Без шминка? Јас? Цела недела? Излегувања, гости...? Нема шанса да издржам, прво затоа што сакам да се шимнкам, второ сметам дека ми прилега шминката. Но сепак еве сега летно време, кога морам да шетам по жешково ставам само крема со заштитен фактор, малку молив за очи и повеќе маскара. Значи пак не е без ич, иако се случува и тоа да излезам без апсолутно ништо на лицево, но тоа е само до продавница или на некое кафе до кај другарка или кај мајка ми. За вечерни излегувања било лете или зима, обавезно ставам пудра, руменило, сенка, некогаш повеќе, некогаш помалку зависи од прилика, молив за очи и маскара. Несакам лично ради себе да изгледам „несредена“ особено ако сум во ПМС па имам некои бубулици па да ги извадам на мегдан сите да ми ги гледаат. Истотака имам и секојдневна шминка, за на факултет на пример, пудра, руменило и маскара а често и молив за очи. Не пропагирам натурал лук, едноставно поубаво и посамоуверено се чуствувам кога сум нашминкана, па без разлика дали сум будна од 7 или 12, не сакам другите да ми зјапаат во подочњаците, бубулиците, порите. На факултет скоро секогаш одев со шминка, не ми е проблем да станам 5-10 минути порано и да се поднашминкам, за тие 10-тина минутки сигурно нема да се наспијам, а пак ќе изгледам средено. Еднаш пред полагање, немав време, во брзање не се нашминкав кога се појавив сите беа вакви , како мислиш келава сум се ошишала. И за вечерни излегувања задолжително сум со шминка, макар во кола да се шминкам, барем основните работи ќе ги нанесам, а најчесто си се шминкам дома кога брзам завршувам за 10-15 минути, а ако имам време на располагање 30-40 минути, нате-нане лека-полека... Едноставно многу поубаво ми изгледа дотерана и нашминкана жена/девојка отколку некоја без разлика колку убаво е облечена и природно убава доколку не е соодветно нашинкана изгледа недовршено, не целосно и невинимателно, се губи убавината на гардеробата и се губи впечатокот кој таа сакала да го постигне... Има и луѓе кои се природно убави, имаат убави црти, но не постојат совршени луѓе кои без шминка се поубави отколку со шминка. Ако има впечатливи очи, можеби има нерамномерен тен и и треба пудра, ако има совршена кожа, има мала уста па и треба кармин и т.н.... Мое видување на работите ...
Шминка јас не редев ко ќе бев сабајле нашкола и ко ќе одев на математика иначе за излегвење обавезно.Ама една недела бев на одмор и ништо не редев на лицево и цело ми се исчисти!Ни болчиња ни ништо не ми се напрај.Па би можела уште 1 недела да издржам без шминка
Сега летниов период ми се случуваше и по месец дена да не ставам ронка шминка. Бев по одмори, море, езеро, бањање и не ни помислив на тоа. Едино ми се случуваше да се нашминкам за вечерните излегувања, ама и тогаш користев само римел и сјај за усни. Пудрата ја заборавив, а и на ова жешково не ни помислувам да ставам. Тоа ми беше повод повеќе внимание да обрнам на кожата на лицето и многу повеќе ја негував летово кога не ставав пудра.
Па искрено од дамна неам стено шминка..летно време не преферирам баш пошо некако напнато се чуствувам имам чисто лице и природно руменило и зимно време не ставам многу само коа идам по родендени и чат-пат ако имам некоја флека на лице
Да би издржала. И така не се шминкам многу освен за излегување. Имам чисто лице,така да нема потреба секојдневно да се шлакам со пудра. А и така секој пат кога ќе се нашминкам,мајка ми вика дека сум сосема нова личност.Но,дефинитивно дека шминката разубавува и дава чуство на самоувереност!
Обожавам да се шминкам, убаво ми стои и знам да шминкам, но без неа би издржала, само без кремот за лице не би издржала но тоа не е шминка така да..
Летно време преку ден не користам шминка.Некогаш само римел ставам ..за вечерно излегување се разбира ставам шминка
Би издржала и цела година, не ми претставува никаков проблем ако сум без шминка. Најбитно ми е да имам ставено крема, друго не е битно.
Пред пола година да ми решеше некој дека ќе излезам до центар без шминка ќе го направев будала Секојдневно за на факултет ставав барем пудра, за на кафе, за шопинг, за прошетка.....ама сега шминката ми е сведена на минимум.....единствено за свечени пригоди, за вечерни излегувања и тоа е тоа. Сфатив дека само полошо си правам со шминката, повеќе ги иритирам порите на кожата и после се борам со секакви чудовишта на лицето.....сега пак летово не ми доаѓа на крај памет на 40 степени да се нашлакам со шминка
И јас го правев и го мислев истото а сега преку денот освен кремата за лице што си ја користам не ставам ништо друго и лицето ми е чисто како никогаш.
не би издржала сметам дека секоја жена и девојка треба да нанесува доволно шминка а не премногу за да изгледа префинето и дамски
Секој ден користам шминка и за на факс и за излегвање. Најчесто користам минимална, само туш за очи, пудра и маскара. Користам шминка колку да си ги истакнам цртите на лицето и да прикријам некој неостаток, а не до степен да не ме препознаваат луѓето. Ретко се шминкам појако, во случај да одам на некоја посвечена работа. Е сега не се шминкам за по дома, ако одам до кај другарка на кафе или до продавница, тоа ми е некако излишно. На лето, денски гледам да не ставам пудра оти малце ми смета и тогаш може во замена крем со заштитен фактор. И никогаш немам појдено со шминка на плажа и не вервам дека тоа ќе се случи. Се на се можам да издржам една недела без шминка само ако сум на одмор или ако не излезам воопшто од дома, а ова второто малку потешко
На плажа, 100% natural само со лабелце. во летно време одбегнувам пудра, но римел ми е задожителен! Исто по дома no maka up at all. Во др ситуации обавезно но секогаш гледам да ми е во помали количини да не бидам како пласитична кукла
Jaс, без шминка цела недела ? Би издржала, не е тоа некоја убитачна работа без која не би преживеала, ама сепак зависи кој како ја сфаќа шминката и целата таа прашина која се крева околу неа. Не, не спаѓам во редовите на оние, така да ги кажам незадоволни од својот надворешен изглед, па да се шминкам за да му бидам визуелно поубава некому, напротив, немам некое проблематично лице, периодично имам акнички, ама тоа е нормално, нели? Се шминкам, затоа што сакам да изгледам уредно и свежо пред се', а тешко дека би ја имала таа свежина со просечен сон од 5-6 саати. Башка, колку и да е природно убава девојката, го нема тој сјај и шмек кој го остава шминката, а и кога би била машко, тешко дека ненашминкана девојка би ми оставила убав впечаток, бидејќи не постои женско битие на овој свет кое изгледа совршено без грам пудра. Нема да зборувам колку може шминката да ја подигне самодовербата кај девојките, меѓутоа да се вратам на темата - нашминканите девојки/жени ми оставаат впечаток дека сакаат да си се тинтрат и да си се негуваат и не ги љубам оние мрзливките кои не сакаат да се шминкаат ниту на излегување, вадејќи се на природната лепота - НЕ. И тогаш кога лицето ми е чисто и немам ниту една бубуличка, ставам барем маскара, малку коректор на подочниците и руж - поприродно од ова, амин.
имам издржано без шминка повеќе од недела и искрено,многу поубаво се чувствувам без шминка него со посвежо ми е и неморам да се замарам дали после треба да ја симнам ,дали ќе ми се измачка итн итн
Само со римел и сјај,понекад и сенка малку,пудра не,пудра никако,ии не една недела можам 10 ако сакам(но само со лабело(добро де можам и без него не е крај на светот ))