би издржала и тоа не само една недела.... фала богу имам чисто лице понекогаш пред циклус ми се појавува неко мозолче ама ништо страшно во секој случај мие мн поубаво но секако никако не излегувам без шминка за вечерни излегувања
Би издржала без шминка и повеќе од една недела, па зашто да не.. Фала богу лицево чисто ми е, не викам дека сум совршена и најубава, ама па и не сум за да неможам без шминка. А за искачање ставам шминка, што е нормално мислам.. сепак не со претерување, тоа дури и одбивно е
Би издржала. И јас имам чисто лице, единствено може да поминам со некој коректор по подочњаците за да не исплашам многу невини луѓе, ама и со и без тоа, можам да издржам. Исто и за излегување, ретко кога ставам многу шминка, делумно тоа се должи и на фактот што имам огромен празен простор во мозокот што се шминкање тиче, (појма си немам ), а како второ, нормално е со повеќе шминка да изгледаме постаро, па сеуште на некој начин се обидувам да останам достојна на сегашниве години. Пудра ставив пред 3 недели за на свадба, по трет пат во мојов живот, поише од мерак некој, него ли од потреба и толку беше. Мислам дека наредниот пат ќе биде на мојата свадба, , пу-пу да не се урочам па да се разбудам утре со големо гнасно полно бубуличиште на чело, па ни цела туба пудра да не ме спаси.
Без основна шминка можам да издржам од неколку дена после менструација до периодот на пмс кога лицето ми се нафрлува (зборувам за во случај ако цел месец не излезам во некоја дискотека или кафич навечер). Имам чисто лице, на кое не му е потребна ни пудра, па така се случува денски да не ставам воопшто шминка. Но, за вечерните излегувања не одам никаде без пудра, креон, маскара и сјај за усни (во случаи да брзам), а бидејќи обожавам да се шминкам и да експериментирам, додавам и сенки во разни бои зависно од облеката која ја носам.
Мразам да вадам шминка, а ја обожавам свежината која ми ја нуди тоа чувство. Можам да издржам без шминка со денови, само доколку не излегувам од дома. Добро, во школо ме мрзи да се шминкам затоа што сум учела и не сум спиена, или едноставно имам тестови, испрашување и ми се темни од се, а тек па пудра да шлапам по лице. Но, еве сега на работа мене ми е уживање да станам 15 мин порано. А ги гледам повеќето тука како да немаат мерак да се средат. Ниту шминка, ниту некој особен шмек во комбинациите или пак мало покажување на грижа. Верувам на работа треба да се иде среден, скоцкан. Не се бара 10кг пудра, сенки и триста остали чуда. Она основното кое бара максимум 10 мин, 15 ако се утнеш при ставање туш.
Што се однесува до мене,јас би го рекла сето ова би издржале ли со шминка? Јас мразам да се шминкам. Имам чисто лице,освен пред менструација што е и нормално.. Пудра користам само викенди и тоа чисто за да имам рамномерен тен. И маскара. И тоа е мојата шминка. Маскара употребувам само секојдневно. Друго ништо. Доволно е тоа што си го сакам одразот во огледалото. Си ја имам јас насмевката за да бидам убава,не ми треба шминка!
Вистинската убавина на жената се гледа кога е без шминка т.е кога станува од спиење . Како и да е какви сме такви сме така да нема потреба од маскирање со шминка. Би издржала и повеќе не само 1 недела без шминка.
Многу ретко,скоро никогаш .Дури и за низ дома се шлакам Обожавам да се шминкам, да експериментирам со шминка ,едноставно ми причинува задоволство. Никаде не одам без креон,маскара и црн туш,пудра не ставам никогаш ,сјај или лабело - задолжително си имам при рака.
Би издржала многу повеќе. Ретко се шминкам, баш летово не ми е толку потребно и подобро ми е без шминка. Веќе неколку недели се немам нашминкано и исто ми е...
Би издржала и многу повеќе! Јас и така не сум девојка која користи многу шминка така да нема да ми представува проблем!
За излегувајне се шминкам и кога одам на кафе ама кога сум дома не,неможам да ја поднесам многу шминката ме печат очите
Можам да издржам. Ретко се шминкам. На пр. кога излегувам навечер, кога одам на некакви свечености и сл, а вака за секој ден не. Ама кога се шминкам, нашминкано е. Тоа не сум јас
ретко се шминкам само за излегување и тогаш не ставам многу шминка само пудра моливче за очи маскара и некоја понежна сенка...ако секој ден сум под шминка се чуствувам како на мене да носам некоја тешка маска