Девојки здраво, Дали треба тест за во Србија? Или пак само нашите бараат сакаме после нова година да одиме, другарка не е вакцинирана, ни рекоа дека србите не барале тест туку нашите на излез ама не знам колку е точно Ако знае некој да каже ви благодарам
Не бараат на српска граница, само нашите бараат при влез во МК. Пред една недела кога бев за Белград вака беше. Исто така, кај нив по кафичи/кафани бараат сертификати после 10ч а преку ден и по трговски центри не Мислам нас не ни побараа, а и моите другари од Србија со кои бевме искочени вечерта не беа вакцинирани, ама официјално зборат дека ти требал сертификат за после 10.
Дали бараат за влез во Србија негативен пцр или антиген тест? Вакцинирани дме со две дози фајзер па дали треба плус тестови да правиме или не?
Ушче, Ада мол, Делта, Галерија, Рајичева, Биг Фешн, Бео шопонг центар, Меркатор..сигурно има уште некој Поголем избор има ама цените се како нашите.. Јас кога одам, одам за градот. Не толку за шопингот А зависи и кои брендови ти требаат..
Имам одено многу одамна и низ магла ми е. Сакам да одам оваа есен па да ми предложи некој сплав за вечерна забава ако знае. Дали е потребна претходна резервација. Центарот претпоставувам е оваа улицава Кнез Михајлова, па некој пристоен хотел? Ако некој оди често да ми даде такви хинтови , каде има денска кафе шема и сл.
За на сплавови обавезно да резервираш, меѓутоа и да нема место на еден сплав, ќе идеш на наредниот, па наредниот... Сите се наредени еден до друг. Што се однесува до кафе-шеми, имаш многу кафичи на самата Кнез Михајлова, како и во населбата Дорчол (стариот Белград), долу на Бетон Хала...
Скадарлија е улица со кафани, ако си љубител на кафани тогаш мора да отидеш. Инаку за близина, релативно блиску се местата; на пр. од Трг Републике (главниот плоштад) на една страна ти е Кнез Михајлова на друга ти е Дорчол. Скадарлија се наоѓа во Дорчол. Сплавовите и Бетон Хала се веќе малку подолу, на реката.