Секогаш кога излегувам сакам да сум средена. Водам грижа за својот изглед и сакам да изгледам убаво. Значи мојата секојдневна шминка подразбира пудра, руменило, римел и сјај/кармин/лабело. Така се чувствувам поубаво, посамоуверено, посредено и секако, изгледам посвежо. Секако, секојдневната шминка не треба да е нападна. Таа служи за да се истакнат цртите на лицето и да се скријат недостатоците. Јас лично се шминкам заради самата себе, сакам самата на себе да сум си убава, а после и на другите. Свесна сум за своите недостатоци и иако немам некое проблематично лице, сепак не сакам да шетам со подочници, неизедначен тен и неистакнати, замижани очи. Сакам да се шминкам и уживам во тоа. За мојата секојдневна рутина за шминкање ми требаат 10 мин. и тоа сосе средување на косата. Сепак, секоја чест на девојките што самоуверено можат да излезат, па и на работа да одат без шминка. Секој си знае како се чувствува најубаво во својата кожа и што му одговара, а што не
Убаво е нагласено, дека секогаш постојат исклучоци. И јас лично познавам една девојка, на која креонот или коректорот, апсолутно ништо не и менуваат. Има такво плаво око и долга коса, што самата појава нејзина е доволна. Ама една е, исклучок е. Сестра ми, која има совршено чисто лице, секое утро станува порано и се подговтува за на работа. И не лупа пудри по лицето, туку културно и дискретно си ги шминка очите, става карминче и руж. Со извинение, ама не е некултурно да работиш со клиенти, странки и луѓе и да те гледаат така гола во лицето? Зарем не спаѓа во дрес-кодот да изгледаш пристојно? Бидејќи јас лично би се чувствувала незгодно да одам на работа без кармин, или да бидам пресретната од другата страна од жена која е понесредена од мене. Претставителност е клучна ствар, а јас не верувам дека некој ќе сфати сериозно жена што не си ставила кармин во најмала рака, или што дошла со подочњак на работа.
Да, дефинитивно се согласувам дека ако веќе работиш на такво место ред е да се средиш. Не би требало сто кила шминка ама сепак минимално е во ред. Јас немам некој проблем да одам со ептен минимална шминка. Едноставно такво лице имам, не прави некоја голема разлика. А и плус на моето лице не стои некоја си нападна шминка а особено имам приметено дека тушеви да ставам околу очи воопшто не ми стојат. Исто и во некои прилики кога имам ставано појака сенка воопшто не изгледа убаво. Така да се задржувам на понежно шминкање. Пудро, сјај и римел ми се главната шминка. Единствено обожавам многу црвен кармин .
А, бе, луѓе, се случуваат ситуации кога едноставно не можеш да се шминкаш. Еве јас лично, имав навика, да станувам секој ден, половина час порано специјално за да се нашминкам. Биднува што биднува, оп, иде зимо, оп, лишајчиња на лицето. Сите доктори ми викаат - немој да се шминкаш додека не ти поминат, мачкај со хидратантни креми, мачкај со мрсни креми. Јас буквално се шлогирав, па како така ќе одам, па колкави подочњаци имам... И тоа лишајчиња баш во пределот околу очите, каде што трепките ми го допираат горниот капак, каде што под окото е најтенка и најосетлива кожичката и кврц... Дузи без шминка. Што ќе правиш, се е ствар на навика. Ами па да трупам пудро врз лишаи, па кога ќе се засушат, па кога ќе почнат да се лупат, грознотија, најискрено. Ги истерав студовите само со слоеви помада и павловиќева на мене, еве додека не се стопли асално одбегнував да се шминкам. Ама има разлика од тоа станување насабајле и право тргнување низ врата. Јас цело време сум опседната со миење на лице, ставање тоник, помада, сакам да ми биде сјајно, меко и да ми мириса кожата убаво. Џабе ти се тоништа пудра ако одоздола се прават грутчиња оти те мрзело да се измиеш со сапунче сабајле, или само го третираш лиценцето како маска, а за вратот што ти е гајле. Поентата ми е, може некој и за мене рекол еј види ја оваа каква е, мрза е и слично, без притоа да ја знае причината зошто. Далеку од тоа дека не го одржував лицето - само не го шминкав. Јас од зимото превентивно користам уште павловиќева, чисто да не ми испадне нешто пак. А за тоа дека ни до продавница не одат без шминка, па ич не ме бендисува тоа. За некои моменти кога само треба да претрчам до некаде, нешто итно ми треба, одам да учам за испит, брзам да отидам и да се вратам.... па гледам само да завршам работа и правец дома.
Поделено ми е размислувањето,искрено. Обрнувам многу внимание на нега на телото и лицето,ама континуирано користење на пудра,секое утро,по цел ден,си го направи своето. Не можам да го опоравам лицето,а секој ден ми е истата приказна од пуста навика. Ми се создадоа поткожни мозолчиња и црнки кои никогаш,ама никогаш не сум ги имала. Каква пудра нека е во прашање,мене истото ми се случува секогаш кога долго време употребувам пудра. И пробано ми е и со подлога и без подлога,со гел подлоги,со помасни,ама тоа е тоа. Веднаш штом се приберам дома отстанувам шминка,темелно мијам,ставам маски,пилинг,џабе... А спаѓам во таа категорија што не сака многу да се шета наоколу без шминка,ама од друга страна,колку и да ми создава впечаток дека посигурна сум со истата,паралелно сум несигурна зошто колку и да се лажеме, не постои такво чудо се уште кое ќе направи природен фотошоп,а при тоа да не ти се познава пудрата. Кога ќе видам девојка со пудра на сонце (макар малку била) ми е језиво,па после ми текнува дека и јас ја имам нашлапано. И да...мажите колку и да викаат сакаат природни девојки,сепак природното е *дискретна* шминка. Ахам, мислете си. Пудра за преку ден може да помине кај некој сељак кој сака својата жена домаќинка да ја гледа на ручек нашминкана со дебела линија миливче под окото,во мачкаст изглед. За она кое го сакаат мажите (леле не сум феминистка,воопшто не е иницирано од такви побуди, колку МРАЗАМ,значи МРАЗАМ кога се зборува на тема што мажите сакаат?! Што ми е гајле што сакаат мажите?!На крајот, од еден од поголемите мачоси во Скопјево,ама не од сељачиштата (роднина ми е) ми вика, што ми е важно кај една девојка?! Свежината,ведрината,опуштеноста,чистината и пријатниот мирис! Како некако ми е одма привлечна, мила. Имав една,ми беше пролазна,на почетокот беше таква,потоа кога се видовме ми делуваше...исцедено,безволно и ... го изгубив интересот,а не беше и некоја лепотица претходно,ама ете го имаше нештото... Така што жени...плииииииЗ!) ... генерално треба да е јасно дека не може да се удоволи на сите МАЖИ, не сите сакаат исто,така што сувишна ми е дискусијата околу таа тема. Ако се гледам лично себе,а и од претходниот дечко така мислеше,а и тој пред него, поубаво изгледам без шминка. Ми се истакнуваат контурите на лицето,имам истакнати јаболчници(не де многу,ама онака,доволно),кои кога ќе нанесам пудра се соединуваат со делот под очите и подјагодчината коска,па делувам како една огромна топка во лицето.Сенчањето со бронезер не ми помага, зошто високо ми се поставени јаболчињата,па ... кај очите ли да се сенчам?! Па сенчам под јаболчињата,а на нив малку ставам кружно порозевко руменипло,па се вадам некако...а за бојата на пудрата,никогаш нема да најдам некоја што одговара на мојот тен,од причина што е измеѓу,нема таква. Немам црвеникав пигмент,а такви пудри тешко се наоѓаат или пак не ми одговараат на кожата. Мразам кармини од типот розеви,па моливчиња со финти,исцртај малку над аглите на устата,да ти делува попуна. Да,можда,во некој друг живот,делува ко бртва,не ко жена со полни усни. Која финта ти е таа човече коа се гледа?!Не сакам жени со утнати нијанси на шминка,ми делуваат кловновски, црнка девојка со розе кармин... не знам на кој вкус тоа му делува убаво,мене ми е ...језиво и глупо. Или тоа ден пладне,таа три ред линија под окото, сенка на окото ко за на ред карпет. Не верувам дека на било кој маж (ако е до маж муабетот) би му се допаднало или по логика,ко што реков,тој евтин изглед како на певаљка од локална меана, се знае на кого му се бендисува,нема проблем у тој случај ако таков и е вкусот на мажи и шминка. Сакам среденост и здрав изглед,по можност да биде доловен што поприродно. Преку ден дискретно, навечер смоуки,мојот избор е тој. Клот не можам никогаш да бидам,маана...не предност.Иако од понеделник ќе пробам да бидам на нивеа висаж,малку од очите пудра,никако на цело лице,зошто ова е веќе неподносливо... Во секој случај,зависник од тие кутивчиња магија,ја имам во изобилство,сакам да правам уметност со четките, ама не го оценувам како убава женска карактеристика. Но сепак,шминката треба што поприродно да ги долови убавините на лицето. Навистина некои девојки знаат да ги надминат мерилата на добар вкус...па често во себе си заклучувам,штом имала потреба од толку шминка или е несигурна или е свесна дека реално не е убава или нешто крие,четврто нема изгледа...
Шминкам се само кога сум излезена, а кога сум на кафе кај другарките, дечкото или некоја роднина поминувам само со помада и лабело. Не сум вработена и нема потреба да се шминкам за надвор од мојот двор и плус нејќам уште сега лицето да си го гушам. Настрана тоа што имам осетливо лице и како што сум бела не ми стое многу шминка. Баш ради овие причини повеќе обрнувам внимание на препаративната козметика. Сакам лицето да ми изгледа свежо и здраво, усните да не ми бидат испукани и да немам подочњаци пошо некогаш и шминка не те спасува. Знам си јас од порано, цела фаца брумчиња и јас пудра мачкам и да бе, познава се па... Редовната грижа за лицето и телото не може да ги замене 10-20-30 минутно шминкање едино ако не те шминка професионалец.
Не мора да се шминкаш за да го негуваш лицето. Јас имам многу чувствителна кожа, и од сонце, и од разно-разни креми, за пудри да не зборуваме, можеби затоа одбегнувам шминка, не сум против неа, и ако знаеш како да ја нанесеш изгледа навистина убаво, ако е нели, умерена, и знаеш како треба за да одговара на твоето лице. Не практикувам шминка пред се ради чувствителната кожа, односно продукти од типот на пудра, руж и слично, некогаш може да ставам креонче, сјајче или туш, но никогаш повеќе од тоа. Не можам да поднесам пудра, каква и да е, ме чешка лицето, и ич не се чувствувам природно. Наутро и навечер си го чистам лицето со лосион и му ставам бекутан, и тоа е тоа. Спојлер А баш дечко ми пред некое време ми рече дека никогаш не би ме бакнал на лицето со пудра на мене.
јас бев тип(ка) која беше постојано со шминка и фризура па макар и патики да носев. и за на училиште и за на факултет. ама сега веќе како иде времето се повеќе и повеќе се бендисувам со многу малку шминка. понекогаш не ни ставам пудра само маскара на трепките и шибам. порано се срамев да излезам без пудра бидејќи имам пегички на лицето па некако ги криев со пудрата т.е се обидував. ама сега почнав да си ги засакував така да не ставам често пудра. ако излегувам преку ден знам и само кремче и наочарата да ја ставам а за навечер кога како.
Обожавам да се шминкам, ама не многу често, ретко кога се шминкам ама кога ќе се нашминкам за по другарки, пријатели ставам пудра и римел а вака на забави, кога одам на вечери, на гости е тогаш се шминкам убаво, и сакам нежно шминкање, не сакам да имам 5 кила пудра на лицето и 2 кила кармин на устата нежно си е најубаво
И така не се шминкам многу. Пудра скоро и да не користам, ептен ретко значи ако има некој свечен настан. Коректорче знам да си ставам на подочњаците и бубуљички ако имам. Без маскара и креон, можам да издржам. Не користам многу шминка на мене од проста причина што не сакам да си го оптеретувам лицево уште од рана возраст и мајка ми стално ми го вика тоа. Ама затоа си користам повеќе препаративна козметика. Гледам да си го одржувам лицето, кремче, лабело, такви работи обавезно. Сакам да си имам убаво и чисто лице, а искрено тоа не се добива од пудрата. Ако си убав ќе бидеш убав и со и без шминка. Како што вика еден мој омилен бјути гуру на Јутуб: No amount of makeup can mask an ugly heart . Сакам да си се шминкам, ама без шминка можам да издржам доста долго.
Еве веќе 2-3 месеци гледам да го одморам лицето од шминка. Во комбинација со сонцето не само што не е здрава,туку и воопшто убаво не ми изгледа. За на школо не се шминкам евентуално може само коректор да ставам на подочниците. Во последно време не се шминкам ниту за излегување, гледам да имам што поприроден летен изглед. Секако не заборавам да ја негувам кожата со препаративна козметика. Во остатокот од годината , се шминкам зависно од приликата. На пример за денско кафе, кино, ручек , ставам основа, пудра, коректор, маскара и лабело/сјај, руменило. За вечерно излегување знам да си поиграм и со сенките и моливче. Убаво изгледа добро нашминкана девојка. Ама на кожата и треба одмор за да биде здрава и убава. Мислам дека треба да се направи граница, меѓу умереното шминкање со цел истакнување на убавините на лицето и шминката како средство за криење на мааните и лажното чувство на самодоверба кое знае да го даде. Во секој случај , има определени прилики кои бараат шминка. Ужас ми е ако видам некоја деловна жена цела скоцкана и без грам шминка. Ама пак, не е исто девојче од 20 и жена од 50 години. Не треба да и бидеме робови на шминката,туку таа нас да ни помага и да `работи` во наша полза.Умерено и елегантно.
Сега летово, гледам што повеќе да издржам без шминка.И издржувам само кога излегувам викенд во град си ставам инаку овака за до град обичен ден , ма не се замарам .И башка лицето чисто ми е немам бубалици.
Секако дека без шминка можам да издржам , некогаш се шминкам , некогаш не , едноставно зависи од расположението За преку ден понекогаш ставам малку пудра колку да ги покријам дупчињата од акните на образот , а може само сјајче и крајон , друго сенки , ружови не. За навечер кога излегувам се шминкам да , ама не да ставам тони пудра , сенка ,кармин , туку се трудам да изгледам природно
Природно си е природно... Посебно на топлово време, кога и обична крема ми се растекува по лицето, уште и шминки да трупам! Преку ден обавезно ставам крема и гледам барем 15 фактор да има, многу лесно ми гори носево за на работа ставам плус маскара и некое лабелце и готова сум. А за навечер наместо лабело-кармин во малку појака боја и тоа е! Зимно време да, се случува за на работа да ставам нешто полесно и евентуално малку руменило and I'm ready to go!
Чудно се чуватвувам вака што сум меѓу ретките девојки што не се шминкаат баш многу..Ептен за некои свечени настани, свадби, родендени, но за секојдневно излегување- не