Сега во зима неможам без печката..уф како ми недостасува сега да се испружам....мммм...сакам дома! Неможам и без сестра ми,братучеда ми,другарките...ама и без мобилен,компијутер и TV!
Не можам без моите родители, подршката и разбирањето, нивната бескрајна љубов, без долгите разговори со мајка ми, нејзините прегратки, без смешките со татко ми. Не можам без брат ми, ако не е тука некако ми е празно. Не можам без неговите смотани, ненормални шали, без тоа да седиме пред телевизор и да се зезаме за секоја глупост на телевизија. Не можам без моите пријатели. Секој ден поминат без нив ми е досаден и безличен. Неможам без искрените и долги разговори со нив, без споделените вицови, смешки и случки. Неможам без смеењето, и тоа гласно и налудничаво Неможам без сонцето, дефинитвно ме прави посреќна (иако имам кажано дека сакам дожд, деновиве сфатив дека ОБОЖАВАМ сонце) Непостоењето на другите работи ќе го преживеам!
Без сонце и љубов..секаква љубов..родителска, пријателска,од маж ми,од домашните миленичиња.. Без се друго кога тогаш ќе се навикнам. Сум живеела и без мобилен и интернет и пак сум си била среќна. Материјално ништо не ми значи толку да не можам да живеам без него.
Неможам без моите најблиски,внука ми,без вода,лап-топот...и без паломи.Голем потрошувач сум на паломи,носот ми е затнат и настината сум на секое ново дувкање на ветрот.
без сестра ми на прво место!!!!!!!! без мобилен .. без дечко ми.. без ...... музика!!!!!! беззз..... толку
Единствено нешто без кое никогаш не би издржала се моите најблиски, вклучувајќи го и моето кученце Луна
неможам без љубовта моја и секако без моите две принцезички.Тие ми се најважни на светот!!! Уствари неможам без многу работи како на пр лаптоп,моб,автомобил,друштвото,филмови ...... се си сакам да си имам