Хелооу убави девојки Пред се среќен празник, секој ден празнично третирани да сте Искуства за Белград Сакаме да одиме со две деца 3 и 6 години на викенд за Велигден Желбава за градов едвај ја прифатив од сопругов Не ме привлекува ама баш ништо или дека не сум била не знам што да очекувам. Читам ЗОО што др може да се посети, да напоменам немаме проблем од тоа да шетаме со деца и да де бркаме хаха
А со што ќе одите? Кола, автобус, авион? (засега воз нема, се обновува јужнот крак на пругата) Белград е голем, над 2 милиона жители, мене лично повеќе ми се допадна Софија од поблиските а Прага од подалечните. Но ако не сте биле до сега, или сте биле многу оддамна, може да биде интересен. Цените се слични како кај нас, ако сте по книги, стрипови на српски јазик, таму ќе бидат поефтини. 1€=117RSD што значи дека цените таму што ќе ги гледате во српски динари, ако ги преполовите ќе добиете колку е тоа приближно во денари. Ако планирате да користите градски превоз (трамваји, тролебуси и автобуси), тогаш во некој трафика/киоск купете си дневна или тродневна Бус Плус електронска неперсонализирана картичка (за разлика од пластичната скопска нивната е од картон). Цената на тродневната е 700РСД (околу 350 денари) за прва и втора зона, што ви е сосема доволно освен ако не одите до приградските населби или Авала планината каде има тв предавател на врвот. Еве неколку линкови со слики на места кои можете да ги посетите: Калемгедан како скопско Кале само поголемо и посредено. Кнез Михајлова ти е нешто како ул. Македонија, само подолга и поширока, има еден дел Плато летно време има џез свирки на отворено. Трг Републике е блиску а и белградската ул. Македонска, Теразије со Палата Албаније (првиот облакодер во Белград) а таму има и Мекдоналдс ако нешто ви значи, мада поинтересен е спроти Хотел Москва кој има фин кафе бар/бистро - користете ги подземните премини за безбедно поминување на улицата. Кружниот тек Славија (првиот Мекдоналдс бил отворен таму 1 9 8 8 ) исто така со истоимениот хотел, Ташмајдан парк, има огромен шопинг мол на Ушќу покрај р.Дунав. Скадарлија има многу ресторани и кафани, таму се собирале познатите српски уметници и писатели, по изглед нешто како скопското Дебар маало. Дом Синдиката е спроти Скупштина Србије (парламентот) има фино плоштадче со фонтана. Наброениве работи се во радиус од 1-2км. т.е блиску се една до други, отприлика половина час прошетка. Релативно поодалечени но сепак блиску се импозантниот храм Светог Саве покрај Народна Библиотека Србије. Кућа цвећа со мавзолејот на Тито. На децата можеби ќе им биде интересен Музеј Николе Тесле и Железнички музеј кој е блиску до сега веќе старата белградска железничка. Ако имате време тркнете со новиот брз воз до Нови Сад - гл. град на Војводина, се стига за 35 минути (наместо поранешните 2-3 часа) брзина околу 200км/ч. ама обично билетите треба да се земат неколку дена нанапред бидејќи брзо се распродаваат. Нови Сад е приказна за себе, друг менталитет, сè уште се чувтствува влијанието на Австро-Унгарија. Но и самото возење со возот е доживување за себе (доколку не сте се возеле некаде низ ЕУ веќе со таков брз воз).
Леле фала многу на деталниов опис ова ќе ни значи, инаку со кола планираме да одиме Се надевам ќе успееме ако не се дел да посетиме А пари се разменуваат таму или во мкд
Тука смени денари во евра, таму од евра во српски динари. Но провери менувачницата на приземје во Рамстор дали имаат српски динари. Курсот веројатно ќе биде понеповолен па ако имаат сменете колку да имате за патарина и тоалет, нешто сокчиња пауза ова-она попат. Низ градот за да не се малтретирате со гужви и паркинг ако сакате движете се со градски превоз и пеш, ако одите до Авала - со кола. Од станицата Вуков споменик која се наоѓа во паркот на Ћирило и Методије (попознат како Код Вука) до новата железничка станица (тнр. Београд-Центар која иако е во функција, сèуште се гради) има и урбана железница, демек белградското „метро„ ама не е вистинско метро, БГ-воз го викаат, не знам дали важат дневните билети.
Можете да отидете до „Београд на води“, има таму голем нов трговски „Галерија“ се вика. Баш е голем и интересен за деца. Ова како плус, ако не ви се погоди времето. Иначе супер се предлозите на дејлајт Посебно Кнез Михајлова и Калемегдан. Има многу цркви, ептен се интересни ако ве интересира таква архитектура и слично
@Classy Flare чекаме да ни раскажеш како си поминавте, што посетивте, како вам ви се допадна Белград?
Послеее долга пауза еве ме повторно, со измени во датумот за Белград. Одлучивме 3 дена за дочек на Нова година да одиме, сите ваши предлози ќе ги земам во предвид
Па добро, шта сте радили досад? Таман ќе ја видите новотворената железничка станица Београд - Центар која (позната и како Прокоп) која и не е баш во центар, за разлика од старата.
Ах, Белград, фаворит. Мои предлози: 1. Дочекот, односно "countdown" не пропуштај да се најдеш на Београд на вода ако сакаш да се почувствуваш на момент дека си пред Time Square - New York. Иако оригиналноста ќе биде Белград. Немој да снимаш, уживај во моментот. Професионално видео ќе излезе на YouTube. 2. Калемегдан и Кнез Михајлова ти се едно до друго. Осети ја Метрополата. 3. Музејот на илузии 4. Храм св.Сава. иако не сум религиозен градбата ме фасцинира. Една од 5те најголеми во светот. Привлечно а? 5. Одбери нешто и сама, немаме исти вкусови најверојатно Се надевам помогнав.
Здраво, дали знаете некое сместување во Белград, со нормални цени. И ако некој знае повратна автобуска карта Скопје-Белград колку чини?
Не знам дали веќе отиде... Сместување во центарот и околните населби е од 50 евра на вечер па нагоре. Порано беше доста поевтино ама со инфлацијата и Русите, белграѓани ги кренаа акциите. Во подалечните населби можеш да најдеш и поевтино, само сметај дека сите случувања се во центарот. Повратна автобуска карта мислам дека е 3.300 ден.
Ај да одговорам ,со автобус брзо се стига повратана карта преку ФУДЕКС што се наоѓа во железничка станица нова е 3200,плус имас гратис ако соберш 5 карти имаш 1 патување гратис..,собира патници и од КУМАНОВО.Автобусите се нови и со тоалети..Добро е што не си врзан со денови може да имаш отворена карта,и да бидеш 3 или 4 дена како ти се допаѓа.Смештај за 2 особи во хотел е 55 евра,земи во центар.,приватно е поевтино.,за да шеташ.Еднаш е малку за одење ,а БЕЛГРАД ,прекрасен.
Здраво Сакаме да одиме за Белград со 2 деца (12 и 2 год) што значи дека интересите и можностите за шетање ни се од крајност во крајност Планот е да сме сместени во центарот кај Трг републике (ама тоа уште не е потврдено) и остануваме 3 ноќи. Нешто читнав тука и добив идеа плус ама и искуство плус нема да смета. Сакаме да ја прошетаме Књаз Михајлова, Калемегдан и секако Скадарлија и се е близу како што гледам. Исто така желба е за ЗОО што мислам дека вреди. Во агенда го ставивме и музејот за чоколадо ама искрено незнам дали вреди или можеби има нешто поинтересно од ова? Јас би сакала и брзиот воз за Нови Сад да го фатиме барем на пола ден ама мислам дека ќе ни биде тешко изводливо. Исто така и куќата на цвеќето ми е желба само со деца ќе видиме дали ќе успееме. Би била благодарна за секоја сугестија
И ние ќе одиме месецов, ама освен ЗОО друго во план немаме сеуште Куќата на цвеќето не верувам дека ќе им биде интересно на децата Предлог од мене - музејот на илузии. Бевме пред пандемијата и мислам дека ќе ви биде интересно на сите. Се надевам дека уште работи.