1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Белата масаи (Корин Хофман)

Дискусија во 'Книги' започната од jelena.rozga, 23 јуни 2015.

  1. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    205
    Книгата ја читав пред една недела. Не е нешто баш нај, нај ама интересна е. Книгава е всушност вистинска приказна за нејзиниот живот.
    Во овој роман Корин Хофман ја раскажува својата животна приказна. Таа заминува на одмор во Кенија и таму се вљубува во еден Африкански воин од племето Масаи.
    Таа поради љубовта ја напушта цивилизацијата и оди да живее во сосема поинакви услови - во племето на својата љубов во неговата мала африканска колиба, каде што поминува четири години заедно со него и со неговите родители.
    Но таму открива дека не е сè баш како што замислувала и тука започнуваат нејзините авантури, но и проблеми.Приказна за растргнатоста, промените и огромната љубов, "Белата Масаи" е роман и за романтичарите и за авантуристите.
     
    На stefanoskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.152
    одамна ја имам читано и кај мене остави некоја трага ептен ми се допадна книгата
    ја препорачувам да се прочита има и втор дел од неа ама не е толку интересна
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Да не беше пишувана според вистинска случка, ќе ми се допаднеше многу повеќе. Додека ја читав книгата бев запрепастена, цело време ми се моташе една иста мисла- како можеше авторката од едно обично патување во Африка да се "заљуби" во човек кој не го ни познава, ниту се разбираа ради јазичната бариера, а за условите пак, обичаите и племињата кои се опишани ....:xнезамисливо ми беше, не ми се допаднаа книгите воопшто.
     
  4. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    13.290
    Пол:
    Женски
    Додека ја читав книгава останував занемена од љубовта и истрајноста на Корин. Ми се допаѓа тоа што многу детално го опишува секојдневието, животот со и после Нкатинга (така мислам дека се викаше маж и ако добро се сеќавам). Ги прочитав и двата дела, третиот ми го украдоа во хотел, па немав можност да дознаам за што се работи..
     
  5. Тетка Биберче

    Тетка Биберче Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Ја барам книгава
    трите дела
    Дај кажете кај да ги најдам
    сакам да ги купам
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.552
    Допаѓања:
    151.152
    ја од бибљотека ги земав
    инаку има филм на ју туб за првата книга кратки видеа се
     
  7. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Останав будна цела ноќ за да ја прочитам. Ми се допадна, многу. Го прочитав и вториот дел. Сега го барам третиот дел но не можам да го најдам.
     
  8. Тетка Биберче

    Тетка Биберче Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    јас електронски ја читам прв дел
    кај ги најде ти?
    втор и трет дел ги нема електронски :(
     
  9. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Ги има една другарка, таа ми ги даде да ги читам. Третиот дел го немам читано, не можам да го најдам.