Хахах Срцекршака да не сме роднини ние случајно . И јас имам таму белег и тотално ист белег имаат скоро сите по на татко ми фамилијата дури до втори братучеди.
јас имам белег од левата страна на ногата горе во малку потемна боја од кожата, не знам ни јас каков вид како кругче е и внатре има 4 знак лепоти од роџење ми е тоа така
јас имам белег на левото уво пред ушната школка имам едно испапчено од мевце срце ми рекоја дека можи да се сечи ама јас си го сакам и сите ме знаат по тој белег
Еее јас имам 3 белега...мама многу крадела ... :Р едниот ми е на левата нога кај колкот и е зрно од кафе и е темен, другиот ми е на кичма и е некоја не дефинирана форма и светол е, и третиот ми е исто таму некаде на колкот и е кругче ама мн е светол не се ни приметува.Супер ми се белезите особено зрнцето кафе :Р
Јас имам на левата нога, и е отцртана глава на човек со отворена уста, долг нос, злобен поглед. Незнам што направила мајка ми. Anyone?xD
Јас имам белег на гроздак(мама кога била бремена со мене украла грозје,и тосле крадењето се фатија за летата нога и на местото кај што се фатила јас имам белек од гроздак(не ногу голем))
Јас на десната нога околу 10цм над коленото имам тн. знак лепота. Порано ми беше срам, ама сепак, мајка природа ми го направила тоа, нема тука срам, не сум јас крива.
јас имам на левата нога доле кај глуждот дури не приметлива ружичка и не ми се приметува а многу си ја сакам море море што е ова се бележани
Имам и јас белег на раката и бев и на лекар да видам дали може да се отстране, и ми викат не е ништо страшно, можело ласерски да се отстране, ама да не се десело неш ова-она, па затоа да не го 4епкаме, а пошто знам колку а разбират овие нашите лекари (со исклу4ок на оние што стварно си ја работат работата) си викам дај да не си правам од готовото, вересија, оти немој да се десе после неш и така...сеа уш си го имам белегот, ама си неам проблем со тоа си се навикнав...
Мајка ми непослушка, крадела сливи од кај комшиите се почешала за левата нога под коленото надесно и јас таму имам светлокафен кос белег слива 2 цм Имам и милиметарски на грбот исто слива ама ич не се познава и многу е светол Инаку, белег мислам на како дамка мазна немам никаков израсток и слично
Јас имам под Спојлер газето на левата нога, светла боја и ми се познава само кога ќе се исунчам, нема некоја особена форма, може до душа како мало лешниче
Море вие сите на раце, нозе евентуално грб или врат а јас имам белег на Спојлер ци*кава лева и нема одредена форма, ко круг е, светло кафена боја. И го мразам.
Јас имам белег на вратот, не е темен туку бел белег во форма на дрвце или брокула. Мене лично не ми смета, а и не ми се познава којзнае колку.
јас имам белег од слива на грбот ама е многу мал а на раката имам огромно грозј есто понекогас многу го мразам и многу ми смета
јас имам ружичка на десната рака, ептен малецко е светло розево, едвај и се приметува и воопшто не ми смета
Јас па не си го сакам белегот на телото. Покрај многу бенки и пеги уште белегов ми фали. И се наоѓа на лошо место. На левата нога, позади, негде на средина на горниот дел од ногата. И кога носам суќничка многу се познава. А формата не можам да ја дефинирам. А и не сум го проучувала толку, бидејќи назад е.
Јас имам мал белег на левата нога, мал и не знам точно која форма е. а имам белег и на десната нога позади (брат ми го има истиот тој белег на врат) и во зима ни се смалува во лето се шири