1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бела ноќ

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 4 октомври 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ова ќе биде прва бела ноќ на која нема да присуствувам.
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    До пред некоја година на секое ќоше имаше свирки, сега нешто слабо. Бела ноќ ми е убава поради тоа што Скопје е многу раздвижен и осветлен, секогаш сум гледала многу позитивни лица, сите биле весели.
    Обично секоја година испробуваме различни работи, од шетање од свирка на свирка, музеј на град Скопје, планетариум, КУР во МКЦ како најблесавото нешто на кое сте биле, филмчиња во кино Милениум...Со годините некако бледее можеби и интересот и ослабнува програмата. Нема нешто што посебно би сакала да го видам, а не сакам да ја пропуштам...
    Зошто нема повеќе Реоткривање на патеката на културата, тоа беше дури и подобро од Бела ноќ...
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Некаде за програмава на Бела ноќ прочитав дека утре ЈСП цел ден и ноќ ќе вози бесплатно? :?: На нивната страна нема ништо објавено, него ако ова е стварно вистина, малку да злоупотребам и јас, како пензионер да се поосеќам малку. :D
     
  4. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Баш тој период ќе бидат накрцани автобусите до максимум :rofl:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    денес бела ноќ ќе се одржи во Кочани и знам дека ќе биде таму Каролина Гочева, а за др нз :)
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ЈСП ќе вози бесплатно до зоолошката градина утре во одреден термин.
    Иначе бесплатно ќе е во Кино милениум, бесплатно отворено кино во парк, бесплатно кино во Фросина.
    Бесплатна зоолошка цел ден.

    Имате интернет страна за целата програма .
    http://www.belanok.mk/

    Јас ја хејтам белата ноќ, обично си преседувам дома со мој филмски маратон. Не сакам такви гужви, неможе човек да се размине, сите мислиш излегле и се шетаат ко муви без глави. И чекаат сите нешто, ко божем марсовци да не се очекува да паднат.
    Белата ноќ мене ми има уметнички аспект, слободно шетање и забавување цела вечер, а не искочиле деца да се изначукаат на сред плоштад и галама и вришетење се слуша од секаде.
    Немаме ние таква култура за улични случувања и забави.

    Ќе си седам дома и утре.
     
  7. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    феминки сакам да ве прашам доколку планирам да одам во кино милениум за бела ноќ треба да земам карти или слободно се влегува ? :)
     
  8. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Треба да одиш пред да почне филмот,да земеш карти.Можеш 2 карти да земеш. :)
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    А ја па никоаш не сфатив што е поентата со оваа Бела ноќ, зошто така се вика (претпоставувам асоцира на светлина, ама останува на претпоставка), за која цел, зошто воопшто постои и се одржува итн. :tmi: :lol: како и да е, ја утре идам на плоштад па што има нека има. А може во кино, што има таму? Ма глупости... колку да се случува нешто и пари фрлање.
     
  10. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    Карти треба да се земат (бесплатно нели) само за Трето полувреме, а за сите останати филмови утре влезот ќе биде слободен односно нема потреба од карти... :)
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И кои филмови освен тој ги има утре, што се ете бесплатни за гледање? И во колку саат?
     
  12. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Па можеш да ја видиш цела програма за бела ноќ на интернет.Има многу филмови.Пиши-програма за бела ноќ и се ќе ти отвори :)
    Еве во Милениум што ќе има
    11:00 – Германски филм – фестивал 3D (детска програма)
    13:00 – Мадагаскар 3: Најбараните во Европа”3D
    15:00 – Пина 3D
    17:00 – ПЛАТЕНИЦИ
    20:00 – ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ**
    22:00 - ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ**
    24:00 - БЕТМЕН: Издигнувањето на темниот витез
    03:00 - Притаено зло: Одмазда“ 3D
    05:00 - СПАЈДЕРМЕН 3D
    07:30 - ВОНЗЕМЈАНИ ОД СОСЕДСТВОТО
    09:30 - ЖЕЛЕЗНАТА ДАМА
     
    На I.love.your.lips и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Аха да идете вие вечер на трето полувреме :D
    За трето полувреме нема ни за во недела карти што се купуваат, а камо ли бесплатни за вечер :)
    Сабајле во 10 часот беа дадени сите билети, си имаше соопштение кој сака бесплатни карти во 10 часот да си е на благајна, за другите филмови вечерва мож има карти не знам, ама имате и други кинотеки за вечер бесплатни.
    Како што прочитав еден фб статус сабајле пред Милениум во 10 часот било тепачка. Ма каков Керфур, ова бетер било :lol:

    ЈСП после 19 часот бесплатно ќе вози.
     
  14. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^ Сигурно ќе вози бесплатно после 19 на сите возни линии? Не видов таква информација на страната на ЈСП..
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Каде шетавте синоќа на Бела Ноќ? Импресии? Критики....?
     
  16. Miss.Baller

    Miss.Baller Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    56
    бев на плоштад, после заминавме на по една пијачка со друштво :)
     
  17. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Јас вчера бев во кино.Го гледав трето полувреме,начекав карта некако. :lol:
    Тоа што се случуваше во 10 сабајле беше ХАОС!Ама ајде,како така помина. :)
    Инаку не знам дали имаше нешто на плоштад,кога поминав во 12вечер немаше ништо,освен некоја модна ревија на скалите во трговски.
    Се на се,задоволна сум од вечерта,си го глеав филмот по втор пат и супер беше. :)
    И такаа :)
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Само еднаш бев на Бела ноќ. Тоа беше пред 7 години. Интересно беше. Имаше што да се види.
     
  20. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    3.366
    Бесплатни ли се автобусиве вечерва?