Би издржала зошто да не, појака шминка ставам само за вечерни излегувања и некои важни настани, а за на кафе и така прошетка само пудро,руменило,маскара,креон и сјај
Не, едноставно се чувствувам посамоуверено со шминка! ( се разбира не важи за одење во продавница, на кафе кај комшиката)
Би издржала и повеќе од една недела без проблем! Убаво ми е кога сум нашминкана ама се шминкам само за излегување, а тоа па и не се случува така често
Да зошто да не...посебно кога е добро зачуван тенот нема потреба од малтретирање на лицето на млади години.
Евентуално ако сум на одмор можеби би издржала инаку ..реално не. Пудра морам да имам на лицето или во најмала рака коректор на критичните места. Малку маскара,моливче,руж,лабело..тоа ми е основа.
Користам шминкаа Не можам без тоа.. Обично за излегување или слично.. Не можам да одам така, говорам за излегување низ град.. Инаку дома, на плажа преку лето секако дека не користам.. Инаку без пудра, маскара, сенка, карминче и сјај никаде не одам
Без шминка сум 90% од времето, порано бев многу несамоуверена околу лицете добро пред се и акни, подочнаци и сл. ,али сега не. Лицето ми е исчистено, подочнаците значително намалени така да ја носам за изгледување, кога ме фака мерак али од повеке време сум само со бекутан крем на лицето.
Сакам да се шминкам, ама и сакам да бидам без шминка така да можам да кажам дека многу ретко се шминкам денски, освен лабело, сјај некогаш и моливче. Пудра многу ретко користам, иако порано во осмо некаде ( не знам што ми шртаканало тогаш, ај пубертет опростено) секогаш пред да одам нашколо ставав пудра и лабело да не ми се гледале акните Нашколо не одам нашминкана и без проблем си шетам без шминка секаде. Секако кај што треба и не личи без шминка да одам, родендени, матури, свадби, слави, журки се подразбира дека се шминкам, а знам и онака да се нашминкам без повод ама тоа е ретко. Јесте дека те разубавува шминката, ама и онака ко ќе се шминкам не претерувам со неа, нашминкано лице што изгледа ем убаво ем природно обожавам. И плус пудрата ги затвара порите (освен што прикрива подочњаци и некои мозолки) и не ми одговара баш на лице.
паа 98 % го минувам времето без шминка... можам да не се нашминкам месец дена и појќе.. шминка само за излагање (и тоа ретко) и за на ТВ... за ништо друго )
Кај мене е периодично. Во средно немаше ден да не сум нашминкана, а сега можам и повеќе од недела ненашминкана. Се разбира шминката ги истакнува нашите црти, но понекогаш кога ќе станам и ќе се погледнам во огледало , а блескам излегувам без шминка и пак сум задоволна од мојот изглед..
Па без шминка не одам никаде.Пудра ставам за викенд,и некогаш ко ке сум порасположена за шминкање.Иначе секојдневно употребувам моливче,маскара,лабело,сијајче,некогаш туш и така
Не дека многу се шминкам ама еден месец без коректор и сјај не верувам дека ке издржам! До душа, ако сум дома ке издржам ама за излегување не верувам.
се шминкам само кога треба да се оди на некоја важна церемонија или нешо слично, иначе,не многу често! но, без сјај не искачам од дома
Па претежно сум без шминка, не се шминкам кога го шетам кучето низ маало, кога идам до продавница, до кај другарка и т.н. За на факултет користам пудра и маскара, а некогаш и тоа го изоставувам, ставам бекутан и фрчам. За излагање навечер да, се шминкам скоро секогаш.
Посекако се шминкам само за навечер, понекогаш ни тогаш. И шминката ми е тро пудра само на образи, маскара (понекогаш само руменило) и сјај/кармин кој не го корегирам во текот на вечерта пошто не ни земам со мене шминки и кога ќе се избрише од пијачка/бамборење си седам без него.
Сега што идам да преноќам кај роднини, можеби таму ќе бидам 1-2 недели, и морам без шминка, се срамам пред другите, таму не се шминкаат немажени девојки, така да-и јас без шминка, ама не, нема да мислам на тоа, нема да ми недостига шминката, ќе издржам, можам јас.
Често сум без шминка и си немам баш никаква мака. Никако неможам да сватам девојки кои се шминкаат за во фитнес центар или супермаркет. Денес на пример цел ден сум без грам шминка. За по дома не клавам ништо, освен кремче после миење. Исто и за кај другарки, фризер, козметичар, шетање во парк итн.Така го поминав и целиот факултет, освен кога добивав напади на разубавување. Инаку за шетање онака дење, дремење по кафич или нешто тој стил, ако е зима може пудра и малку моливче, римел и сјајче. Сенки-менки за преку ден нема шанси. Ако е лето пак иста шема ама без пудра. . А за излегување, она официјалното (што ми се случува еднаш на 3 месеци ) или вечера некоја си со мажулето си се шминкам комплет, сакаш да е лето, сакаш зима, со пудри,коректори,сенки,ружеви,триста тракатанци, да не кажам одеднаш станувам дама.