Па прво и основно, не можам без воздух, вода, храна и сон. Потоа без семејство, пријателите, луѓето кои ми значат, интернет, мобилниот телефон...
Без пари-шопинг дечко ми татко ми,мајка ми,сестра ми <3 Патувања Нокти Нешто благичкоо (ако во случај ми падне шеќерот итд итд....
Не можам да живеам без моите најмили, без моето семејство кое секогаш ме поддржува и ме советува, без оглед на се. И да се сите против мене, тие ќе бидат на моја страна. Иако понекогаш ме нервираат, а и јас нив. Потоа без моето кученце. Го спомнувам одделно, затоа што ми значи премногу, иако е дел од семејството. Секогаш успева да ме развесели. Не можам да го замислам животот без неа, мојата мала бела душичка. Потоа се разбира без мојата соба, која секогаш е во лом, како секој ден да паѓа по една атомска бомба. Неред вистински, ама пак си ја обожавам. Моето катче каде уживам, безразлика на околината. Се разбира и мојот плакар. Немам премногу облека, но не е ниту малку. Немам прескапи парчиња, но тие што ги имам си ги обожавам. Не би можела без шопинг, па макар и да се само неколку работи. Без лаптопот и телефонот, тие ми се must за опуштање. И за на крај, малите, но сепак презначајни работи кои ги обожавам: неговата мила и топла насмевка, утринското капучино, добро ви-фи на одредена локација каде престојувам одредено време, лакираните нокти. А, да заборавив. Храна и вода.
Без се па дури и без леб неколку дена се може ако те натера маката, тоа го знам од лично искуство. Знам дека оние кои се подуени од се па незнаат што да прават ќе кажат неможам без мобиле, компјутер... и разно, разни глупости но кога маката ќе ги натера ќе сфатат дека можат и те како. Ова би го илустрирала со еден пример за да ме разберете подобро. На пример, сега слободата ви се чини дека не е ништо посебно и си викате камо да има некој да ме рани за џабе па ако сум затворена, но нека ве затворат 1 месец и ќе сфатите колку фсушност таа е вредна. Исто е и со ова претходното, ако сега ви се чини дека неможете без мобилен или компјутер или излегување секој ден, да немате 2 дена што да јадете ќе видите дека има нешто друго без што навистина неможете. Единствено без што човек неможе е здравјето и основниот минимум храна потребна за преживување без се друго се може.
Ако ги тргнеме настрана она вода, воздух и такви ствари, тогаш без музика дефинитивно. Да не беше музиката, не знам дали ќе бев сега жива. Кога ми било најтешко сум ги ставала слушалките и само тоа ми помагало и ме инспирирало.