Каде и да одам во Србија, во глобала плаќам со картица ама за секој случај си носам и кеш нешто поситно. Таму ги мењам, на Кнез Михајлова имаш повеќе менувачници.
Да, од тука евра па таму во динари. Не ми текнало да прашам по менувачниците низ Скопјево дали имаат динари. Сигурно има, ама претпоставувам курсот не би бил ист.
Означувај ме. Ако не знам нешто - ќе прашам луѓето шо ми се таму. Во центарот ја имаш Вулкан, на три спрата е едната, а подолу имаш уште една иста. Феноменално нешто. Исто на плоштад имаш една како кафич воедно, т.е. две такви се, само ќе треба да ги ископам имињата. Ама нема да ги промаршиш вервај. Едната е подолу кај молот. Едната е погоре од спротивна страна. За парите, јас плаќам со картица ама пошто сакам да одам во Кинески молови каде нема терминал - си прам неколку евра, колку шо мислам дека ќе ми требат таму, и тие евра Белград ги менвам во динари и ги користам. Се друго картица. Скоро сегде има, сем вака во некои специфични места - сегде има терминал. edit. Ги барам книжарите па ќе апдејтирам мислењево: Ова е исто многу голема книжара, од тие шо ги спомнав погоре. Исто има многу естетски кафич да се одмориш. Јас најдов книги намалени ко бев земав неколку баш од тука. И од Вулкан. Другата ја барам, ама овој пат не бев таму оти поќе ко кафич ја перфепирам ќе пробам да ја најдам и неа и ќе се апдејтирам ако ја најдам.
@theowndemon на Bookastore да не мислиш? Мене таа ми е најомилена, многу ги сакам Booka изданијата. Две книжарници имаат Booka, едната им е баш како кафуле, со надворешен дел за пиење кафе.
Не, баш барав Белград книжара кафиња ама ни една не препознав. Пробав и со гугл ленс од слики шо имам. Никако не можам вторава да ја најдам.
Важи. Најкасно следно одење ќе апдејтирам. Проблемот е шо таму седев со нашинци, и заедно се вративме МК. Барем еден од тамошните да беше со нас на кафе ќе ги контактирав да ми кажат кај бевме. Ќе пробам да ископам други слики за reverse search. Сем ако апла не ја препознавам, то ќе биди срамота.
Проблем е шо ми личи најмногу на Букмаркер од сликите шо ги листав. Ама на мапа мислам дека е подалеку, јас буквално в центар се движам, на она ко U шо е на мапа. Седам в центар, се движам в центар. И ова е в центар ама мислам дека не беше кај ова шо е. Близу музеј на Илузија, зошто тогаш седев таму и ми беше еден подвожњак оддалеченост. Требаше и овој пат да одам, поќе совреме си ги средив локациите и белешките и ништо не загинав, вклучително и сама не се загинав. Ама од претходниот пат ... Пишав и на другар дали знај името јебига, или дали препознава од сликите од градби која е, оти јас ја памтам само внатре (делот шо ми беше убав) и дур барав гледав внатре какви се, од надвор скроз не ми менва, немам меморија. Потрага по книжара. ТЛДР. Ми личи на Букмаркер, мислам дека не е.
Ме подазмисли сега, од прееска мозгам и освен овие што ги наброја не ми текнува на друга книжара таму. Гуглав и јас, дури и ChatGPT го прашав кои книжари се во близина на музејот и он истиве ми ги кажа. Вулкан, Академија, Букмаркер и Делфи, тие само ми ги дава. Некоја слика имаш да постираш па од сликата некако да препознае за кое место се работи? Фикс идеи имам, знам ама ме копка и мене која е, обожавам такви естетични места.