Па често сум без шминка, или со многу малку. Најчесто ставам пудра на подочниците кои ми се за собирање со прслук или ако имам мозолче и гроздова маст на устата. Сега во лето само ставам крема за лице, со фактор или хидратантна и доволно е
Oбожавам да сум без шминка, природно си е природно, иако пред добивање понекогаш ми излагаат акни(не паѓам во депресии ), преферирам да сум без шминка одколку со неа исклучок нормално се вечерните излагања!
Без шминка е моето секојдневие... Сакам да се шминкам но безвезно ми е да имам нападна шминка за на кафе, претежно за излегување се шминкам.
Можам да издржам без шминка цела недела и не ми е проблем да излезам и така, се шминкам само за викенд и тоа не којзнае како пудра креонче и карминче ,сенки не користам секогаш иако имам цела палета .
да зошто да не...шминка ставам исклучиво кога излегувам навечер и тоа не многу...а имам другарка што до продавница да оди се шминка, со шминката спие, едноставно неможеш да ја видиш без шминка јас неможам така
Мене единствена шминка ми се креон и тоа од внатрешната страна на горниот капак ( the inner waterline) и римел....не сакам многу сенки па пудри па други глупости зошто после коаг ќе ме видат без шминка ќе се исплашат...ама неможам ни па без ич, незнам многу затворени очи имам и досадна фаца
Многу ретко се случува да сум без шминка пред се заради секојдневните обврски и некако не сум навикната да се гледам така. Кога сум на одмор или слично гледам да ја сведам на минимум, но тоа сепак подразбира коректор, маскара и секако лабело.
летово ја заборавив тотално шминката за преку ден ветувам ќе се дружам повторно со неа од септември онака минимално како и порано
Можда би издржала без шминка, и онака не користам многу, ама .. сепак не, не можам без римел затоа што имам светли трепки , а потемен тен и изгледам .. чудно.
Зошто да не би издржала. Летово начисто заборавив на шминка. Ни пудра преку ден, ни креон, ни маскара. А и секако преку ден, за училиште си користам само маскара, пудра и сјајче. Само за на вечер за излегување летово користам шминка Strange, but true