Се шминкам само за излегување.И понекогаш само пудра ставам а понекогаш излегувам и без шминка.Дома нормално без шминка сум.
без шминка сум само кога се имам исунчано не дека имам лошо лице само сум многу бела и баш ми е потребна шминка
Во лето денски не ставам пудра,мозе само маскара и моливче а за на вечер ставам.За викенд се шминкам секогаш.А преку година за на факултет се шминкам нон стоп.
Оооооо летово е рај за кожата. Сите недостатоци исчезнуваат, мозолчињата се сушат од сонцето и скоро и да ги нема. Па тоа тен мх мх мх Како што е топло (ако го тргнеме денешниов ден настрана ), не ни помислувам на течна пудра. Преку ден доволно ми е коректор, маскарче, и лабело; навечер може (зависи кај одам) и камена пудра, моливче, и некое сјајче.
Најминимално што може. Стварно е мачење за кожата со еден тон пудра да се шетам на жешково. Ама ај и да се излажам да ставам ама нема ни да стои, џабе ќе ставам ќе изгледам како стопена восочна фигура од Мадам Тисо. Така што, само маскара и коректор ако ептен негде треба да излезам од дома, а за навечер коректорот го заменувам со малку пудра и крај. Нема потреба, секогаш сум навивала за природното.
Да, би издржала. До пред два месеци не можев да издржам без шминка. Навика ми беше секој ден, некогаш не ја ни вадев. Сега откако започна летото се навикнав без шминка и почнав да излегувам понекогаш на вечер без шминка. Сметам дека не ми е секогаш потребна и многу ми рекле дека сум поубава без шминка. Сепак шминка си е шминка, морам во некои прилики да ја ставам
Се шминкам само викендот ради реда колку да не сум без ништо. А обичен ден немам навика а и немам ни некоја голема потреба од шминка.
би издржала зошто да не, и без тоа лицето ми е мазно никогаш не сум имала акни исто така и мајка ми и сестра ми сите имаме чисти лица
Би издржала не сум зависна од шминка. Се шминкам само за вечерно излегување,а преку ден кога излегувам за на кафе не. Многу ретко се шминкам,можам и без шминка. За нашколо никогаш дури не се шминкам.Неможам да го оптеретувам лицево уште сега на 17 години секој ден со пудри.
Јас само за некое посебно излегување и тоа не претерувам пошто кожата ми е нежна ставам само креон, маскара и кармин. Избегнувам пудри, руменила. Страв ми е да не се збрчкам