1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Без шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од LoVeR, 19 април 2011.

  1. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Ако сум дома можам и цел живот али за на работа или за било каде нема шанси веќе и навика ми стана и неможам ако не се нашминкам јас не сум јас :D
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Секако, ако сум дома и не мрднувам никаде.
    Тогаш си го одмарам лицето и му шлапкам само маски и креми.

    Надвор - нема шанси, никогаш.
    Да не зборувам за излегување, за шетање, за на работа, ма ни мртва не би се појавила без шминка (кога ќе размислам баш тогаш ќе ми акнат најмногу) ;)

    Искрено, немам апсолутно никакво почитување за девојки кои не се шминкаат барем малку и ме убедуваат како такви натурални сме најубави, без грам пудра, маскара и едно сјајче. :^)
    Тие кои не се шминкаат воопшто ми се најлош тип - ко да не ми се бањаат.

    А најсмешна ми е таа одбраната - па мене не ми треба тон пудра, само кремче и лицето ми е стакло.
    Аха, Dream On Sister, Dream On ;)
     
    На sleepingbeauty, 1209, FortuneTeller.xD и 8 други им се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Би издржала. :)
    Понекогаш шминката ме гуши, посебно летен период.
    Преку ден ако одам некаде (кафе и слично), никогаш не се шминкам, мразам сонце и пудра. Затоа ставам очила, малку лабело на устата и летам. :D
    Имам потемен тен ( не сега кој знае колку, ама сум си темничка), така да не ми е некој проблем да бидам без шминка. A и не сакам да си ја оптеретувам премногу кожата со пудри, руменила...

    Така да, не ми се проблем и 2 недели да сум без шминка (со исклучок на викендот). :D
     
    На LoVeR и Neytiri им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Кога сум дома,сум без шминка и гајле немам :D воопшто не го оптеретувам лицето.Инаку кога треба да излегувам, обавезно се шминкам,нема шанси без шминка да излезам :shake: секако внимавам да не сум пренатрупана со шминка, зависно од тоа кога излегувам.Сметам дека треба колку толку да е нашминкана една девојка,да не биде без ич.Сега секој различно размислува, на кого - како му одговара :)
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш сум со шминка. Ама тоа незначи дека ја носам без мера. За преку ден (а некогаш и навечер кога ќе излезам само на пијачка) сум со малку пудра, римел,сјај. А и за она баш излегување не се разликува многу. Плус на мене има само многу впечатлив кармин (црвен, јако розево, борд..). Се држам до ставот да не бидам друг човек преку ден и навечер.
    А за по дома никогаш не ставам шминка. Си го одмарам лицето. Исто и некогаш кога идам кај дечко ми знам да си отидам ненашминкана. Ама знам дека не му пречи и дека он ме сака каква и да сум :$ .
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    најубаво ми е кога сум без шминка тогаш ми се одмара лицето и почесто го практикувам тоа е сега точно е дека шминката не менува и не прави на некој начин поубави ама кога ке ми текне дека треба да се шминкам ме премрзува.
    обично се шминкам и тоа по малку кога одам на кафе и на излегување секако малку понагласена шминка додека пак за прошетки или одење некаде на гости и докај дечко ми само крем ставам и доволно ми е така.
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Јас обожавам да се шмикам и секоја подготовка за излегување од дома опфаќа и шминкање :makeup: кое не го правам од навика туку од кејф :!: ! Така да долго ми се гледа недела дена да издржам без шминка,барем сега кога сум млада и имам време и желба да се шминкам! Кога излегувам на кафе нема шнаси да биде без шминка, за на работа (значи секојдневно) исто така со шминка, вечерно излегување обавезно со појака шмика! Значи мене шминката ми е секојдневие и не верувам дека без силни причини би се откажала од неа па макар и за само една недела!
    Ако добро се сеќавам мислам дека сум издржала дури и десетина дена без шминка но само кога сме на одмор! Тогаш одмарам и лице од шминка, и коса од пеглање и буквало целосно се одмарам од се!
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    како што веќе имам кажано мразам да се шминкам, многу ретко ставам шминка па дури и за на работа избегнувам, признавам можеби не сум толку убава како што би била нашминкана свесна сум но немам ни желба за тоа а проблем ми е тоа што ако се шминкам за на работа да речиме цела недела(зборам за минимална шминка) јас веднаш имам проблем, мали акни по лицето црвенило, чешање на очите, пукање на устата итн и ве уверувам дека ова не е од нечистење на шминката едноставно кожата не ми трпи.

    кога знам дека имам состаноци и важни работи ќе се нашминкам а за во канцеларија да дремам цел ден нема шанси да ставам шминка.

    што значи дека за по дома па ич не се шминкам а за излегување исто минимална шминка со појачување на креон за очи :D

    како и да е ќе треба да најдам начин и воља како да се шминкам повеќе
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека сега не одам на работа воопшто не се шминкам, за по дома сум ненашминкана, редовно само помада ставам или понекогаш пудра ако имам некое мозолче кое сакам да го прикријам.
    Додека одев на работа секое утро се шминкав иако минимално, пудра, креон, сенкичка нежна, руж, римел и сјај.
    Сега се шминкам само ако излегуваме некаде со тоа што си правам разлика меѓу дневна и вечерна шминка, днемвната е минимална, а ноќната е понагласена дури знам и црвен кармин да ставам, се зависи од изборот на гардеробата.
    Не велам дека мразам да се шминкам, напротив сакам кога сум нашминкана, поубава сум си :lol: , ама да се шминкам за по дома ептен ми е глупаво и морам да признаам дека ми смета шминката, посебно на очите.
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    сакам да се шминкам ама не многу и не многу нападно, за на факс или за дневно излегување ставам само пудра и сјај, па некогаш ни за вечерно излегување не се шминкам многу ама од креми, лосиони за тела и лабела сум зависна неможам да живеам без нив :lol:
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Се чувствувам како нешто да ми фали :^). Не сакам да комуницирам многу, не сакам да се гледам во огледало..... Како да не сум комплетна- иако, за дневните прилики не се шминкам многу. Задолжителни ми се римелот, тушот, лабелото, руменилото и пудрата.
    А кога сум нашминкана- задоволна сум, насмеана, позитивна и комуникативна.

    Жени сме, треба да се шминкаме. Тоа го сфаќам како покажување почит кон фактот дека сме жени. Си даваме внимание на самите себе.
    Сакам да гледам негувани и нашминкани жени во мојата околина, а не жени кои станале од спиење и излегле од дома. И природната убавина треба да се потенцира со помош на шминката (и јагодата е убава, па ја зачинуваме со шеќер, прелив и шлаг- за да биде поубава)- признајте :$
    Искрено, сметам дека треба да им се симне капа на секогаш нашминканите жени. Тоа значи дека се склони кон перфекција и се педантни, не се задоволуваат со просечното, туку секогаш се стремат да го извлечат најдоброто :)
     
    На Trendafilka, SexiLy, LoVeR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Би издржала ,ама зошто?
    Ако е за награда ок,ако е за онака зошто да глумам идиот :D
    Не озбилно,нема зошто да не би можела да издржам,ама сакам да се дотерувам и сакам цело време да сум тип-топ.
    Шминката не ја користам за да прикријам недостатоци или незнам што,туку зошто едноставно се чуствувам подотерано,понегувано,поженствено на крајот на краиштата :makeup:

    Не сме од планина паднати,па зошто да глумиме дека сме?Tакви несредени,запустени :smirk:
    Одбивни ми се девојките кои не се грижат за својот изглед,а под тоа спаѓа и шминката.
    И неќам да бидам една од таквите :wasntme:

    Значи не дека морам,него сакам.И ќе си се шминкам.И крај :!: :)
     
    На Trendafilka, LoVeR, Stam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Би издржала, зошто да не, ама не гледам причина за да го постигнам тоа. :^) Кога сум дома по цел ден, не ставам шминка, или пак ако треба да претрчам до продавница или до кај некоја поблиска другарка. Не ми е некој проблем да испаднам од дома ненашминкана, ама подобра варијанта ми е нашминканата. 8)

    Обично ставам пудра, маскара, сјај и руменило, за навечер со повеќе туш од вообичаено. Еве претходнава недела - откога ја имав авантурата со козметичарката - не можев да ставам ништо на лицево, ме печеше и се чувствував многу, многу неубаво - морав да одам без шминка, само со една глупа помада од прополис. Светев џоа со маргарин ме мачкале и ме печеле на огин. :rofl: Па кога ми запнаа, а спиена ли си убаво, имаш подочници, или леле зошто си ваква... :D

    Ме нервира алергијата во последно време, страшно нешто колку ми пречи на очите. Поради тоа, не можам да ставам маскара, барем додека не помине сезонава. Сега најдов едни капки, па да видам, може тоа ќе ми помогне. Си ги сакам големите трепки со маскара НАЗАД! :smoke:
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не ми се случило да излезам од дома без шминка.
    Поготово не без црната линија на капакот, без која не можам. Не можам!! Таа минимална шминка што ја ставам за преку ден ми е неопходна, не само за да им изгледам убаво на другите, туку и на самата себе.
    На неколку пати ми се има случено до продавница да одам така „гола“ и секогаш некој ме пресретнува. Некој погрешен. Марфи проклет :devil:
    По дома не ставам шминка, секако, си го одмарам лицето.
    Исто и во лето кога сум на летување, не ставам шминка.

    Познавам доста девојчиња што не се шминкаат преку ден, за на факултет или за на кафе. Мене искрено не ми сметаат, нека си изгледаат несвежо и утепано. Што е до мене, јас секогаш сакам да изгледам убаво, а тие....
     
    На LoVeR и LaChiquita им се допаѓа ова.
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Обожавам шминка и повеќе ставам бидејќи ми е интересно отколку што да ги покријам недостатоците.
    Не ни ставам многу шминка, само пудра и маскара, но би издржала без шминка зошто да не.
    Не дека имам перфектно лице, но како не употребував порано, така не би употребувала ни една недела.
    Сепак не би издржала без лосионот за чистење и кремата, а шминка да. Поважно ми е да излезам од дома со чисто лице отколку со шминка :)
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Јас сум доста голем перфекционист и особено кога се работи за изгледот - сакам се да е под конец. Да не ми штрчи влакно, да имам подеднакво руменило на двата образи, веѓите и шминката на очите да ми е иста, трепките да ми се подеднакво навиткани... Арно ама и мене некогаш ми доаѓа преку глава од секојдневните ритуали рано наутро уште во 6ипол пред да одам на предавање. Зимно време тогаш уште не е разденето, па на сијалица се шминкам :|
    Шминка ставам само кога одам на факс и кога излегувам навечер, евентуално и кога одам да прошетам низ град. Веднаш откако ќе дојдам дома го чистам лицето со влажни марамици и лосион. Си ја одмарам малку кожата, а секоја недела обавезно си правам пилинг.

    Би издржала една недела без шминка, зошто и онака многу многу не употребувам, барем не за дневно излегување. Имам чисто лице, единствено проблем би ми биле подочниците кои секогаш ги прекривам со коректор. Наспана или не - јас имам мали темни кругови под очите, со тоа што кога сум ептен ненаспана се поголеми :) И ме прават стварно утепана!

    Не дека не го сакам природниот изглед, но преферирам средени девојки. Не можам да разберам како можат некои да одат неизчупани, со несредени коси, без минимална шминка и покрај фактот што имаат потреба од тоа.
    Секоја девојка треба да внимава на својот изглед пред се заради себе.
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Без шминка една недела? Нема шанси, шминката ми е секојдневие исто како миење заби или лице...Ставам минимална шминка преку ден, зошто да не-две минути работа е, а изгледаш подобро...
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Можам да издржам без шминка 1 недела иако тоа ретко се случева :lol:
    За на факултет нанесувам пудра, маскара, сјај или лабело. Некогаш знам и повеќе да се нашминкам, а некогаш и воопшто.
    Кога сум дома не се шминкам, или пак кога ќе треба да појдам до некој близок маркет може да ставам само сјај :)
    Се разбира за вечерните излегувања сакам да си се нашминкам и тоа со мерак. :D
    Сакам да гледам убаво нашминкани и средени жени, со минимална шминка може да се изгледа убаво и природно.
    Не сум опседната со тоа дека мора да се нашминкам па да излезам негде, се случувало да брзам и да не ставам ништо освен крема за лице.
    Мене лично шминката дури и само маскара да имам ставено ме прави посамоуверено и поубаво. Немам ништо против дневното шминкање но да е во умерени количини. Но кога ќе видам некои од 7сат сабајле нашминкани, нашминкани.. :x навистина им се чудам.
    Да не бидам оф. само да напоменам дека на една моја другарка и сметаше тоа што некогаш за школо ќе се поднашминкав, :^) постојано ми велеше ауу си се нашминкала, за каде се шминкаш, за кого.. (а таа воопшто ништо не ставаше едноставно изгледаше несредено) јас и велев едноставно тоа го правам за самата себе, сакам да бидам средена :)
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Не дека сум зависна од шминка, далеку од тоа, ама сепак таа е битен дел од изгледот на секое женско суштество. Денската шминка ми е скромна - ставам само пудра и руменило (мноооогу ретко маскара), а во вечерната додавам повеќе маскара и моливче (строго на горниот очен капак :D ) и кармин или сјај, зависи од расположение. Меѓутоа, муабетот ми беше - женско без шминка ко подрум без ајвар! :D
    Шубе ми е без мааалку барем пудричка ако не друго, а не можам ни да замислам како би излегла од дома со тоа бледо лице, па секој втор да ме прашува - еј, Мишела, да не ти е случајно лошо? :roll:
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Еден ден - два би издржала.
    Ама цела недела?!?! :o Нема шанси! Освен ако ме фатат сипаници, па да не смеам од дома да излегувам, е тогаш сакала-неќела ќе морам да издржам без шминка.
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.