Охооо би издржала и повеќе.Не се шмикнам многу,не сум љубител на шминката.Едноставно се сакам онака природно.Инаку за на училиште римел и сјај ништо повеќе.
во слободно време не користам декоративна козметика.Само помада и немам проблем. Имам чисто лице (освен црнки на носот ама не се страшни) и уживам кога не сум шминкана, иако ја сакам шминката.
Кога сум дома, и не планирам да излегувам никогаш не се шминкам. Да немам обврски и да не мора да излегувам би можела без шминка, напротив би уживала без шминка, ама инаку секогаш имам барем нешто шминка за надвор.
Шминка само во посебни прилики. Онака, каде и да одам освен лабело ништо не користам. Не можам да си го замислам животот секој ден да носам шминка. Ноу веј.
Јас воопшто не се срамам да се покажам себе си без шминка, па боже боже не сме родени совршени. И на фб имам слики без шминка мене воопшто не ми е срам многу си се сакам и ценам себе сиии нема потреба од срам. Женски сме така да и до продавница кај мене во населба одам без шминка, на плажа без шминка никој не е совршен. Многу е вештачко секаде со шминка да одите.
Можам да одам без шминка не ми е проблем, само знам на вегите малку да им дадам боја , да ги оформам по шо ми се ретки и никакви , но само понекогаш не секој ден . По дома сум си стално со чисто лице додека имав една другарка таа неможеше да замисли од дома да излезе без пудра или римел и слицно а јас ,хаха ставам лабело на устата и одам не се грижам. Битно ми е да изгледам чисто, а шминката не ми е важна
Се шминкам од понеделник до петок за во школо Имам бубулици а и флеќи од бубулици(не цело лице ) и затоа морам да ставам пудра.Во зависност од приликата ставам и моливче,сјај,туш.Секако навечер ми е чисто лицето и секоја вечер ставам помада за бубулици која многу ми го чисти лицето Викенд во зависност од тоа што се прави.За вечерно излегување нормално дека ќе се нашминкам али периодов некако не преферирам вечерни излегувања,повеќе сум за мирна вечер на гости кај баба и дедо и во спат прошетка со другарка и тука не ставам шминка и секако дневна неделна прошетка на водно .Во главно тоа ми се дешава секој викенд така да тогаш ми е одмор за лицето од шминка
Коректор само користам, пудра на сабота и навечер ако треба да излезам. На школо носам само маскара, малку туш и лабело.
Ненашминкана може да ми се случи да излезам само со дечко ми. Иако имам чисто лице, избегнувам оние кои не ми се толку блиски да ме видат ненашминкана и во најприродна верзија. Обавезно користам пудра, руменило, туш, маскара и кармин или лабело во боја. За посвечено излегување можам да додадам нешто плус, а и не мора да значи, може само да ја појачам шминката со црвен кармин. Во лето не ставам пудра и руменило, ми се допаѓа лицето исончано и супер ми е, а и мојата пудра е пресветла за кога сум исончана, треба нова да барам да погодам. Би издржала една недела да, доколку сум на одмор или пак не излегувам никаде подалеку од продавница или фризер.
Дефинитивно не. Се шминкам секогаш кога треба да излезам некаде , ретко се случува да се појавам ненашминкана. Преку ден ставам крема , пудра , ги пополнувам веѓите со сенка, туш, маскара , руменило и бронзер , навечер се разбира додавам и сенки. Од мала почнав да се шминкам и сега бидејки и луѓе што со години ме знаат не ме виделе без шминка секогаш кога ќе се појавам така ме прашуваат , да не не ми е добро , да не сум болна , да не сум поспана, да не сум уморна, зошто сум бледа итд. Немам нечисто лице ама имам блед тен на лицето и веројатно затоа . Како и да е уживам да се шминкам , кога имам време се влечкам многу бидејки ми претставува задоволство
Секако. Не сум некој огромен љубител на шминката, ама ја употребувам за излагање или за некои посвечени пригоди. Обично ставам пудра, римел, туш и некое сјајче а некогаш и црвен кармин. Ме мрзи да се тинтрам секое сабајле у 6 саат или само што сум станала од спиење одма со пудрата во рака. Имам чисто лице, така да можам да стаам само лабело што дава малце сјајче и толку од мојата шминка. Летно време особено не се замарам со шминките, топло е па ти се ушмрљала, па бриши се, поправај се.. не не не.
Не ми претставува никаков проблем.Дечко ми ме сака без шминка,ми вели поубава си ми. И навистина повеќе си се допаѓам без шминка.Ставам шминка само кога гледам дека сум ненаспана и лицето ми изгледа премногу уморно.Не сакам шминка воопшто.Ме нервира,како да чувстувам некоја тежина на лицето.Немам некои страшни проблеми со лицето,фала му на Бога,само понекогаш црвенило некое.
Без шминка можам да издржам многу време.Не сакам многу шминка.Некогаш ни петок ни сабота не користам. Задоволна сум си од лицето и не сакам толку да си го оптеретувам со шминка.
Нонстоп си викам како не сум од тие девојки што не обожаваат шминка, и можат комотно да бидат без шминка со денови, пошто луѓе мои јас најмногу пари давам на шминки и секако на лосиони и чуда за косата. Како опседната сум мајка ми вика, а јас едноставно ги обожавам и секогаш ми фале нешто, и има толку нови работи постојано, а преубави и не може да не ги пробам, секако што можам да си дозволам, у принцип незнам да штедам ништо, а ако треба за нов парфем или некоја нова шминка, за 10 минути можам да ископам пари од некаде, да врескам по дома, или евентуално ако немам штедено, и моите нормално ми речат ете ти ја вратата летам доле кај баба и дедо, и они никогаш не ме одбиле, ама секогаш ми се бек ап они, асот во ракав! Без шминка одам само до продавница, мислам на маалската, и по дома стандард. За секое друго место, јас морам да ставам шминка, ако ептен немам време или одам кај роднини онака опушено, бар пудра и бронзер само ставам наабрзина, ама без шминка нема шанса, како гола се чувствувам, неубаво, незгодно, шубе ептен ми е. Имам чисто лице ептен, но си ја сакам шминката, со години се шминкам, веќе во навика ми е, и едноставно не можам без неа. Никогаш не ми се случило да одам на факултет, денско или ноќно излевање, кафе, кај другарка, а да одам без шминка. Кај мене дома некогаш и да имам другарки, роднини, блиски некои - не се шминкам, туку секогаш ми е измиено лицето со сите чуда гелови, лосионо и си го одмарам тогаш. :geek:
Можам и со месеци без шминка, ако секој ден се шминкам кога ке излезам поссле сум си како секој дневна некако, вака кога подолго не се шминкам ми е поубаво а и лицето ми е посвежо
Обично не се шминкам за на работа, или за денски низ град, но за вечерно излегување секако дека се шминкам
дефинитивно сум за ! Сакам да се шминкам ама не претерано и пренападно .А најмногу сакам кога немам толку шминка на мене ,а така го поминувам секој ден скоро,само со маскара,неа не ја изоставувам,и туш малце и ако ставам понекое карминче Пудра ставам само понекогаш за искачање или и за некој посвечени прилики исто,затоа што имам чисто лице и немам потреба од истата,а и самата пудра како пудра не е воопшто здрава за лицето,го гуши,му ги затвора порите..Како и да е несум толку многу за шминката,затоа што сметам дека треба да се истакне природната убавина, и сметам дека попривлечно е така како за нас самите прво така и за околината исто !
Дење не ставам шминка.Навечер за испаѓање ставам креон и маскара а понекогаш и по малку кармин кој ке го избришам со прстот хаха..Освен за свадби или други свечености не ставам повеке шминка ни пудро ни сенка ни кармин ни туш ни ништо !
Бидејќи во последно време најмногу сум дома, не користам шминка. Си го одмарам лицето. Користам тоник, лосион, гел за чистење лице, маски и кремови. За до продавница или за кафе кај другарки, исто така не се шминкам. Сакам шминка, но тешко ми е да бидам нон стоп нашминкана. Ми се чини дека кожата не ми дише. Редовно се шминкам за на работа,за во кафуле и за вечерно излегување. Исто така дури бев на факултет нон стоп бев нашминкана. Дискретно, се разбира. Не обожавам нападна шминка. Најчесто користам бела сенка за очи, туш, креон и маскара, и најчесто така сум нашминкана и за денско и за вечерно излегување. Ретко се случува, за вечерно излегување, покрај бела, да ставам и црна сенка. Пудра,руменило и моливче за веѓи ставам само за вечерно излегување . Црвен кармин користам секогаш. Независно од пригодата.