Сега сигурно не се шминкам за до парк, или за до кај комшивка За на школо ништо освен бекутан А онака кога излевам преку ден на кафе ли или било кај само пудра и римелче, некогаш не ни ставам пудра кога се брзам, а за навечер пудра римелче и креонче..а сеа онака на поважни церемонии знам да си се средам тип-топ..
Во лето не ставам шминка само некогаш кога ќе ми текне ставам за вечерно излегување. Вака денски ни пудра ни римел. Ми се топи се
Пробав неколку пати без пудра демек да се навикнам само со крма да бидам али џабе е дефинитивно нема шанси без шминка да излезам негде
Немам комплекси па да неможам да излезам никаде без шминка, но ретко го правам тоа, повеќе од навика Не се шминкам многу - коректор, руж и маскара,и тоа мене ми е сосема доволно Единствено повеќе шминка ставам на мене и експериментирам со сенките само кога излегувам во сабота или петок.
Воопшто не користам шминка (само понекогаш доколку имам некое црвенило на лицето ставам коректор), така да не би претставувало никаков проблем за мене.
Не би ми претставувало никаков проблем. Кога сум по дома никогаш ама никогаш не сум нашминкана ни пудра ни римел, ништо. За на работа, излегување.... зависи кога како али обавезно пудра, римел и некое сјајче за уста а кога сум расположена одам во детаљи Повеќе сакам негувано чисто лице на кое се истакнати или очите или усните отколку јака шминка
Многу ретко ставам шминка, само за вечерно излегување. Во лето никогаш ама баш никогаш не ставам пудра од проста причина бидејќи имам бел тен и користам светла пудра и не ми се исплаќа за во лето за 2месеци д купувам потемна пудра, а и немам никаква потреба од пудра имам чисто лице без никаква дамка на мене или лузна
Нема шанса да издржам една недела без шминка.Коректор ставам пред секое излегување низ врата за да го изедначам тенот ако има нешто „никнато“ ...Најчесто ставам и маскара колку да ми ги дефинира очите, а без сјај на уста не можам никако..
Не,не не би издржала еден месец без шминка Уживам кога сум си нашминкана (но секако не се шминкам за до продавница,за до комшии,за на училиште),но никако не би можела да појдам на друго место а да не се нашминкам ,за вечерно излегување па да не зборуваме За денско излегување користам само пудра и креонче,додека за вечерно појака шминка
Би издрзала аок не излегувам за викенд обично се шминкам за вечерни излегувања коа одам по дискотеки кафичи
Преку недела можам да поминам и без шминка, или само пудра shine gone поради мрсна кожа и маскара и моливче. А за вечерните излегувања си се шминкам појако.
Леле најубаво ми е да се шетам без шминка. Се шминкам кога излегувам, ама преку лето на море избегнувам. Или кога ќе видам некој на плажа со пудра. Па бива ли тоа бе?
Ми се случува и по подолг период да не се нашминкам го оставам лицето да ми одмори, а најчесто само по потреба
Би издржала и многу повеке од недела, и онака не ставам многу шминка. Посебно коа е колоквиумска недела или испитна сесија, нема време ни да помислиш на шминка а камо ли да се шминкаш.
Нема шанси да слезам ни до продавничка без пудра. Не е тоа ради некое фурање или изигравање, едноставно немам храброст да го покажам своето измалтретирано лице на целиот свет без камуфлажа. Иначе, декоратива претежно избегнувам. Ептен за посебни пригоди маскара и моливче за уста, поретко ако сум екстра расположена знам да распалам некоја драматична сенка на очи. Сублимирано, не можам без корективна козметика.
Ако не излезам од дома една недела може... а штом тоа нема шанси нема шанси ни без шминка Не се шминкам многу, но пудра, маскара, карминче/сјајче ставам секогаш кога излегувам од дома коа терба да одам негде, е сеа не зборам за до комшии или до продавница за тоа само малку коректор и толку. Не сум нешто зависник од шминката, но лицето ми е прилично црвено само по себе па сакам секогаш да изгледам убаво и затоа не одам негде подалеку без шминка