Шминка во права смисла на зборот ставам само за викенди кога излегувам. А за преку ден...на кафенце, ваму-таму...ставам пудра, креон, маскара и карминче или сјај.
секој ден за работа си ставам многу малку пудра за малку да ми се прикриат подочниците,инаку немам потреба ни од тоа бидејки имам чисто лице,за подочниците треба коректор да си купам,ставам понекогаш и малку маскара и лабелце,а за вечерно излегување се шминкам повеке ама не се трупам многу,сепак си имам природна убавина ,а и не ми е убаво кога ке видам млади девојки натрупани со шминка преку ден и се прашувам како и колку ли се шминкаат за излегување,сигурно наутро без шминка мажите нема да можат да ги препознаат
Една недела без шминка ? Драги мои, постојано сум без шминка, и ништо не ми фали. Лиценцето ми е супер, јас сум си супер, им се допаѓам без шминка. Јас сум повеќе за природни работи. Шминка во последниве 3 месеци ставив сега за Нова Година, за еден роденден, за во ресторан на вечера и тоа. Толку. Јас по природа имам чисто лице, није да се фалам, само кажувам. Но, последно време, дека веѓиве ги фаќам само со восок, и тој дел ми е со брунчиња целиот. Но, није да се жалам, ми ги снемува за 1 недела. Еден период ставав шминка да бидам искрена, но почна да ми биде тешко да станувам порано наутро за да ги скријам подочниците, да скријам некое брунче кое кога - тогаш ќе ми биде видено.
Порано повеќе се шминкав, скоро секој ден а сега само за излевање и понекогаш за дневни излегувања малце римел и сјајче или лабело. Дома неможам да поднесам да сум со шминка, и би издржала повеќе од една недела со задоволство.
Се шминкам уште од шесто одделение така поредовно, а почнав уште во четврто. Не можам да се замислам без шминка на лицето, само еднаш до два пати ми се случуваше во прва година да одам ненашминкана. А кога не сум нашминкана, не се чувствувам баш најпријатно. Вака секој ден добивам милиони комплименти, не дека не можам да живеам без нив, но сепак убаво е кога некој ќе ти го пофали твојот труд. И самодовербата ми е на високо ниво.
Не сакам многу шминка.Ретко се шминкам,обично за искачање. Мразам кога ќе видам премногу нашминкана девојка,која кога би ја видела без шминка не би ја познала. Онака умерено да биде,нежно,убаво.
можам да издржам и подолго време без шминка и не ми смета ич а се шминкам кога испаѓам негде со дечкоми ама и кога испаѓам не се шминкам секогаш така да не ми смета и можам да издржам без шминка
Хммм ако цело време би седела дома ама тоа не е возможно хахаха..не би можела без пудра и маскара да излезам од дома.Не се чувствувам самоуверено,ако шминката ја нема на моето лице.Едноставно стана дел од мене
не јас во годината 1-2 максимум се шминкам и можам јас без шминка не да се фалам али имам убаво чисто лице
Би издржала и месец без шминка, не ми е толку потребна.Дури и не користам многу шминка.Кога одам на школо дали еднаш во неделата ставам маскара и толку.Пудра не ставам затоа што подоцна многу брунчиња ми излаваат, незнам до што е ама мислам дека е до пудрата изгледа ќе морам да ја сменам
Нашминкана сум постојано кога сум негде излезена,освен кога идам до продавница..Али претпоставувам би издржала,зашто да не
да..затоа што не ја користам често..за на излегување во кафич(и не излегувам мн. )....ретко на факултет
Јас се шминкам само за излегување за викенд. И ставам само маскара и пудра. Ништо повеќе. За излегувања на кафиња низ град си изгегувам без шминка.
Па би издржала, освен ако не треба да одам на некоја свеченост нели или некое искачање. Сакам да се шминкам, ама можам да издржам без тоа не ми е проблем. Не сум од оние што и до продавница одат нашминкани.. Дури и вака на кафе некое во маалски кафич си одам ненашминкана. Мене ми е најбитно косата да ми е средена, за мене важи паравилото ако косата не ти е средена џабе 100 кила шминка на лице и обратно, средена коса, убав изглед без грам шминка