Чудна работа и сосема погрешна!!! Кога е човек млад и кожата му е убава, затегната, шљакаме пудри, ружови, тешка шминка, се осеќаме голи ако не бидеме нашминкани...аууу, да не не види некој!!!! Како одминуваат годините, останав само на едно карминче и малку здравје на образите(руж) и толку.
Се шминкам и секогаш сум за шминка и средување, дотерување и сите тие ритуали но да не е претерано. Шминката е знак за женственост и многу влијае на самодовербата, посебно карминот ...сепак невкусно и нападно за сите е кога ќе видат некоја како кловн. Колку поедноставно - толку поубаво.
Претерано шминкање не чини,може да доведе до алергија или рак(не дај Боже). А,и џабе е шминкањето на лицето.Тоа може да покрие акни или бубулици,но не може да ја покрие расипливоста на душата. Минимално шминкање е во ред(маскара,нежна сенка и сјај или кармин),но сепак природниот изглед е подобар. И кога станува збор за убавина,внатрешната убавина е важна,не надворешната. Јас многу ретко се шминкам,малку маскара и малку сјај,сенка само за специјални прилики.
Се шминкам секој ден пред работа, пудра ,руж,римел и креон.Другите работи не ги ни знам не ги ни користам.Кармин само течен ставам понекогаш, сув неможам ми ја брчка устата. За викенд сум без шминка за да ми одмори кожата.Ама секогаш гледам да сум средена.Убаво ми е со шминка и ме расположува
Јас не користам шминка Не оти не сакам или не подржувам шминкање (природно и едноставно) туку оти кожава и јас не си се трпиме така Со тек на годините сум се одвикнала па кога ставам не се осекам удобно у кожа Се е навика.. Иначе подржувам и не шминкање Јас имам скоро чисто лице, ставам маски за освежување користам гел за миење и креми Кожата ми е убава и чиста па немам ни потреба од шмикање Иначе порано ставав пудра сега многу ретко.. Шминкање скоро никогаш не сум практикувала во животов.. За крај Кој како си се осеќа убаво така нека си прави не е грешка ни едното ни другото
Целосна шминка само за поводи, секој ден не. За викенди ништо, на работа само бб/цц крем, пудра ретко ептен, моливче, маскара, карминче. Ама се случило и да не се нашминкам, само крем за лице да имам. Си ја негувам кожата, најбитно ми е да ми е здрава и чиста. Имам впечаток дека кожата многу побрзо старее кога секојдневно се користи шминка, особено тешка шминка во неколку слоја. Можеби грешам, не знам, сепак имам такво мислење.
Јас обожавам шминка ама не ставам секој ден. Капа доле за сите што знаат добро да шминкаат, јас не можам ни маскара добро да нанесам.
Шминката преку недела ми се состои од коректор, лабело и поретко маскара. Бидејќи обожавам шминка, сакам да експериментирам, за викенди знам да носам "потешка" шминка. Пријатно се осеќам и во двата случаи.
Јас пак не ја гледам шминката буквално како „корективна алатка“ за да маскираш пеги, флеки и така натаму, баш напротив. Џабе ќе сокриваш проширени пори ако лицето изгледа бледо како платно или како премачкано со акрилна боја, и џабе ќе црташ трендовски веѓи ако не му одговараат на обликот на твоето лице...поентата на шминката не е таа. Шминка користам за да ги истакнам природните дадености на самото лице. Да се освежи тенот со малку коректор и руменило, да му се даде димензија на окото и длабочина на погледот со малку маскара, моливче или туш - е тоа е веќе сосема друго и не гледам причина зошто истото би било лошо или би било нешто што треба да се осудува и избегнува. И јас имам чисто лице и колку што ми е задоволство да го негувам, исто толку обожавам и да се шминкам. Коректор, пудра, малку бронзер и(ли) руменило, маскара, тенко извлечена линија туш, малку сјај или нежен кармин и тоа е тоа. Сè на сè, ми одзема 5-10 минути наутро и ништо повеќе од тоа. Не ми смета да бидам без шминка, не знам како би влијаела на самодоверба кај веќе изградени и да речеме зрели личности. Не гледам потреба од припаѓање во несвест како никој не смее да ме види без шминка и некои такви слични глупости, ама и те како гледам потреба да го заштитам лицето да не ми се лепат директно по него секакви нечистотии кои циркулираат во воздухот, на пример.
Па ако дење не користиме ЗФ и спиеме со шминка, веројатно ќе има пребрзо стареење Самата шминка не го старее лицето. Добра козметика и правилно користење на истата може да има само бенефит за кожата. Секако, уште повеќе се гени во прашање.
Се шминкам секој ден за на работа - пудра, коректор, руменило, маскара, некогаш креон (не секогаш), и моливче за веѓи. Основна шминка, меѓутоа не можам ненашминкана да одам на работа, сепак се осеќам посамоуверено и поубаво со шминка. А и работам со луѓе, па сакам да изгледам претставително и средено. Воглавно се шминкам секогаш кога излегувам некаде, освен ако е тоа опуштена прошетка во парк со бебе, до маркет и слично. Рутината не ми одзема повеќе од 10-тина минути, испраксирана сум и брзо ми оди. Кога сум ептен во брзање некогаш ставам само коректор и маскара. Меѓутоа за на работа обавезно ставам и пудра и сите работи наведени погоре. Што и да правам, маскарата ми е основна алатка, без неа не можам и не ми е изгледот комплетен
Немам баш најчисто лице,имам лузнички или да ги наречам мали дупчиња од задоцнетите акни кои наместо да ме нападнат во пубертет,ме нападнаа на 20+,ама тоа не ме спречува да сум без шминка за излегување,како денски,така и навечер... Имам и подочњаци,кои саглам ми се истакнати понекогаш,порано се нервирав и се маскирав со скапи коректори,ама како "стареам" се помирив со нив и тако даље,на кој му сметам нека не ме гледа Нејсе.Инаку од секогаш знаев и знам да носам јаки нијанси на кармин,без црвен кармин не одам никаде и понекогаш малку маскара,а тоа креони,туш за очи и слично,се ми стои така,купено а неискористено... Така да,95% сум природна "лепота" ама тоа не значи дека не им се воодушевувам на девојките кои се шминкаат преубаво и се уште поубави со шминка
Обожавам шминка, многу ретко сум без, некогаш во недела коа не идам нигде. Инаку, стандард ми е моливче, сенка, кармин, руменило, маскара со или без, а пудра не користам секој ден, само за посебни прилики, кога и шминката е комплетна.
Немам мерак да се шминкам. На факултет или само коректор, или ништо на лицево. Едноставно не сум таков тип. За излегување знам или многу убаво да се нашминкам или освен коректор и евентуално маскара ништо да не ставам. Е сега за на работа зависи што работиш, има професии кои налагаат дрес код на кој поубаво стои нашминкано лице. Сепак сметам дека секој има право да прави со своето лице што сака.
Не излегувам без шминка освен на плажа, планина. Кој како сака нека си прави, мене ми е убаво да носам шминка.
Скоро никогаш не излегувам од дома ако немам барем малку шминка на мене. Сјај за усни и руменило обавезно си имам на себе
Најчесто сум без шминка. Ако излегувам тогаш користам само бб крема, маскара и моливче за усни. Кожата ми е релативно негувана и немам потреба од тешки шминки за покривање.
Исто, минимлна шминка и пудра, евентуално хајлајт и нежна неутрална сенка и кармин/молив за уста, +маскара и молив/сенка за очи/веѓи.
Колку не сакам шминка на себе говори и фактот што не ни имам шминка. Од шминка кога е неопходно ставам пудра, маскара, ептееен малку сенка колку да не е без ич и некој беж кармин исто колку да не е без ич. Се неам нашминкано со месеци, последно за свадба у август.
Не користам многу шминка само бронзер, руменило, маскара и сјај за уста ама обажавам кога се шминкам, ме прави да се чувствувам поубаво и посвежо.