВОТО нешто кое ти го забележува секој човек, и знаен и незнаен (освен ако немаш пар цицки ко Кристина Хендрикс, ама пак, eventually ќе те загледа во ликот секако). Ме мрзи... тоа е за мене како да речеш - ме мрзи да си сменам гаќи, ме мрзи да си измијам заби, ме мрзи да се издепилирам. Истото е. Со тоа што ликот е апла најударен , на мегдан. Некои луѓе проценуваат други по облеката, некои по чевлите, по чантата, некои по вкусот на музика, јас ги оценувам по ликот. Или треба да си ултра лепотица (една на сто) без ниту една единствена маана - без подочњак, без видливи бубуљици и кратери, без никакво црвенило, ни митесер, ништо, па да се дрзнеш да излезеш натурална, оти еј - лицето ти е стакло, или треба да си тотално незаинтересиран за себеси. Кое почитување да го имам за луѓе незаинтересирани и мрзливи да го извадат максимумот од својот лик? Постојано, и тука на форумов, сме сведоци како тие со вишок на кг на пример се етикетирани како неагилни за себе и своето тело и тежината, што е разликата молам од оние кои се крвни непријатели со пудра и обичен римел? А тоа дека машките сакаат натурални девојки, со коси врзани во репче и тренерки... каде тоа бре? На излет?
^^ Абе сакаат машките девојки без шминка- затоа што мислат дека се без шминка, како сопругот на Алиша Кис што мислеше кога ја постираше сликата од неа, а апла се гледа дека има креон и маскара Тие под шминка мислат смоки ајс и јак кармин и руменило, а вака со пудра, дискретно руменило и неутрален кармин/сјај/лабело и маскара на горните трепки ќе си мислат дека сте без шминка и ќе се восхитуваат колку сте нежно убави Машки бе .
мене пак не ми е јасна таа опсесија со шминка.. демек до продавница не иделе без шминка?? еве тренди според тебе јас спаѓам во девојки незаинтересирани за себеси зошто јас излегувам и за на работа и без грам шминка само со крем и немам проблем се чуствувам убава, и што дека имам подочњаци бенки на лицето и слично. немам кратери ни бубуљици и се чуствувам сигурно. мене ми е најбитно како јас се осеќам и како ме доживува партнерот, не сакам секој ден да го извадам максимумот од својот лик, немам потреба од тоа...
И мене ме нервира кога една девојка не е заинтересира за нејзиниот изглед.Можеби на некого глупаво ќе му звучи или површно,но несакам никого да навредам.Тоа си е само мое размислување. Нападно не се шминкам никогаш без разлика дали е дневна или вечерна шминка.Стандард сум со пудра,бронзер,римел и туш (мат,гел туш намолив да ми личи)и сјајче/карминче. Јас немам нечисто лице ама сепак несакам кога ќе излезам да изгледам како штотуку станата од спиење.НЕ поради другите,туку поради самата себе,едноставно така се чувствувам поубаво. Малку ме нервира тоа на партнерот сум му убава...хмм епа на себе не сум си.Пред се се што правам правам за себе па после за тие околу мене,особено кога се работи за мојот надворешен изглед. 10 мин од моето драгоцено време не ми значат ништо да си се подсредам малку.Сосема се сложувам со Трендафилка и со Сеси,со малку шминка,со истакнување на убавината ќе бидете уште поубави,понежни,посредени. Ова за мене е далеку од опсесија,ако е опсесија пудра,молив,бронзер и римел епа тогаш немам коментар.
Не дека воопшто ме интересира како ме гледаат другите, јас пред се за самата себеси се дотерувам. И да, ете не излегувам без римел и сјај, но по дома сум секогаш без шминка.
Не е точно, ова си зборувам за себе. Има и такви кои претеруваат, па тотално ја утнуваат поентата, ставаат јака шминка и до продавница, обично кафе до кај другарка, за низ дома, во парк на обична прошетка, на излет... Тоа се веќе екстремни случаи, и тука шминката се граничи со вкус и знак прашалник до поимот суптилност. А за делот - одење на работа без грам шминка, што и да кажам значи, ќе звучи како навреда, а не сакам да навредувам, како Тинкербел делам сосема ист став. Јас имав една клот натурална колешка, и ја доживував едноставно нефино и неженствено. Можеби до мене си е, можеби јас си имам фабричка маана. Ако ти се чувствуваш удобно и мислиш дека партнерот те бендисува повеќе таква, ок. Но, сега си зборувам за себе и искажувам мој субјективен став - да се појавам на работното место, без грам шминка, тоа прво би значело непочитување на самата себе, а потоа и кон околината со која работам.
тренди значи овде сме да споделиме мислења и јас нема да се навредам што и да кажеш бидејќи секој од нас си има различни животи и различен начин да го доживува истиот. за тебе одење на работа без шминка е несватливо а за мене е нормално. зошто да не се почитувам самата себеси или другите ако не се шминкам?? па јас не сум ужасна па другите да го тргаат погледот од мене. напротив многу често добивам коментари за мојот изглед кога не сум нашминкана отколку обратно. нормално се шминкам кога имам вечери или кога одам на пат со странски колеги, кога излегувам ама секојдневно на работното место сметам дека е непотребно. и најважно јас посигурно и поубаво се чуствувам кога сум без шминка. на пр имам осетливи очи и римелот и креонот премногу ми сметаат ме чешаат очите и прават да се чуствувам неудобно, кожата ми е сува и секојдневно користење на пудра имам чуство дека ми ја прави нечиста итн да не разлагам ...