@simona_baby ти благодарам. За големава сигурно би било убаво доживување, ама малово ко што ми е на струја мислам дека ќе скокне од брод @Anika55 го гледав и јас, баш сега и го зборев на големава. Музејот на Никола Тесла мене исто ми интересен ама децава не се стигнати до тој левел така да ќе го скокнеме овој пат Куќата на цвеќето знам дека за маливе е непривлечно, ама мене ми е желба да одам да ја видам зошто никогаш не сум била така да ќе правиме компромиси секако
Да одите.. Нема многу да се задржите, на најмалото нема да му е ништо интересно ама на поголемото може нема да му е досадно.. Не е толку неинтересно сакам да кажам а имаше и луѓе со деца ние кога бевме, прашуваа што е ова што е она.. Ние пола саат останавме, после чај пиевме долу..
Дали некој знае дали воопшто постои апликација како Uber за taxi? Ако не, како се движат цените стрикно за taxi , некој совет?
За тие што патуваат со автобус до или преседнувајќи во Белград, да знаете дека има нова главна автобуска станица која се наоѓа на Нов Белград (Нови Београд, Блок 42), не е повеќе таа во центарот кај старата железничка:
Дали некоја патувала со Фудекс бус до Белград? Дали е директна линија или застанува? Или е подобро со Ниш експрес?
Имам патувано со Фудекс неколку пати, но последно беше пред една година. Добро е што го фаќаш цел ден, но пристигнуваш накај 5 часот кога е се затворено освен едно местенце на станицата каде можеш да пиеш кафе додека чекаш да дојде понормално време. После можеш да одиш во Мек доналдс бодејќи не е далеку, тие отвараат рано накај 6-7.
Немој со Ниш Експрес. Тоа мачење никому не му го посакувам. Влегува во Куманово, Бујановац, Врање, Владичин Хан, Лесковац, Ниш и тек после Белград. 9 часа патување. Фудекс мислам дека е моментално единствена директна. 12 навечер трга од Скопје, а веќе 6/6 и нешто утрото е Белград.
Сакаме да го посетиме Белград на два дена, како попратна станица до наредната дестинација. Со план сме да летаме до Белград, да зедеме рентакар, да останеме таму две ноќевања, па да продолжиме. Сум била само на минување, градот го немам исшетано, па не ни знам кои би биле најатрактивни дестинации кои би ги посетиле во два дена. Ако имате предлози од типот плоштади, чаршии и сл. Не одиме за шопинг. Каде е најдобро да се букира хотел? Гледав строг центар, ми испаднаа Бристол, Цептер… Важно ми е да се блиску до некоја од знаменитостите оти најдобро би било пешки или со јавен превоз да се движиме. Благодарам и отворена сум за секој совет.
Во Белград обично се сместуваме во центар, на кнез Михајлова или околните улици. Ако одите сега, украсено е многу убаво, јас кога бев цело Калемегдан како шума беше направено како бајка навечер, за деца е супер. Ние со дете бевме во зоолошка што е поголема од Македонската ама не знам дали на твоите ќе им биде интересна. И беше интересно возењето низ град, ама ја носев у мај. Има убав парк кај железничката што беше. Има многу музеи за шетање, види што би ги интересирало.
Последно бев со ќерка ми пред неколку години. Бевме сместени на почетокот на Књаз Михајлова ама ја однесов на кафе и колачи во хотел Москва. Беше импресионирана и посака таму да се смести некогаш. Еве од мене како предлог.
Од хотели, разгледај ги: Belgrade Art Hotel, Mama Shelter Belgrade, Hotel Prince Rooftop, Maison Royale, Courtyard by Marriott Belgrade City Center. За поевтина опција, хостели: Hidden Gem Hostel Belgrade, Up Hostel, Balkan Soul Hostel, Hostel Bed & Coffee, Hostel Bongo. Овие сите ти се во близина на Кнез. Од апартмани разгледај ги Vida, ова ти е на самата улица Кнез и многу блиску за шетање до Калемегдан.
Во мај одам 5 дена во Белград. Меѓутоа два дена ќе работам од таму, другото ќе шетам. Можете ли да ми препорачате убави ресторанчиња со прифатливи цени, местенца за кафе, можеби и ако некој работел од таму да препорача некое убаво кафиче и што друго да се види? Бев пред три години ама сите 3 дена ни врнеше и малтене ништо не видовме. Ќе одиме со кутрето па само предлози на отворено
Генерално цените се повисоки од Скопје, ама може да се најде и нешто прифатливо. Зависи во кој дел си сместена, Земун и Дорчол се поевтини од Кнез Михајлова, Београд на води е најскапо. Ама и да си подалеку од центарот, не е страшно зашто јавниот превоз е бесплатен и лесно ќе стигнеш каде и да сакаш, кој и да прашаш ќе ти објасни. Такси не би ти препорачала, скапичко е. Иначе, ѕирни ги April Bar и Drip Specialty Coffee, на Дорчол се наоѓаат. Во Земун на кеј, Bistro Lamans ти е фино местенце, со поглед на Дунав и цените се пониски од Центар. На Кнез, фино местенце ти е Boutique, убава храна и пијачки имаат. Друго вака, Мекдоналдс и Старбакс, класика. А за шетање, Калемегдан на зајдисонце е преубаво, храмот Свети Сава е преубав исто, зоолошката на Кнез, Београд на води. Овие се така најпознати туристички атракции, а други убави места ти се Кошутњак, тоа е малку надвор од центарот, ако сакаш да избегаш од гужви. Топчидер парк исто е блиску до Кошутњак. Земун паркот и кејот, веќе ти спомнав. Ташмајдан парк и Ада Циганлија можеш да ги ѕирнеш исто. На Дорчол малите улички и кафичи се интересни. За шопинг, може знаеш ама Галерија молот на Београд на води, огромен е и има поголем избор него кај нас. Мислам дека е пет френдли. Рајичева мол на Кнез, мал е ама се наоѓа по нешто, а и цела Кнез Михајлова ти е со продавници. Малку подалеку од Центар, имаш цел комплекс со продавници, Пепко, Икеа, Синсеј, а има и аутлет за патики и спортска опрема и можеш да си најдеш лански / постари модели по пониски цени од стандардните. Тоа е тоа од прилика, ако нешто сум пропуштила а те интересира, слободно пиши. Белград ми е омилен град, го обожавам.
Ти благодарам мнооогу на убавите препораки Ќе пробам да видам/посетам сѐ. Сместени сме одма кај Никола Тесла музејот, не знам точно локациски каде би било тоа, меѓутоа ќе бидеме и со кола а и пеш нема да е проблем да се пооди.
Супер локација, Врачар е тоа и не си многу далеку од Центар. Од прилика, 20 минути пешки од Кнез, така да ќе можеш да прошеташ повеќе локации. Супер е чим сте со кола, е сега може малку да заглавите ако ве фати гужва пошто Београд е малку хаотичен, ама не е страшно. Пешки најубаво, мај е идеално за шетање пешки, ако си по пешачењето. Убав провод ти посакувам, баш пиши како си поминала.
Местата за шетање најпопуларни ти ги кажаа погоре.. Мислам дека Штрик кафе ќе ти се допадне посети го, за кога ќе работиш, кафич и книжара, тивко е внатре, кучињата исто се дозволени, цените се средни... И блиску ти е на 15 мин. За шетање Мањеж парк и Ташмајдан ти се на 10- 15 мин. Црквата Св. Сава ти е исто блиску. За шопинг Кнез Михајлови улицата полна е со продавници и кафичи. И штом одиш во мај пробај ги сладоледите во Црна Овца, малку може и скапички се околу 200 денари наши мислам.. Ама кај и да појдеш на гугл мапа отвори и имаш рута со гратски превоз бесплатен е.